Регион
Шефот на мисијата на Еулекс посветен на соработката со независниот експерт
По враќањето од Брисел, каде што имаше консултации со Европската служба за надворешни работи, шефот на мисијата на Еулекс на Косово, Габреиле Меучи, изјави дека по одлуката што ја донесе претходно високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини да одреди независен и искусен правен експерт кој ќе го испита спроведувањето на мисијата со фокус за решавање на сите наводи за корупцијата, Мисијата во целост е посветена на соработката и ќе му ја пружи сета помош на експертот задолжен за инспекцијата.
„Отворен и транспарентен надворешен преглед е клучен чекор во правец на враќањето на заемната доверба меѓу Еулекс и нашите партнери. Овој преглед е во сечиј најдобар интерес. Повторно ја потврдувам својата лична посветеноста на примената на политиката на нулта толеранција во однос на корупцијата под мое водство“, се вели ви писмената изјава на Меучи проследен до медиумите од службата за односи со јавноста на Еулекс.
Високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика,Федерика Могерини, најави во вторникот во Брисел дека истрагата по обвинувањата за корупција во мисијата на ЕУ за правосудна помош на Косово (Еулекс) ќе ја довери на независен правен експерт.
Повикувајќи се на информациите до документите во кој имал увид, приштинскиот дневен весник Koha Ditore пишува дека најмалку двајца вработени во Еулекс се под истрага бидејќи според обвиненијата наводно во замена за мито отфрлале обвиненија за кривични дела во најмалку три случаи.
Минатата седмица сега суспендираната британска обвинителка Марија Бамие го изнесе обвинувањето против главната обвинителка на Еулекс, Јарослава Новотна од Чешка, поранешниот судија на Еулекс, Италијанецот Франческо Флорито и канадскиот обвинител Џонатан Рател дека примале мито од косовски кругови за да се откажуваат од судски прогони. Покрај тоа, го обвини Канаѓанецот дека се обидел да ја спречи во објавувањето на овие информации.
Бамие којашто во Еулекс работи од самит почеток на мисијата, односно од 2008 година, беше сменета од должноста минатата седмица, неколку денови пред избувнувањето на скандалот.
Мисијата Еулекс е покрената во 2008 година по едностраното прогласување на независноста на поранешната јужна покраина на Србија, со поддршка на САД и водечките земји од ЕУ, и има цел на Косово да му помогне во изградба на државни институции и воспоставување правна држава, што е најголемата и најскапата мисија во историјата на Европската унија.
Мисијата Еулекс има 1.600 припадници задолжени за чувствителни случаи на организиран криминал, корупција и воени злосторства кои се пресложени или политички чувствителни за локалното судство и државното обвинителство. Исто така, мисијата помага и во образованието на косовските правосудни функционери за да се изгради професионален, независен и некорумпиран правен систем кој би делувал самостојно, без притисоци од политиката./крај/мф/сн
Извор: euleks, kosovo, korupcija, mito,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.
Регион
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ го откажал полномошното на адвокатот
Небојша Живановиќ, адвокатот на Радослав Д., таткото на Дејан Д., кој е осомничен за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, за Танјуг изјави дека неговиот клиент го откажал полномошното.
Радослав Д. е осомничен дека му помогнал на својот син да го премести телото на девојчето од депонијата на засега непозната локација.
Со оглед на тоа што го откажал полномошното на избраниот бранител, сега треба да му се определи бранител по службена должност на Радослав Д.
Биолошкиот брат на осомничениот Дејан Д., Далибор Д., почина на 7 април во Полициската станица во Бор, каде беше осомничен дека му помогнал на својот брат да го скрие телото на двегодишното девојче.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки и информации ги уапси Срѓан Ј. и Драган Д. од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.
Телото на девојчето се уште не е пронајдено.