Регион
Пусиќ: Киднаперите на Салопек не се јавувале за да се преговара со нив
Томислав Салопек го киднапирала разбојничка група која барала пари за негово ослободување, а потоа завршил во рацете на терористите од Исламска држава, изјави министерката за надворешни и европски работи на Хрватска, Весна Пусиќ на прес-конференција во Риека и нагласи дека се уште нема потврда дека Салопек е убиен.
„Салопек е киднапиран на 20 јули, а осум дена подоцна за него се побарани пари. Ова барање било упатено само еднаш и бил насочено кон француската компанија за која работел Салопек и потоа веќе не се споменувало“ изјавила, Пусиќ.После тоа немало контакт со терористите се до 5 август кога Исламската држава објави снимка. „Тогаш беше побарано да се ослободат заробените жени од исламска вероисповед“, изјавила Пусиќ додавајќи дека барањето не било специфицирано и тоа било непријатно предупредување. Киднаперите не се јавувале за да може со нив да се преговара.„Проблематично во тоа барање е тоа што практично 99 отсто од жените во египетските затвори се муслиманки, а на никој начин не било специфицирано дали се бараат одредени припадници на некоја одредена организација или конкретни лица. Од сето тоа експертите заклучиле дека една група го киднапирала, а друга група ја објавила видео снимката. Првата група биле обични разбојници кои барале пари, но барањата се промениле кога стигнал во рацете на Исламската држава. Хрватска се уште нема потврда за тоа дека Салопек е погубен и дека по него се трага со ист интензитет и дека во потрагата вклучени се најдобри експерти со најдобра технологија.„Работиме со ист интензитет како до сега, како и сите служби во Египет. Соработуваме со сите поголеми земји од ЕУ и светот кои нам ни пружија помош. Хрватска ќе трага по него се додека изгледи дека е се уште жив“, изјавила Пусиќ, но додала дека не сигурно дека некогаш ќе може да се потврди дали Салопек е мртов.„Морам да кажам дека посебно сочувствуваме со семејството, кое под овие незамисливо тешки околности е храбро и се бори за секоја можност за спасување и пронаоѓање на Салопек и тоа треба да биде пример за сите нас“, рекла Пусиќ.Се заблагодарилала на египетсктие власти за помошта, како и на францускиот премиер Франсоа Оланд и Исламската верска заедница во Хрватска која се обидела да помогне преку верските авторитети во Египет.„Коалицијата против терористичката организација Исламска држава е поважна од било кога. Овој вид на тероризам е голбална опасност и и никој не го заобиколува. Обидите да се означат одредени држава и да се покаже дека ако не се борите против тероризмот нема да бидете жртва, се манипулација. Не е вистина дека ако не се борите против тероризмот, немда да бидете негова жртва“, рекла Пусиќ.Според неа, Хрватска не може да ја предводи таа борба, но не може да се крие „под маса“ и да се надева дека ќе нападнат некој друг.„Што повеќе се криете, тоа сте позагрозени, Ова е момент кога цела Хрватска треба да се собере и одлучно да се спротивстави на злото и злосторствата од тероризмот, цела држава да се обедини во поддршка за семејството Салопек“, рекла Пусич.Таа смета дека не е вистинит наведениот мотив за киднапирање и убиства, односно учеството на Хрватска во борбата против Исламската држава.Египетските власти, како што изјави Пусиќ, не биле подготвени за преговори со киднаперите.„Не можам да знам или подетално да разговарам за тоа што се случувало во египетската влада, но во текот на разговорите со тамошниот министер за надворешни работи како пролем беше истакнато пред се, неспецифицираното барање на киднаперите и тоа што тие не се јавувале за да би можело да се преговара со нив“, нагласила министерката.Томислав Салопек беше грабнат дваесетина километри југозападно од Каиро, а во средата Исламската држава објави дека го погубила Салопек. Ниту хрватските, ниту египетсктие власти се уште не потврдуваат дека Салопек е убиен./крај/мф/ффс
Извор: Hina.hr
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.