Регион
САД и’ предвидуваат тешки времиња на Грција ако не се договори со ЕУ
САД ја предупредија во средата Грција дека ја очекуваат „тешки времиња“ доколку со Европската унија не се договори за финансирање на земјата којашто од 2010 година заради длабоката финансиска криза е под меѓународно туторство.
„Доколку не биде постигнат договор за Грција веднаш ќе настапат тешки времиња“, оценува американскиот министер за финансии Џејкоб Ли, се наведува во транскриптот од телефонскиот разговор кој во средата го водеше овој функционер на американската администрација и грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, дознава AFP.
Европската унија на новата влада предводена од радикалната левица во Атина и’ дава рок до петок да побара продолжување на меѓународната програма за помош која е на сила од 2020 година, а е проследена со драстичните мерки на штедење и реформи, коишто премиерот Алексис Ципрас водејќи се од своите предизборни ветувања не сака повече да ги спроведува.
„Времето истекува“, рекол Ли во разговорот со Варуфакис, според портпаролот на американскиот министер кој ја повикал Атина да изнајде „конструктивен начин да ја продолжи соработката“ со меѓународните и со европските доверители, односно со Европската комисија, Европската централна банка (ECB) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ- IMF).
Според AFP, се чини дека со ова Вашингтон го зголемува притисокот врз Атина, откако минатата седмица се ограничи само на апели „до сите страни, да застанат на топката“ и да постигнат договор. „Несигурноста не е добра за Европа“, додал Ли, според неговиот портпарол.
На почетокот од февруари, само една седмица по предвремените парламентарни избори по коишто владата ја формираа коалицијата на радикалната левица Сириза и партијата од крајната десница Независни Грци, ја поддржа владината политика против мерките за штедење, велејќи дека Грција повеќе не треба да биде изложувана на притисокот, имајќи го предвид вложувањето на животниот стандард на грчките граѓани./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.
Регион
Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија
За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.
Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.
Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.
Регион
Уапсена државјанка на Јужна Африка, осомничена дека ја убилa мајка си во Црна Гора
Јужноафриканска државјанка е уапсена под сомнение дека утрово ја убила својата мајка во Пераст.
Полициската управа соопшти дека медицинскиот персонал на Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст е пронајдено безживотно тело на жена, а таму била пронајдена и нејзината ќерка Н.Л.Т., пренесува Вијести.
„Полицијата излезе на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатата, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои настапила смртта“, се вели во соопштението на полицијата.
Оттаму додаваат дека увид на лице место е извршено во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.
„По преземени сеопфатни истражни дејствија, припадниците на полицијата дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т. и таа е лишена од слободата.