Регион
Повеќето Хрвати би гласале против или не би гласале на референдумот за двојазичност
Референдумот за двојазичност на кој хрватските граѓани треба да се изјаснат за предлогот за рамноправна употреба на јазикот и писмото на националните малцинства, доколку малцинствата чинат половина, наместо третина од населението на некое подрачје, не би поминал поради тоа што повеќето би се изјасниле против или не би излегле на референдумот, покажало истражувањето на хрватскиот институтит „Иво Пилар“.
Резултатите од истражувањето за едно од жешките хрватски политички прашање не одат во прилог на заговорниците за зголемувањето на потребниот удел на националнит малцинства на половина од населението, бидејќи поголем број од испитаниите, односно 34 проценти, се изјасниле дека тоа прашање треба да остане регулирано како што е и досега, пренесуваат хрватските медиуми.
Освен тоа, 20,2 проценти од испитаниците одговориле дека воопшто не би гласале на референдумот, а 25,7 проценти одговорила дека се уште не знаат дали ќе гласаат или не.
Од друга страна, за предлогот националните малцинства да можат рамноправно да се служат со својот јазик и писмо, доколку чинат половина од населението на некое подрачје, се изјасниле дури 19,1 процент од испитаниците.
Што се однесува до ситуацијата во Вуковар, одговорите биле различни, бидејќи мнозинството таму се противи на поставувањето на двојазични табли во овој град.
Против таблите со латинични и кирилични натписи во Вуковар се изјасниле вкупно 64,4 отсто од испитаниците, а 38,3 про центи од нив сметаат дека Вуковар треба трајно да се откаже од двојазичните натписи, додека 26,1 отсто сметаат дека треба да се почека со донесувањето на одлуката.
Процентот на оние кои безрезервно ги поддржале двојазичните табли бил 6,1 проценти, додека оние кои го поддржуваат воведувањето на двојазичните табли, но со внимателна постапка, биле 12,1 отсто.
Граѓанската иницијатива „Стожер за одбрана на хрватски Вуковар“, кон почетокот на месецот соопшти дека собрала доволно потписи за распишување референдум за двојазичност, а сега останува на хрватскиот Сабор да одлучи дали до Уставниот суд ќе поднесе барање за оценка на уставноста на референдумското прашање или ќе одреди датум за одржување на референдумот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.
Регион
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ го откажал полномошното на адвокатот
Небојша Живановиќ, адвокатот на Радослав Д., таткото на Дејан Д., кој е осомничен за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, за Танјуг изјави дека неговиот клиент го откажал полномошното.
Радослав Д. е осомничен дека му помогнал на својот син да го премести телото на девојчето од депонијата на засега непозната локација.
Со оглед на тоа што го откажал полномошното на избраниот бранител, сега треба да му се определи бранител по службена должност на Радослав Д.
Биолошкиот брат на осомничениот Дејан Д., Далибор Д., почина на 7 април во Полициската станица во Бор, каде беше осомничен дека му помогнал на својот брат да го скрие телото на двегодишното девојче.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки и информации ги уапси Срѓан Ј. и Драган Д. од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.
Телото на девојчето се уште не е пронајдено.