Контакт

Регион

Полјак уапсен во Грција поради шпионажа на американска воена база

Објавено пред

Полски државјанин е уапсен во Грција под обвинение за шпионажа на воена база на Крит што ја користат американските сили, објави новинската агенција АНА.

Полицијата се сомнева дека 58-годишникот фотографирал бродови што влегуваат во базата. Мажот, кој беше уапсен во четврток, ги негираше сите обвиненија, објави Ал Џезира.

Кон крајот на минатиот месец, бродот „УСС Џералд Р. Форд“, најголемиот носач на авиони во светот, исто така помина низ базата Суда на Крит. Ова не е прво вакво апсење во последно време.

Претходно овој месец, на 2 март, грузиски државјанин беше уапсен за шпионажа на истата база.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Еден од загинатите управувал со едрилицата во моментот на судирот, јавуваат хрватските медиум

Објавено пред

Во истрагата за тешката поморска несреќа кај Сплит, во која загинаа четворица чешки државјани, се појавија нови неофицијални информации според кои во моментот на судирот со катамаранот, на кормилото на едрилицата наводно не бил скиперот, туку еден од загинатите патници.

Според хрватските медиуми, полицијата ќе ги испита сите преживеани од едрилицата, како и членовите на екипажот и патниците од катамаранот кои би можеле да имаат информации за околностите на несреќата.

Неофицијално, француски државјани кои се наоѓале на блиска едрилица го снимиле моментот на судирот, а снимката би можела да биде важен доказ во истрагата.

Според досегашните информации, двете пловила се движеле во правец кон Хвар, а едрилицата непосредно пред несреќата наводно го сменила правецот на движење.

Наредени се токсиколошки анализи за скиперот на едрилицата, како и за командантот и првиот офицер на катамаранот. Исто така, ќе биде извршена обдукција на загинатите и дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата.

Потонатата едрилица, која се наоѓа на длабочина поголема од 50 метри, ќе биде извлечена за детална техничка проверка.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Нема да владеам ниту еден ден без легитимитет

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги отфрли шпекулациите во дел од медиумите дека по евентуално поднесување оставка планира да ја преземе функцијата премиер преку реконструкција на Владата.

За време на официјалната посета на Грузија, Вучиќ изјави дека такво сценарио нема да се случи, нагласувајќи дека не се плаши од избори и не сака да владее без легитимитет.

„Веднаш да ви кажам – тоа нема да биде случај. Не се плашам од избори и не сакам да владеам ниту еден ден без легитимитет“, рече Вучиќ.

Тој оцени дека неговите политички противници и дел од опозициските медиуми се занимаваат со, како што рече, „математички политички инженеринг“ и шпекулации за можни политички сценарија.

„Една од теориите што денес ја пласираа нема да биде така“, изјави Вучиќ, додавајќи дека најважно е што ќе одлучат граѓаните на изборите.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Извлечено и четвртото тело од потонатата едрилица кај Сплит, следува вадење на пловилото

Објавено пред

Надлежните служби во Хрватска продолжуваат со истрагата за тешката поморска несреќа во Сплитските Врата, во која загинаа четворица чешки државјани, додека паралелно се подготвува сложена операција за вадење на потонатата едрилица од морското дно.

Хрватските нуркачи денеска ја пронајдоа олупината на едрилицата на длабочина поголема од 50 метри, а во нејзината кабина било пронајдено и четвртото тело по кое се трагаше. Телото е извлечено, а надлежните институции продолжуваат со собирање докази и утврдување на околностите на несреќата.

Капетанот на Сплитската капетанија, Жељко Куштера, изјави дека вадењето на едрилицата претставува технички сложен зафат кој бара детални подготовки и координација со сите надлежни служби.

Несреќата се случи вчера околу 11:38 часот во Сплитските Врата, меѓу островите Шолта и Брач, кога се судрија катамаранот „Крило Еклипс“ на компанијата „Капетан Лука Крило“ и едрилица под француско знаме на која се наоѓале осум чешки државјани.

По судирот едрилицата потонала. Четири лица го загубија животот, а четворица биле спасени од морето и пренесени во Клиничкиот болнички центар во Сплит. Според досегашните информации, нивната состојба е стабилна и се надвор од животна опасност. Во моментот на несреќата на катамаранот имало 118 патници и седум членови на екипажот.

По несреќата се огласи и компанијата „Капетан Лука Крило“, која изрази сочувство до семејствата на загинатите и соопшти дека активно соработува со надлежните институции во истрагата.

Точните причини за судирот сè уште не се утврдени. Истрага спроведуваат полицијата, државното обвинителство и Агенцијата за истражување несреќи во воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај, а според хрватските медиуми, во постапката би можеле да се вклучат и чешки истражители бидејќи жртвите се чешки државјани.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт10 минути

Од 50.000 до 2 милиони следбеници за неколку часа: Возиња по дуелот со Шпанија стана стана интернет ѕвезда

Голманот на Зеленортските Острови, Жозимар Жозе Евора Дијаш – Возиња, преку ноќ стана една од најголемите ѕвезди на Светското првенство...

Спорт20 минути

Сензација на Мундијалот: 40-годишниот Возиња со 7 одбрани ја „заклучи“ мрежата против Шпанија

Ниту Лионел Меси, ниту Ламин Јамал, ниту Ерлинг Холанд, ниту Рафиња… најголемата сензација на почетокот на Светското првенство е 40-годишниот...

Спорт32 минути

Работел како банкар, повик во репрезентацијата добил преку социјална мрежа, а денес ја шокираше Шпанија

Повикот за репрезентацијата го добил преку социјалната мрежа LinkedIn додека работел како банкар во Даблин, а денес поранешниот ирски службеник...

Топ52 минути

Пронајдено тело на 20-годишно момче во Охридското Езеро

Тело на 20-годишно момче било пронајдено во водите на Охридското Езеро кај Машка плажа во Струга. Случајот бил пријавен во...

Свет60 минути

Трамп за Иран: Се’ е потпишано, многу сум среќен

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е потпишан договор со Иран со кој се предвидува целосно отворање на стратешки важниот...

Свет1 час

Трамп: По Иран ќе се фокусирам на Украина

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека по постигнувањето на договорот со Иран, вниманието ќе го насочи кон војната во Украина...

Спорт2 часа

Маурицио Сари ја презеде Аталанта

Италијанскиот стручњак Маурицио Сари е новиот тренер на Аталанта, објави денес клубот од Бергамо. Сари го замени Рафаеле Паладино на...

Спорт2 часа

(Видео) Прва сензација на СП – Зеленортските острови освоија бод против Шпанија

Дебитантите на светските првенства, Зеленортските острови ја режираа првата вистинска сензација на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Во Атланта,...

Свет2 часа

Трамп пристигна на Самитот во Франција, Макрон не го пречека лично

Американскиот претседател, Доналд Трамп, пристигна на Самитот на Г7 во француското одморалиште Évian-les-Bains, каде што светските лидери ќе разговараат за...