Регион
Поранешниот романски премиер останува без докторска титула заради плагијат
На поранешниот романски премиер Виктор Понта ќе му биде одземена докторската титула откако денеска било утврдено дека неговата дисертација е плагијат.
Романскиот Национален совет за потврдување на титулите, дипломите и сертификатите потврдил со убедливо мнозинство на гласови претходната одлука за поништување на тезата, а министерот за образование формално на Понта ќе му ја одземе титулата.Научното списание Nature објави 2012 година текст во кој се наведува дека повеќе од половината на докторската дисертација на Понта за Меѓународниот кривичен суд, напишана во 2004 година, е плагијат на трудовите на двајца романски професори по право.Понта го негираше плагијатот, но призна дека не секогаш ги наведувал изворите на цитатите во фусноти.Тој во ноември минатата година поднесе оставка на функцијата премиер, по масовните протести што избувнаа по инцидент во ноќен клуб, во кој смртно настрада 64 луѓе.Романските политичари често се на мета на обвинувања за плагирање на академските трудови. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Државниот хрватски инспекторат повлече KitKat чоколада од продажба
Државниот хрватски инспекторат го повлече од пазарот производот Nestle KIT KAT Mini Waffle поради присуство на минерални масла, извести Хрватската агенција за земјоделство и храна, пренесе Индекс.хр.
Како што објаснуваат во соопштението, станува збор само за Nestle KIT KAT Mini 200 грама во кесичка (производ од вафли прелиен со млечно чоколадо), серија 40580734, со рок на употреба 01.2025 година.
Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а производот е пласиран на пазарот од Nestle Adriatic d.o.o., Загреб, Хрватска.
Регион
Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите
И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето
Потрагата по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ од Бањско Поље, кај Бор, продолжува трет ден, а полицијата ќе ги проверува базните станици и ќе ги прегледа мобилните телефони на родителите, за да потврди со кого биле во контакт во периодот кога девојчето исчезнало.
Продолжувањето на потрагата ќе се изврши оперативно, откако е утврдено дека девојчето не е на 10 квадратни километри од местото на исчезнувањето.
Полицијата ќе ги испрашува и луѓето кои биле во близина непосредно пред или по исчезнувањето на девојчето, со цел да се утврдат детали кои можеби биле пропуштени во текот на истрагата која е во тек.
Исчезнувањето на двегодишното девојче за првпат го активира системот „Најди ме“ во Србија кој е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице.,
Данка Илиќ (2) има кафеава коса, кафеави очи и е висока околу 85 сантиметри. На денот на исчезнувањето носела виолетови панталони и јакна во маслинесто зелена боја.
Регион
„Се плашам дека е киднапирана“, рече дедото на исчезнатото девојче Данка
Дедото на исчезнатото девојче Данка Илиќ (2), кое пред повеќе од 27 часа беше изгубено во приградската населба Бањско поле во околината на Бор, за телевизија Блиц изјави дека „низ главата му поминува можноста детето да е киднапирано“.
„Се уште се надевам дека е жива, но неверојатно е никој да не може да ја најде меѓу толку луѓе. Само една опција ми паѓа на ум, дека е киднапирана. Но, не можам да тврдам. Жандармерија, дронови, хеликоптери, цела Србија беше тука и сите ја бараа. Луѓето беа на еден метар еден од друг и никој не може да ја најде“, изјави Милан Илиќ.
Тој рече и дека го плаши фактот што бугарската граница е блиску.
„До бугарската граница преку новиот пат се стигнува за 45 минути, најмногу еден час. Не е точно дека се потребни пет часа, како што кажа некој утринава на телевизија. Кладово е веќе многу подалеку, оддалечено е 150 километри, но Бугарија е многу блиску“, рече тој.