Регион
Путин му посака на Ердоган брзо враќање на редот и стабилноста на Турција, веќе 6.000 уапсени по неуспешниот пуч
Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со турскиот колега по должност Реџеп Тајип Ердоган му изразил сочувство во врска со жртвите во неуспешниот обид за воен преврат од ноќта кон саботата и му посакал скоро враќање на редот и стабилноста на Турција ,соопшти Кремљ во неделата кога турскиот министер за правосудство Бекир Боздаг објави дека во врска со пропаднатиот пуч се уапсени околу шест илјади лица, а агенциите јавуваат дека меѓу нив е и командантот на воздухопловната база Инџирлик.
Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со турскиот колега по должност Реџеп Тајип Ердоган му изразил сочувство во врска со жртвите во неуспешниот обид за воен преврат од ноќта кон саботата и му посакал скоро враќање на редот и стабилноста на Турција ,соопшти Кремљ во неделата кога турскиот министер за правосудство Бекир Боздаг објави дека во врска со пропаднатиот пуч се уапсени околу шест илјади лица, а агенциите јавуваат дека меѓу нив е и командантот на воздухопловната база Инџирлик.
Телефонскиот разговор меѓу Путин и Ердоган се одржал во саботата, на иницијатива на Москва. Во него рускиот претседател истакнал дека „принципиелниот став на Русија е во сметањето за неприфатлив во држава преземањето противуставни и насилни дејствија“.
Путин, исто така, изразил надеж дека Турција ќе може да им ја гарантира сигурноста на руските туристи, кои започнаа во значителна бројка да се враќаат во оваа за нив посакувана туристичка дестинација, по заладувањето на односите меѓу Москва и Анкара по турското соборување на руски бомбардер ланскиот ноември над сириската граница. Ердоган од своја страна дал уверувања дека Турција ги презема сите неопходни мерки, се вели во соопштението на Кремљ, пренесува агенцијата РИА.
Путин и Ердоган, исто така, потврдиле дека ќе ја одржат средбата којашто ја договорија во нивниот претходен телефонски разговор, по затоплување на односите меѓу двете земји откако минатиот месец турскиот претседател во честитка по повод рускиот национален празник се извини за соборувањето на рускиот бомбардер.
Министерот за правосудство Неки Боздаг, пренесува агенцијата Anadolu, не сакал да дава детали и поединости за уапсените пучисти и лица осомничени дека го помагале обидот за државен удар во кој загинаа вкупно 2655 луѓе а околу 1.400 беа ранети.
„Во тек е натамошно чистење, и во крајна линија ќе има повеќе од шест илјади уапсени“, рекол Боздаг додавајќи дека против некои лица веќе се покренати судски процеси.
Досегашните апсења се насочени кон припадниците на вооружените сили и судии за поддршка на обидот да се изведе воен удар.
Висок турски функционер за Reuters рекол дека владата повторно воспоставила контрола ширум Турција, но дека некои важни припадници на командниот кадар на војската сé уште не се уапсени.
Телевизијата Sky News Arabia и агенцијата Reuters известија дека командантот на воздухопловната база Инџирлик, на југот од Турција, Бекир Ерџан Ван бил уапсен заедно со уште десет високи офицери во јужната област Адана. Тие се уапсени, според извештајот, во врска со неуспешниот пуч.
Претходно турските власти целосно го блокираа пристапот до базата и го прекинаа снабдувањето со електрична енергија на Инџирлик. Потоа протекоа информации дека таму се одвиваат апсења.
Во оваа база, во којашто се распоредени воздушните сили на земјите од НАТО и на оние кои учествуваат во меѓународната коалиција предводена од САД против џихадистичката група Исламска држава во Сирија и Ирак, веднаш по објавата дека во тек е државен воен преврат во петокот ноќта беа запрени сите операции, како што беше објаснето, поради безбедносни причини. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.