Регион
Седум жртви на грипот во Србија, лекарите ја смируваат јавноста
Во Србија од грипот досега починале седум лица, меѓу кои и 31-годишна трудница во петтиот месец од бременоста, а здравствените власти оценуваат дека нема причини за панка отфрлајќи ги истовремено медиумските написи дека причина за смртта на бремената жена од околината на Белград вирусот на ткн свински грип.
„Нема причина за паника. Епидемиолошката ситуација е вообичаена за овој период од годината“, оцени епидемиологот др Братислав Тиодорови и додаде дека бројот на заболените од грип расте., но дека сé уште нема епидемија.
Истовремено Тиодоровиќ негираше дека трудницата починала од ткн свински грип. „Во Србија е присутен вирусот A H1N1, кој многумина го нарекуваат свински, иако тој тоа не е“, рече.
Според српските здравствени власти во земјата е присутен и вирусот A H3N2 а се чека потврда дали во регионот на Ниш е присутен и грипот Б, кој има значително поблага клиничка слика од вирусите од групата А.
На Инфективната клиника во Клиничкиот центар на Србија од грип почина жена од околината во Белград која била во петтиот месец од бременоста., а директорот на оваа институција, др Миомир Пелемиш изјави за РТС дека лабораториски е докажано присуството на вирусот H1N1.
Според Тиодоровиќ, во нишкиот регион епидемија на грип е прогласена единствено во Специјалната болница за душевни болести каде од грип заболеле 66 пациенти и шестмина вработени./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите
И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето
Потрагата по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ од Бањско Поље, кај Бор, продолжува трет ден, а полицијата ќе ги проверува базните станици и ќе ги прегледа мобилните телефони на родителите, за да потврди со кого биле во контакт во периодот кога девојчето исчезнало.
Продолжувањето на потрагата ќе се изврши оперативно, откако е утврдено дека девојчето не е на 10 квадратни километри од местото на исчезнувањето.
Полицијата ќе ги испрашува и луѓето кои биле во близина непосредно пред или по исчезнувањето на девојчето, со цел да се утврдат детали кои можеби биле пропуштени во текот на истрагата која е во тек.
Исчезнувањето на двегодишното девојче за првпат го активира системот „Најди ме“ во Србија кој е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице.,
Данка Илиќ (2) има кафеава коса, кафеави очи и е висока околу 85 сантиметри. На денот на исчезнувањето носела виолетови панталони и јакна во маслинесто зелена боја.
Регион
„Се плашам дека е киднапирана“, рече дедото на исчезнатото девојче Данка
Дедото на исчезнатото девојче Данка Илиќ (2), кое пред повеќе од 27 часа беше изгубено во приградската населба Бањско поле во околината на Бор, за телевизија Блиц изјави дека „низ главата му поминува можноста детето да е киднапирано“.
„Се уште се надевам дека е жива, но неверојатно е никој да не може да ја најде меѓу толку луѓе. Само една опција ми паѓа на ум, дека е киднапирана. Но, не можам да тврдам. Жандармерија, дронови, хеликоптери, цела Србија беше тука и сите ја бараа. Луѓето беа на еден метар еден од друг и никој не може да ја најде“, изјави Милан Илиќ.
Тој рече и дека го плаши фактот што бугарската граница е блиску.
„До бугарската граница преку новиот пат се стигнува за 45 минути, најмногу еден час. Не е точно дека се потребни пет часа, како што кажа некој утринава на телевизија. Кладово е веќе многу подалеку, оддалечено е 150 километри, но Бугарија е многу блиску“, рече тој.
Регион
Полицијата го прекина пребарувањето на теренот: „Јасно е дека Данка не е на ова подрачје“
Припадниците на српската полиција по 27 часа детално пребарување на теренот во потрага по двегодишната Данка Илиќ во приградската населба Бањско Поље и Брестовачка бања, ги прекинаа понатамошните претреси, со оглед дека сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри, пренесува српски Телеграф.
Полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето, за што јавноста ќе биде навремено информирана, соопшти полицијата.
Според неофицијални информации на порталот Нова.рс, српската полиција има индиции кои ја одвеле истрагата надвор од местото на исчезнувањето на девојчето, а кон тие траги се упатени полициските единици.