Регион
Шешељ му одговори на Хаг дека не го прекршил налогот
Обвинетиот пред Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства во поранешна СФРЈ и челник на опозициската Српска радикална партија (СРС), Воислав Шешељ му одговорил на судот дека не го прекршил налогот за пуштање на привремена слобода реагирајќи на судското барање да се врати во притворот, соопшти во средата во Белград неговата партија.
„….Тоа се гледа и од поднесокот на обвинителот Серж Брамерц кој не понудил ниеден аргумент врз основа на кој Воислав Шешељ би се вратил во притворот на Хашкиот суд на недоредено време“, се наведува во одговорот на стручниот тим на СРС за одбрана на Шешељ кој беше испратен до медиумите.
Застапниците на Шешељ истакнуваат дека според меѓународното обичајно право притворот се укинува секогаш кога нема опасност да се повтори кривичното дело за кое притворениот е обвинет, како и кога не постои опасност од бегство, и дека во неговиот случај кривичното дело за коешто се товари и не е возможно да биде повторено, ниту тој може да побегне од Србија, бидејќи му е одземен пасошот.
„Со личната карта, којашто ја доби по враќањето од Хаг, Шешељ доби и решение со коешто се утврдува дека таа не може да се користи како патна исправа на граничните премини меѓу Србија и државите во коишто инаку се минува со лична карта наместо со пасош“, појаснуваат правните советници на првиот српски радикал.
Според нив, Шешељ „со ниеден збор и ниту со еден гест не влијаел врз сведоците од процесот“ кој се води против него, „бидејќи тоа и не е можно, откако последниот сведок е сослушан на 7-ми јули 2010 година, а изнесувањето на завршните зборови е завршено на 20-ти март 2012 година“, од кога се чека изрекувањето на пресудата.
Обвинителството би морало, доколку имало какво и да е влијаени, со име и презиме да наведе за кој сведок станува збор и на кој начин врз него е влијаено, се напомнува во поднесокот кој во четврток ќе им биде предаден на претставниците на Хашкиот трибунал во Белград, а Шешељ по тој повод е одржи прес-конференција.
Апелациониот совет на Хашкиот трибунал минатата среда го повика Шешељ, доколку сака во рок од три дена да се изјасни за барањето на Обвинителството итно да биде примената одлуката на советот тој да биде вратен во Хаг, а претходно на 30-ти март Судскиот совет му наложи итно да ја отповика одлуката за привремено пуштање на обвинетиот и да му наложи да се врати во единицата за притвори на судот во Шевенинген.
Трибуналот од лекарскиот тим на Шешељ во Србија ја побара документацијата за неговата моментална здравствена состојба, но тој одби да му ја проследи на судот. Хашкото обвинителство потоа на 14-ти април побара на Шешељ итно да му биде наложено враќање од привремената слобода во притворот, а сега му е дадена можноста за тоа барање да се изјасни.
Воислав Шешељ на 12-ти ноември 2014 година, по речиси 12 години се врати во Србија, откако беше пуштен на привремена слобода поради лошата здравствена состојба, односно боледување од рак. Тој по враќањето во Белград порача дека не бега, но дека нема доброволно да се врати во Хаг./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија
За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.
Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.
Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.
Регион
Уапсена државјанка на Јужна Африка, осомничена дека ја убилa мајка си во Црна Гора
Јужноафриканска државјанка е уапсена под сомнение дека утрово ја убила својата мајка во Пераст.
Полициската управа соопшти дека медицинскиот персонал на Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст е пронајдено безживотно тело на жена, а таму била пронајдена и нејзината ќерка Н.Л.Т., пренесува Вијести.
„Полицијата излезе на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатата, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои настапила смртта“, се вели во соопштението на полицијата.
Оттаму додаваат дека увид на лице место е извршено во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.
„По преземени сеопфатни истражни дејствија, припадниците на полицијата дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т. и таа е лишена од слободата.
Регион
Османи: Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово
Косовската претседателка Вјоса Османи упати низа обвинувања за Србија на седницата на Советот за безбедност (СБ) на Обединетите Нации (ОН) посветена на Косово.
Османи обвини дека Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово.
Таа изјави дека Србија ја заплашува српската заедница на северот на Косово, а како пример го наведе неодамнешното апсење на косовски полицајци во Србија, пренесува „Радио Слободна Европа“.
Османи обвини и оти Србија претходните денови на граница задржувала автобуси со патници од албанска националност.
Владата на Косово претходно овие постапки ги оцени како одмазда на Србија за поддршката дадена од Парламентарното собрание на Советот на Европа за членството на Косово во оваа организација.
„Србите во Косово се под притисок, но од страна на властите во Србија“, рече Османи.