Регион
Припадничка на PKK осомничена за нападот во Анкара
Припадничка на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) е една од двајцата осомничени извршители на бомбашкиот напад од неделата вечерта во центарот на турската престолнина Анкара во кој загинаа 37 лица, соопштија во понеделникот безбедносни извори на Турција која прогласи полициски час во југоисточниот курдски дел од земјата и започна поинтензивни бомбардирања на позициите на курдските герилци во земјата и во северен Ирак.
Нападот изведен во неделата навечер со автомобил бомба кој експлодирал меѓу два автобуса недалеку од зградата на министерствата за правда и за внатрешни работи и една од канцелариите на премиерот, е втор ваков напад во центарот на турската престолнина во последните месец дена. Тогаш во нападот со автомобил бомба во центарот на Анкара во близина на штаб на турската армија загинаа 29 луѓе, најмногу високи офицери кои се превезуваа со воени автобуси.Според турското министерство за здравство, во неделниот атентат загинале 37 луѓе, меѓу кои најмалку еден терорист, а ранети се 125 луѓе, од кои 71 се задржани на болничко лекување а меѓу нив повеќе од десет се во критична состојба.Според турските медиуми, кои пренесуваат извори од истрагата, пронајдени се докази дека еден од бомбашите била членка на PKK, според отпечатоците на палците идентификувана како Сехер Чагла Демир, родена 1992 година во курдскиот град Карс. Таа претходно била ставена под полициски надзор во врска со членство во забранетата курдска организација и пропагандана терористичка активност, била изведена на суд но во недостиг од докази била ослободена. Според турски безбедносни извори, Демир ѝ се придружила на PKK во 2013 година.PKK во својата борба досега директно ги напаѓаше само турските безбедносни сили и истакнува дека не напаѓа цивили. Се коментира дека доколку сега би ја преземал одговорноста за овој напад, тоа би значело дека курдските герилци ја промениле тактиката. Истовремено претставникот на Националниот конгрес на Курдистан во Москва, Салахатин Соро изјави за агенцијата РИА дека PKK нема поврзаност со атентатот во Анкара, бидејќи во него не се за забележува „нејзиниот ракопис“. Меѓутоа, предупредува дека Турција може да го искористи нападот за да оправда воени интервенции во соседните земји каде што, исто така, има големи курдски заедници, како северните делови на Иран и на Сирија.Милитантите од малата курдска група Јастреби за слободата на Курдистан (ТАК), порано поврзана со забранетата во Турција Работничка партија на Курдистан (PKK) ја презема одговорноста за експлозијата која одекна на 23-ти декември на аеродром во Истанбул во која загина едно лице, како одмазда за операцијата на турската армија во курдскиот југоисток за земјата. Истата ултрарадикална група, за која турските власти сметаат дека и натаму е поврзана со PKK, ја презема и одговорноста за претходниот напад со автомобил бомба од 17-ти февруари извршен неколку улици подалеку од неделниот.По нападот во Анкара, турските борбени авиони во понеделникот утрото ги нападнаа камповите на PKK во северен Ирак. Единаесет борбени авиони учествувале во воздушните удари во областа Кандил, во планините на крајниот север од Ирак, каде што постојат сомневања дека се вкопани челниците на PKK, која САД и ЕУ, исто така, ја ставија на листата терористички организации.Прогласен е и полициски час во југоисточниот град Сирнак, поради воени операции кои се водат во самиот град изминатите месеци, во кој според курдски и некои турски извори имало и многу цивилни жртви./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.
Регион
(Видео) Прашина од Африка стигна во Грција: небото над Атина стана портокалово
Небото над Атина, главниот град на Грција, стана портокалово поради огромните облаци од прашина што пристигнаа од Африка.
Грчкото здружение за пулмологија ги предупреди граѓаните дека честичките од пустинската прашина во атмосферата се опасни за луѓето со респираторни проблеми.
🚨#WATCH: As the Saharan dust has turnt the sky of Athens, Greece completely orange.
The Sahara dust is turning the sky into a vibrant orange across Athens, Greece. The wave of dust began yesterday and is forecasted to peak today.
pic.twitter.com/jo7fAwNIv4— R A W S G L 🌎 B A L (@RawsGlobal) April 23, 2024
На луѓето со респираторни и срцеви проблеми им се советуваше да не се занимаваат со активности на отворено, да ги држат прозорците затворени и да користат маски кога се на отворено.
Грчкиот метеоролог Костас Лагувардос објави на „Фејсбук“ дека Атина изгледа како колонија на Марс.
HAPPENING NOW: *Orange sky* – African dust blanketing Greece created an eerie image that made Athens look like a colony on Mars, Greek meteorologist reportedly says pic.twitter.com/qXicm92YPE
— Bruce Snyder (@realBruceSnyder) April 23, 2024
Поради пустинската прашина, намалена е видливоста во центарот на градот и регионот, а грчката метеоролошка служба соопшти дека во северна и западна Грција се очекува дожд од прашина.
In Athens, the sky turned orange due to a large amount of dust brought from the Sahara Desert, pic.twitter.com/Xie3o7Ovku
— S p r i n t e r F a c t o r y (@Sprinterfactory) April 23, 2024