Регион
Русија не ја предала својата предлог резолуција за Сребреница до Советот за безбедност
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ во вторникот изјавил дека Русија не ја предала својата предлог резолуција за Сребреница до Советот за безбедност на ОН, така што Советот вечерва ќе гласа само за британската предлог резолуција, пренесува Танјуг.
Дачиќ за телевизијата N1 рекол дека дискусијата во Советот за безбедност би требало да трае три часа и дека потоа се ќе биде познато.
Кога се работи за руското вето, Дачиќ објаснил дека Србија изнела јасен став кој бил против обидите за предизивикување на нови подели.
„Претседателот на Република се обрати пред сите шефови на државите членки на Советот за безбедност и ги повика да не ја усвојат оваа резолуција. Пратени се писма до сите шефови на држави, па и до кралицата Елизабета. Во протоколарна смисла, претседателот постапи исправно, секако дека кралицата нема да одлучува за тоа, туку владата. Не можам да говорам и да изнесувам претпоставки за ветото“, рекол Дачиќ.
Тој додал дека верува оти членките на Советот за безбедност ќе сфатат дека преку нови поделби не може да дојде до помирување.
„Очекувам од сите држави кои учествуваа во Дејтонскиот договор да покажат високо ниво на одговорност за состојбата во Босна и Херцеговина, а тоа значи да не донесуваат никакви одлуки кои би можеле да ја дестабилизираат тамошната состојба“, смета Дачиќ.
Српскиот министер додал дека Србија вложила многу во помирувањето со Босна и Херцеговина.
„И со Бакир Изетбеговиќ разговарав повеќепати и заедно констатиравме дека овие датуми се незгодни поради тоа што ваквите работи не придонесуваат кон помирувањето“, изјавил Дачиќ.
Србија и српскиот народ, историски гледано не заслужија покрај Руанда да бидат единствените кои ќе бидат обележани како извршители на геноцид, изјавил Дачиќ, оценувајќи дека врз основа на британската резолуција, кога се работи за политичките последици, некој можеби ќе го оспори легитимитетот на Република Српска.
„Затоа пристапот е важен, прво мораме врамнотежено да говориме за сите жртви на сите страни во БиХ. Политичарите се менуваат, но Република Српска е историска творба на Дејтонскиот договор“, укажал Дачиќ, потсетувајќи дека тој договор бил предложен од страна на големите сили./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.