Регион
Путин го потврди доаѓањето во Словенија во јули
Рускиот претседател Владимир Путин потврдил во вторникот во телефонски разговор со словенечкиот колега по должност Борут Пахор, дека на негова покана на 31-ви јули ќе ја посети Словенија, објавија во вторникот вечерта Словенечката телевизија и новинската агенција STA.
Словенечкиот и рускиот претседател за тоа разговарале телефонски, а во текот на „долгиот и отворен разговор е посветија првенствено на поединостите на програмата од посетата“ на 31-ви јули, кога рускиот претседател Владимир Путин ќе го посети горскиот премин Вршич, потврдија од кабинетот на словенечкиот претседател Борут Пахор.
На Вршич, кај ткн Руска капела, кон крајот на јули ќе се одржи комеморација по повод стогодишнината од трагичниот настан, кога голем бројни руски воени заробеници во зимата 1916 година загинале во снежна лавина кога биле принудени да градат планински патишта.
Кон средината на март Пахор му упати писмо на Путин со кој го покани годинава кога се одбележува заокружена годишнина од трагичниот настан да присуствува на церемонијата на Вршич, и изјави дека тоа би било добро за европско-рускиот дијалог без разлика на разликите во гледиштата на меѓународните прашања кои постојат меѓу Словенија како членка на ЕУ и НАТО и Русија.
Тогаш словенечките медиуми пишуваа дека целата комеморација на патот за Вршич, стратешки важен во Првата свеска војна поради близината на фронтот на реката Соча, би можела да има и екуменски карактер, имајќи ја предвид неодамнешната историска срдечна средба во Хавана на папата Франциск и московскиот патријарх Кирил.
Медиумите потсетуваа дека станува збор за многу чувствително прашање, имајќи предвид дека рускиот премиер Дмитриј Медведев, ланската посета на Словенија ја искористи за да упати остри критики кон Европската унија поради наметнатите санкции кон Русија.
На надворешно политичките димензии од упатување на покана на Пахор за Путин, наводно на Минхенската безбедносна конференција на почетокот од март предупредила помошничката на американскиот државен секретар Викторија Нуланд, а мариборскиот дневен весник Večer пишуваше дека Американците стравуваат од „пробивањето“ на меѓународните санкции и политиката на изолација на Путин која е наметната токму со волјата на Вашингтон поради неговата политика во однос на конфликтите во Украина и во Сирија.
Вашингтон, наводно, потегот на Љубљана кон Москва го смета за оддалечување на ЕУ од американската стратегија на изолација на Русија, бидејќи посетите на руските функционери ова лето предвидуваат и некои други држави како Австрија и Финска, истакнуваат словенечките медиуми.
Некои словенечки портали во неделата сметаат дека во текот на посетата на Путин на Словенија кон крајот на јули, би било можно да се очекува и негово кусо престојување во Љубљана, каде би им искажал почест на војниците на Црвената армија кои загинале на словенечка почва во текот на Втората светска војна, пред споменикот кој неодамна е подигнат на љубљанските гробишта Жале./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Полицаец од Бор е приведен поради давање информации за исчезнувањето на девојчето
Полицаец од Бор е приведен поради давање информации од истрагата за исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2).
Не се знае за какви информации станува збор и кому полицаецот ги дал, но се работи за информации од истрагата кои евентуално би можеле да ја загрозат.
Се уште трае потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ од околината на Бор, чие исчезнување беше пријавено во вторникот.
Се претресуваат куќи и населба, се расчистува дворот.
Две специјалистички екипи за спасување од урнатините од Белград и Нови Сад започнаа детално пребарување на просторот околу куќата, соопшти полицијата.
Регион
Детаљно пребарани тунелите, каналите и шахтите, нема траги од Данка: се огласија српските полицајци
Специјалистички екипи за спасување од урнатини на Секторот за вонредни состојби од Белград и Нови Сад заедно со други припадници на МВР од раните утрински часови темелно ги пребаруваа тунелите, подземните канали и шахтите со вкупна должина од 4,5 километри во месноста Бањско Поле до градот Бор и не се пронајдени траги што би укажувале дека таму била двегодишната Данка Илиќ, пренесуваат српските медиуми.
По повеќе од 70 часа детаљно пребарување на теренот во Бањско Поле, припадниците на Министерството за внатрешни работи продолжуваат со интензивно и оперативно пронаоѓање на девојчето и утврдување сите факти и околности за исчезнувањето на детето, според последните извештаи.
Медиумите потсетуваат, од моментот на пријавување на исчезнувањето на 26 март во потрагата по исчезнатото девојче учествуваа стотина припадници на МВР, кои темелно и сеопфатно го прегледаа поширокиот и потесниот простор на ова место со вкупна површина од 10-ина квадратни километри.
Регион
Завршено вештачењето на мобилниот телефон на мајката на Данка, биле бришени пораки и повици, објавија српските медиуми
Мобилниот телефон на мајката на Данка Илиќ бил испратен на вештачење по исчезнувањето на девојчето. Неофицијалните податоци говорат дека мајката избришала многу пораки и повици ден пред и на денот на исчезнувањето на Данка, објави српски „Блиц“.
Според неофицијални сознанија од истрагата, вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ покажало дека се избришани многу пораки и податоци за повици, пишува српски „Информер“.
„На ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на Данка Илиќ многу пораки и повици се избришани од телефонот. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но да останат во базата на податоци“, рекол изворот.
Како што се дознава, пред исчезнувањето на Данка Илиќ мајката трипати го фотографирала детето од разни агли.
Да потсетиме, мајката на Данка Илиќ, Ивана, денеска повторно е во полициската станица во Бор, каде што е на распит за околностите на својата исчезната ќерка. Таткото помина на полиграфското тестирање.