Регион
Шешељ мора да се врати назад во Хаг
Лидерот на (Српска радикална партија) СРП, Воислав Шешељ, мора да се врати во Хаг, соопштија од Хашкиот трибнал, пренесуваат српските медиуми.
Жалбениот совет наложи да се поништи одлуката за привремено пуштање на Шешељ на слобода, и тој да се врати во притворскта единица на Трибуналот.
Потоа, Србија и Холандија, повторно ќе се изјаснуваат за неговото пуштање на слобода, а Претресниот совет повторно ќе ја процени можноста на Шешељ да му биде дозволено привремено излегување на слобода.
Судскиот совет го одобри пуштањето на лидерот на СРПод Хашкиот трибунал на 6 ноември 2011 година, а причината беше за да се овозможи лекување на метастазите од рак на црниот дроб.
Шешељ е пуштен со гаранција на Владата на Србија, иако тој ја одби.
Како што беше порано соопштено, условите за пуштање на Шешељ на слобода подразбираат куќен притвор, полициска придружба за време на движењето за медицински потреби, забрана на комуникација со жртвите во врска со неговиот случај, забрана за јавно разгледување на неговиот случај, а се спомнуваше и забрана за учество во политичкиот живот, како и одземање на пасошот.
Меѓутоа, условите за негово пуштање не се соопштени и се држат во тајност.
Шешељ активно учествуваше во политичкиот живот во Србија, држеше говори по митинзи и учествуваше во акции на СРП, но од пуштањето не зборувал за работи поврзани со обвинението против него во Хаг./крај/б92/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.