Контакт

Регион

Русинката последен пат била видена жива како со осомничениот се држи за рака, ден подоцна тој излегол со куфер

Објавено пред

Надзорните камери од станбена зграда во Белград ги снимиле последните моменти во кои 27-годишната Русинка Људмила Туркова Константиновна била видена жива, како и движењата на турскиот државјанин К. Е. (25), кој е осомничен за нејзиното убиство.

Според српските медиуми, на снимките од 26 јули околу 5:30 часот се гледа како Људмила и осомничениот заедно пристигнуваат пред зградата во белградската населба Борча. Двајцата се насмеани, се држат за раце и заедно влегуваат во објектот. Тоа, според досегашните сознанија на истрагата, е последниот момент во кој младата Русинка е видена жива.

Истражителите се сомневаат дека токму во изнајмениот стан во кој влегла била убиена.

Наредното утро, 27 јули околу 6:56 часот, камерите го снимиле К. Е. како сам ја напушта зградата, влечејќи голем куфер. Според сомнежите на истрагата, во него се наоѓало телото на жртвата, кое подоцна било однесено и оставено покрај каналот Визељ кај Падинска Скела.

Меѓу нивното заедничко влегување во зградата и излегувањето на осомничениот со куфер поминале нешто повеќе од 24 часа. Полицијата сега го реконструира неговото движење и сите околности што му претходеле на злосторството. Станот се третира како можно место на убиството, а според истражителите во него биле пронајдени траги кои би можеле да бидат важни за истрагата.

К. Е. е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград под сомнение дека извршил тешко убиство. Според истрагата, на 26 јули во утринските часови ја усмртил Људмила во изнајмен стан во Борча, а потоа нејзиното тело го ставил во куфер и го сокрил во каналот Визељ.

Додека полицијата трагала по исчезнатата девојка, осомничениот, според истражителите, се обидел да ја напушти Србија. Тој пристигнал на аеродромот „Никола Тесла“, ја поминал пасошката контрола и влегол во транзитната зона, но бил приведен непосредно пред да се качи во авион.

Неколку часа по неговото апсење, полициските екипи, со помош на службено куче, го пронашле куферот со телото на Људмила покрај каналот Визељ во Падинска Скела.

Исчезнувањето на младата Русинка го пријавила нејзина пријателка, која не можела да стапи во контакт со неа. Според досегашните информации, последен пат разговарале на 25 јули околу 23 часот, додека нејзината мајка изјавила дека околу половина час подоцна разменувала пораки со ќерката. Људмила ѝ кажала дека излегува со пријателки и дека ќе ѝ се јави следниот ден, но потоа престанала да одговара на повиците и пораките.

Телото е испратено на обдукција, која треба да ги утврди точната причина и времето на смртта, како и евентуалните повреди. Истражителите го утврдуваат и мотивот за злосторството, ја проверуваат комуникацијата меѓу жртвата и осомничениот, нивниот однос, како и начинот на кој куферот бил пренесен од зградата до каналот и дали во тоа учествувало уште едно лице.

 

Најново

Македонија10 минути

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар. Несериозно и неодговорно е, по...

Свет17 минути

Во Франција блокирана забраната за социјални мрежи за деца под 15 години

Францускиот Уставен совет ја блокира забраната за пристап до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, оценувајќи дека законот...

Црна хроника18 минути

Жена физички нападнала 15-годишно девојче пред пешачки премин во Центар

Полицијата постапува по пријава за физички напад врз 15-годишно девојче во скопската општина Центар. Од МВР информираат дека на 13...

Црна хроника41 минута

МВР: Бебе паднало на асфалт откако мајката ја превртела количката, пријава против двајцата родители

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.М. (42) од Прилеп и Б.С. (37) од село во Општина Желино поради постоење...

Регион59 минути

(Видео) Пустош по големиот пожар кај Омиш, пронајдено и тело на починато лице

Полицијата денеска околу 13:30 часот, при преглед на опожареното подрачје кај Омиш, пронашла мртво тело на лице. Големиот пожар што...

Македонија1 час

Три големи културни настани викендов во Битола

Претстојниот викенд, Битола на своите сограѓани и сите посетители кои ќе одлучат да го посетат градот под Пелистер им дава...

Македонија1 час

Водата во Гостивар од денес е безбедна за пиење, рече Ангелов и отиде да испие чаша вода од улична чешма

Од денес водата од градскиот водовод во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти попладнево раководителот на Главниот штаб за управување...

Црна хроника2 часа

Скопјанец измамил 62-годишник за над 7.000 евра, па го нападнал и му се заканувал

Полицијата вчера го лишила од слобода 37-годишниот О.С. од Скопје, по пријава за измама, физички напад и закани кон 62-годишен...

Црна хроника2 часа

Едно лице тешко повредено, две со телесни повреди во сообраќајка кај Кичево

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што вчераутро се случила на магистралниот пат Кичево–Гостивар, во близина на кичевското село...