Контакт

Регион

Рим и Тирана работата на спречување отворање нова мигрантска рута

Објавено пред

Италија и Албанија тесно соработуваат на спречувањето отворање нова мигрантска рута преку грчко-албанската граница, изјави во саботата во грчката престолнина Атина, италијанскиот државен секретар за европски работи, Сандро Гоѕи.

dobivaj vesti na viber

„Рим и Тирана работат на спречувањето нова рута на прилив преку грчко-албанската граница. Немаме забележано значително зголемување на приливот преку Албанија, но важно е да се зајакне соработката со Албанија“, појасни италијанскиот државен секретар за европски работи, Сандро Гоѕи на заедничката прес-конференција во Атина на шесте европски министри кои дојдоа во Грција да ја утврдат состојбата со мигрантската криза.

Се стравува дека Албанија, којашто граничи со Грција во која останаа блокирани повеќе десетици илјади мигранти по затворањето на македонско-грчката граница, може да претставува алтернатива за нивните настојувања да заминат кон западот на Европа.

Шесте европски министри, на Франција, Малта, Италија, Холандија, словачка и Португалија, пристигнаа во петокот во Атина а во саботата заминаа во Турција, главната земја за влез на мигрантите во Европската унија преку грчките острови.

Холандскиот министер за надворешни работи, Берт Коендерс, чијашто земја во моментов претседава со ЕУ, ја гарантираше поддршката на Унијата за Грција за примената на договорот ЕУ-Турција , потпишан на 18-ти март о Брисел, кој започна да се применува од оваа седмица со испраќањето на од грчките острови на повеќе стотици мигранти назад во Турција. Тој ги повика земјите членки на ЕУ да покажат солидарност во мигрантската криза.

Албанските власти неодамна ја зголемија контролата на границата со Грција за да го спречат неконтролираниот прилив на мигранти, откако беше затворена ткн балканска мигрантска рута којашто минува низ Македонија и Србија. ЕУ на Албанија ѝ вети помош, доколку стане цел на мигрантски бран./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

Објавено пред

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето

dobivaj vesti na viber

Потрагата по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ од Бањско Поље, кај Бор, продолжува трет ден, а полицијата ќе ги проверува базните станици и ќе ги прегледа мобилните телефони на родителите, за да потврди со кого биле во контакт  во периодот кога девојчето исчезнало.

Продолжувањето на потрагата ќе се изврши оперативно, откако е утврдено дека девојчето не е на 10 квадратни километри од местото на исчезнувањето.

Полицијата ќе ги испрашува и луѓето кои биле во близина непосредно пред или по исчезнувањето на девојчето, со цел да се утврдат детали кои можеби биле пропуштени во текот на истрагата која е во тек.

Исчезнувањето на двегодишното девојче за првпат го активира системот „Најди ме“ во Србија кој е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице.,

Данка Илиќ (2) има кафеава коса, кафеави очи и е висока околу 85 сантиметри. На денот на исчезнувањето носела виолетови панталони и јакна во маслинесто зелена боја.

Прикажи повеќе...

Регион

„Се плашам дека е киднапирана“, рече дедото на исчезнатото девојче Данка

Објавено пред

Дедото на исчезнатото девојче Данка Илиќ (2), кое пред повеќе од 27 часа беше изгубено во приградската населба Бањско поле во околината на Бор, за телевизија Блиц изјави дека „низ главата му поминува можноста детето да е киднапирано“.

dobivaj vesti na viber

„Се уште се надевам дека е жива, но неверојатно е никој да не може да ја најде меѓу толку луѓе. Само една опција ми паѓа на ум, дека е киднапирана. Но, не можам да тврдам. Жандармерија, дронови, хеликоптери, цела Србија беше тука и сите ја бараа. Луѓето беа на еден метар еден од друг и никој не може да ја најде“, изјави Милан Илиќ.

Тој рече и дека го плаши фактот што бугарската граница е блиску.

„До бугарската граница преку новиот пат се стигнува за 45 минути, најмногу еден час. Не е точно дека се потребни пет часа, како што кажа некој утринава на телевизија. Кладово е веќе многу подалеку, оддалечено е 150 километри, но Бугарија е многу блиску“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Регион

Полицијата го прекина пребарувањето на теренот: „Јасно е дека Данка не е на ова подрачје“

Објавено пред

Припадниците на српската полиција по 27 часа детално пребарување на теренот во потрага по двегодишната Данка Илиќ во приградската населба Бањско Поље и Брестовачка бања, ги прекинаа понатамошните претреси, со оглед дека сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри, пренесува српски Телеграф.

dobivaj vesti na viber

Полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето, за што јавноста ќе биде навремено информирана, соопшти полицијата.

Според неофицијални информации на порталот Нова.рс, српската полиција има индиции кои ја одвеле истрагата надвор од местото на исчезнувањето на девојчето, а кон тие траги се упатени полициските единици.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Ванковска: Преспанскиот и Бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет1 час

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет1 час

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско каде мостот Френсис...

Македонија1 час

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион2 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет2 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет2 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија16 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија18 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија19 часа

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија20 часа

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија21 час

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија23 часа

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион1 ден

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија1 ден

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...

Регион1 ден

Трае потрагата по исчезнатото двегодишно девојче во Србија

Трае потрагата по двегодишното девојче, кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поле, недалеку од Бор во...

Свет1 ден

Израел во текот на ноќта жестоко го бомбардира јужниот дел на Газа: „Луѓето умираат само за да добијат конзерва туна“

Израел во текот на ноќта интензивно го бомбардираше јужниот дел на Појасот Газа, и покрај меѓународниот притисок за итен прекин...

Свет1 ден

„Не веруваме дека ќе ги пронајдеме живи“: Запрена потрагата по исчезнатите лица по уривањето на мостот во Балтимор

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се...

Македонија1 ден

Османи со дипломатскиот кор за четвртата годишнина од членството на Македонија во НАТО

Со цел одбележување на 4-та годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска...