Регион
Рама: Балканот ќе се замори од чекање на влез во ЕУ
Албанскиот премиер, Еди Рама, смета дека ако Европската Унија покаже замор од проширување, нема да биде изненадување доколку и земјите од Западен Балкан покажат замор од чекање на влез во унијата.
Рама, обраќајќи им се на акредитираните амбасадори, порача и дека безрезервно ќе ја поддржи Србија за време на претседателствувањето со ОЕБС во 2015 година, при што нагласи дека Албанија не и е непријател на Србија.
„Србија во 2015 година, ќе стане првата држава од регионот што го презема претседателството со ОЕБС, а Албанија безрезервно ќе ја поддржи во оваа многу значајна задача за нашиот регион“, рече Рама, обраќајќи им се на акредитираните амбасадори.
Тој рече дека Албанија се надева дека ќе види напредок кај соседите и дека тој напредок ќе доведе до зголемување на стандардот на слободите и правата на Албанците во Прешевската долина.
„Ова ново време конечно на Балканот донесе мир меѓу Албанците каде и да живеат тие, а тоа е предуслов не само за нашата земја да држи ниво со европските предизвици туку и да продолжи по патот на мирот преку дијалог со Србија“, додаде Рама.
Според него, Албанците најдобро го разбираат проблемот на Србија да го прифати пресвртот во историјата во нејзините односи со Албанците, но од друга страна, смета дека е непростливо доколку се отфрли предизвикот да се остане стрплив, одлучен и отворен за да се поддржат националните интереси.
Рама верува дека двете земји можат да успеат во неверојатната соработка, особено поради поддршката на германската канцеларка Ангела Меркел.
Тој ги потсети дипломатите дека неодамна е и формирана нова влада на косовската влада.
„Оваа година не би била така успешна ако не беше самитот во Берлин кој го отвори патот кон нова дефиниција за коегзистенција меѓу државите во регионот, но и измеѓу регионите во Европа“, рече Рама.
Според него, Меркел на самитот потсетила дека овој период е најлош за регионот на Западен Балкан, да се надева на приклучување кон ЕУ./крај/б92/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двегодишното девојче кое исчезна во Србија се бара насекаде, полицијата врши распити на голем број лица
Потрагата по девојчето Данка Илиќ (2), кое во вторникот исчезна во Бањско поле во Бор, се уште трае и не се знае како е можно девојчето да се изгуби. Полицијата ја проверува секоја информација што ќе дојде до нив, сослушани се неколку лица, повторно се разговараше со родителите, но ниту една информација не укажува на тоа што се случило и каде е Данка, пишува „Нова.рс“
Екипата на порталот денеска беше во Бањско поле каде се уште има голем број полицајци. Властите со багер го чистеа теренот околу куќата во која последен пат била видена Данка. Исто така, на имотот е извршено ископување, а јамите повторно се пребаруваат.
Полицијата ја истражува секоја трага што може да укаже на тоа што се случило со девојчето.
„Полицијата разговараше со голем број луѓе, соседи, познаници, се со цел да ја пронајде Данка. Досега ниту една трага не довела до тоа каде е девојчето или што и се случило“, вели изворот на Нова.рс.
Истрагата се одвива во повеќе правци, а денеска полицијата повторно разговараше со родителите на девојчето.
„На вториот ден од нејзиното исчезнување, родителите на девојчето биле во полиција до доцна во ноќта. Тие утрово биле повторно повикани, а исто така цел ден поминале во полициска станица. Не се познати околностите врз основа на кои два дена биле на распит. Извесно е дека родителите вчера имале разговори и со Центарот за социјална работа, а повеќе од тоа не се знае“, додава изворот на „Нова.рс“.
Неофицијално беше објавено и дека полицијата нашла нова трага, односно дупка на местото на кое исчезна девојчето, и дека целото внимание го насочува кон тоа.
Она што е сигурно е дека се проверуваат сите околности и се сослушуваат и сите лица кои можеби имаат сознанија за случајот.
Меѓу нив е и кој бил зад воланот на автомобилот „пунто“ што го снимиле надзорните камери на куќата во Бањско Поље, во моментот на исчезнувањето на малата Данка. Куќата пред која е снимен автомобилот се наоѓа на стотина метри од местото каде исчезна Данка.
На снимката се гледа автомобил кој брза околу 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, околу 13 часот и 45 минути, како што вели нејзината мајка.
„Ја знам таа жена, ја видов како носи две деца во парк, страшно е што се случи“, велат соседите.
Девојчето Данка Илиќ исчезна во вторникот во Бањско Поље кај Бор. Во средата по 27 часот полицијата ја прекина потрагата и започна друг вид на акција за пронаоѓање на детето. Во ова мало место кај Бор се уште остана одреден број полицајци, а вчера беше блокиран и пристапот до куќата.
Во потрагата по исчезнатото дете се вклучени припадници на Жандармеријата, пожарникари, планинска спасувачка служба, како и голем број доброволци.
Регион
„Само се шалевме“ – уапсените поради тврдењата за исчезнатото девојче се донесени во полиција
Тројцата кои беа уапсени во Босна и Хервеговина, а тврдеа дека имаат информации за исчезнатото девојче од Србија, Данка Илиќ и бараа пари, во полиција рекле дека „само се шегувале“, пренесува Н1 Сараево.
Федералната полициска управа вечерва уапси три лица кои на социјалните мрежи тврдеа дека имаат информации за исчезнувањето на двегодишното девојче од Србија, Данка Илиќ, по коешто трага речиси целиот регион.
Како што јави известувачот на Н1, уапсените биле донесени во зградата на Федералната полициска управа.
Како што се дознава, за време на преносот во живо на „Тик-ток“, тие побарале десетици евра за да ја откријат локацијата на девојчето и тврделе дека ја чуваат во подрумот.
Веднаш по апсењето изјавиле дека „само се шегувале“. Сите уапсени се членови на исто семејство.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа преку ИП адресата ги лоцираше лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на детето.
Вчера на социјалните мрежи се појави видео од надзорната камера на куќа лоцирана во близина на местото каде исчезна Данка Илиќ во 13:45 часот.
На видеото се гледа автомобил кој брза во 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, односно во 13 часот и 45 минути, како што рекла нејзината мајка.
Регион
Барале 25.000 евра за да дадат информации за исчезнатото девојче: детали за апсењето на три лица во БиХ
Припадниците на полицијата привеле три лица, кои се осомничени дека преку ТикТок објавиле дека се поврзани со исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2) во Србија.
„Федералната полициска управа, постапувајќи според актот на НЦБ Интерпол Белград, презеде мерки и дејствија од нејзина надлежност, што резултираше со лишување од слобода на три лица на територијата на Хаџиќ, Сараево“, беше потврдено и кои се сомничат дека имале сознанија за исчезнување на малолетно девојче од Србија.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа, ги лоцирале по пат на ИП адреса лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малолетно девојче, односно барале 25.000 евра за откривање информации.
„Малолетното девојче не е пронајдено на територијата на Хаџиќ, а кривичната истрага за лицата лишени од слобода е во тек“, изјави сојузниот инспектор Ервин Мушиновиќ.
Девојчето Данка Илиќ (2) во вторникот исчезна во Бањско поле кај Бор.
Оттогаш, потрагата по неа трае, а во Србија за прв пат е активиран системот амбер алерт.