Регион
Повеќе Грци против мерките за штедење отколку за
Истражувањето на јавното мнение во Грција изминатите денови покажало дека повеќе Грци се против мерките за штедење кои ги бараат доверителите во замена за продолжување на финансиската помош на земјата, како и дека односот кон референдумот што го закажа левичарската влада брзо се менува а резултатите се непредвидливи, според заклучокот на анкетата спроведената од порталите.
На неделниот референдум против условите кои доверителите ги поставуваат пред Грција би гласале меѓу 46 и 54 отсто, според анкетите објавени во средата во повеќе медиуми,, додека мерките за штедење би ги поддржале меѓу 33 и 37 отсто избирачи. На референдумот имаат намера да излезат 86 отсто од избирачите.
Во однос на анкетите спроведени пред воведувањето на ограничувањето на протокот на капиталот и дневното количество готовина кое може да се подигне од сметките на 60 евра по картичка во еден ден, разликата меѓу оние коишто се „за“ и „против“ мерките за штедење благо се намалуваат.
Претходно против мерките неа 57 отсто, за беа 30 отсто, додека неодлучни беа 13 проценти од испитаниците. Притоа се истакнува дека мерките за штедење ги поддржуваат невработените Грци.
Во моментов, по објавувањето на ограничувањето, процентот на противниците на штедењето е намален за 46 отсто, а е зголемен на 37 отсто на оние кои ги поддржуваат. Се зголемил, исто така, и бројот на оние кои во анкетата одговориле со „не знам“ на 17 отсто.
Според истражувањето направено од неколку уредништва, 50 отсто од испитаниците се согласуваат со одлуката да се одржи референдумот, а 38 проценти сметаат дека е штетен. На изјаснувањето на 5-ти јули ќе се појават 86 проценти од испитаниците, а нема да излезат 8 отсто, додека 6 проценти сé уште не се одлучиле. Од оние кои ќе излезат на гласање 54 отсто ќе гласаат со „не“ за предложената програма на доверителите, додека „за“ ќе гласаат 33 отсто, а 13 отсто не дале одговор или рекле дека уште не донеле одлука.
Кога станува збор за односот кон референдумот во зависност од партиските ставови, меѓу гласачите на владејачката коалиција на радикалната левица Сириза 77 отсто се изјаснуваат како поддржувачи на „не“ а 15 отсто на „да“. Поддржувачите на десноцентристичката Нова демократија, пак, 65 проценти ќе го подржат прегледот на доверителите а 22 отсто не го поддржуваат. Партијата „Тима“, која нема своја идеологија, 68 отсто се „за“ а 21 се „против“. Кај симпатизерите на Комунистичката партија 57 проценти се „против“ и 20 отсто „за“. Меѓу гласачите на националистичката Анел (Независни Грци) која е дел од владејачката коалиција, 60 отсто ќе гласаат со „не“ а 31 проценти со „за“. Во социјалистичкиот Пасок, 65 отсто се „за“ и 21 се „против“ договорот, а, пак, меѓу гласачите на неонацистичката Златна зора 80 отсто ќе гласаат „не“ а 20 отсто „за“ предлогот на доверителите./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.