Контакт

Регион

Поради штрајкот во електростопанството делови од Грција без струја

Објавено пред

Делови од Грција ноќта во четвртокот останаа без електрична енергија откако работниците во електростопанството започнаа уште еден во низата 48-часовни штрајкови против владините планови за продажба на удел од најголемиот произведувач на електрична енергија во земјата.

Делови од грчката престолнина Атина, зафрлени села на Крит и области во јужниот и северниот дел од земјата остана без електрична енергија еден час откако 13 електрични централи беа исклучени од мрежата доцна вечерата, соопштија од електродистрибутивната агенција DEDDIE.Либерализацијата на енергетскиот сектор е клучниот услов што меѓународните доверители Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ѝ го поставија на Грција во рамките на програмата за помош во износ од 240 милијарди евра. Грчкиот парламент расправа за законот кој на владата во текот на следната 2015 година и ѝ овозможил приватизација на компанијата „Public Power Corporation (PPC)“ со издвојување од 30 отсто од нејзината вредност.Синдикатите тврдат дека електричната енергија е јавно добро коешто треба да остане под контрола на државата. Околу 800 вработени на PPC се собраа пред седиштето на компанијата во центарот на Атина од каде се упатија кон зградата на министерството за финансии, протестирајќи против приватизацијата./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Загрижувачка епидемиолошка состојба во Подгорица, 118 активни случаи

Објавено пред

Членот на медицинскиот штаб и директор на здравствениот центар во Подгорица, Небојша Кавариќ, не ја исклучи можноста за затворање на главниот град на Црна Гора, каде што во моментов се активни 118 случаи на инфекција со коронавирус.

„Загрижувачка е епидемиолошката состојба и растот на бројот на пациенти во Подгорица. Доколку граѓаните не се одговорни и не ги намалат нивните дневни обврски, ние ќе и предложиме на НКТ да воведе дополнителни мерки за подрачјето на Подгорица“, рече Кавариќ за Радио Црна Гора.

„Ќе го предложиме тоа за да се спречи понатамошна ескалација на бројот на заболени, што може да ја загрози функционалноста на здравствениот систем“, рече Кавариќ, потенцирајќи дека тој не ја исклучува опцијата за затворање на главниот град, иако тоа е во доменот на епидемиолошката служба, пренесуваат „Вијести“

Тој препорачува услугите на угостителските објекти граѓаните да ги користат само кога е апсолутно неопходно, со препораки што важат за сите други затворени објекти, како на пример носење маска, растојание и миење раце.

Во последните 24 часа, во Црна Гора се регистрирани уште 61 случај на вирус ковид-19, од кои повеќето се од Рожаје, објави црногорскиот Институт за јавно здравје.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) ХДЗ слави, освоија 70 мандати на изборите во Хрватска

Објавено пред

Објавени се првите неофицијални резултати од изборите во Хрватска, по затварањето на гласачките места во 19 часот. Според 43, 91 отсто од обработените гласачки ливчиња, ХДЗ на Андреј Пленковиќ има освоено 70 мандати.

Коалицијата Рестарт има 42,  Домовински покрет 15 мандати, Мост 6, платформата Можеме 5, реформистите – 2, коалицијата Паметно/Фокус/ССиП – 2 мандати и ХНС – едно  пратеничко место.

Од Домовински покрет на Мирослав Шкоро велат дека освоиле 16 мандати и испратија јасна порака на ХДЗ дека нема да има влада без нив.

Во Хрватскиот сабор има 151 пратеничко место.

Прикажи повеќе...

Регион

Излезни анкети во Хрватска: ХДЗ освоил 61 мандат, СДП – 44 мандати

Објавено пред

Според излезните анкети на хрватските парламентарни избори, ХДЗ освоил 61 мандат, а коалицијата „Рестарт“ на СДП – 44 мандати, јави ХРТ.

Според излезните анкети,исто така освоија места во хрватскиот парламент и Домовински покрет кој има освоено 16 пратенички места, коалицијата „Можеме“ (8), Мост (8) и Партијата со име и презиме (3).

Излезната анкета е спроведена на 21.575 испитаници во сите десет изборни единици во Република Хрватска.Првите официјални, привремени резултати се очекуваат околу 9 часот. (крај)

Прикажи повеќе...

Најново

Култура13 минути

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија15 минути

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјава

Бројот на заразени од коронавирус во земјава надмина 7.000 лица, откако вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментов активни се...

Регион15 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион16 часа

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава17 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет18 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт19 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија19 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ20 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија22 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија22 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ23 часа

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа24 часа

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет1 ден

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет2 дена

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија2 дена

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа2 дена

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија2 дена

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион2 дена

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија2 дена

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Досие