Регион
Полицијата во Истанбул со гумени куршуми растури собир на жени
Полицијата на турскиот мегалополис Истанбул употребила гумени куршуми за растурање на собирот на неколку стотици жени кои се собраа во центарот на градот по повод претстојниот Меѓународен ден на жената, пренесуваа во неделата агенциите.
Неколку стотици жени, скандирајќи пароли, излегле во неделата на плоштад во центарот на Истанбул со виолетови плакати, кои ги симболизираат движењата за правата на жените. Демонстрантките сакале да го свртат вниманието на јавноста на положбата на жената во турското општество.
Истовремено и во турската престолнина Анкара по истиот повод на протести излегле неколку десетици жени.
Една демонстрантка, според непотврдени информации, наводно е уапсена во Истанбул, каде што акцијата претходно беше забранета од тамошниот гувернер. Според него забраната се однесува на безбедносни причини, односно можен терористички напад, но според организаторите таа го покажува „очајот“ на владата.
„Секогаш покажуваме дека ќе бидеме на улиците по повод осмомартовските демонстрации и секогаш и никогаш нема да се повлечеме. Ниту полицијата, ниту владата не можат да не спречат“, изјавила еден од организаторките на неделниот марш за Reuters.
Организациите за женски права во Турција се борат за родова еднаквост. Земјата беше рангирана на 125-то од 140 земји според индексот на јазот меѓу половите за 2014 година. Само 28 отсто од жените во Турција се вклучени во работната сила, во споредба со просекот од 63 отсто во Европската унија.
Покрај тоа, во извештајот за семејното насилство во 2014 година во Турција, се наведува и дека 40 отсто од турските жени биле физички малтретирани, барем еднаш во животот.
Активистките за женските права се особено гневни по изјавата на исламско конзервативниот претседателот Реџеп Тајип Ердоган кога кажа дека мажите и жени не се еднакви, а неговиот сопартиец министерот за здравство Мехмет Муезиноглу препорача дека најдобрата професија за жените е мајчинството./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.