Регион
Шешељ: Не предадоа нашите поранешни соборци, им служат на Американците
Членовите и симпатизерите на Српската радикална партија на плоштадот Република во Белград го одбележуваат враќањето на лидерот Воислав Шешељ од Трибуналот во Хаг со знамиња на партијата и транспаренти.
На централниот градски плоштад, радикалите со препознатлив колорит, со маици со ликот на Шешељ и со четнички песни го слушаат говоорот на нивниот лидер.
„Како што ветив пред 12 години, ќе го растурам Хашкиот трибунал. Сега дојдов да ви поднесам извештај. Го оставив таму ранетиот ѕвер да крвари, но таму се уште има наши луѓе, им се суди зашто се Срби“ изјави Шешељ на митингот.
Според него, во Хаг им се суди на српски генерали и офицери кои ја бранеле татковината.
„Шевенинген е место на големо патење. Ни еден Хрват не е осуден, сите Албанци се ослободени, муслиманите осудени на една година, две, а на Србите им се изрекуваат драконски казни. Овој предавнички режим не прави ништо за да го промени тоа“ вели Шешељ.
Тој тврди дека премиерот на Србија, Александар Вучиќ, го пратиле Американците.
„Сега на власт дојдоа најлошите, нашите довчерашни соборци и соработници. Беа во првите редови за одбрана на Србија, а сега се договарат со Американците. Не предадоа, но дојде време да поднесат сметка. Што не кааа пред изборите дека ќе бидат намалени платите и пензиите? Затоа веќе следната година ќе имаме нови избори“ рече Шешешљ.
Според него, и понатаму половина од граѓаните не сакаат во ЕУ и тоа, како што рече е нивна „шанса“. Тој тврди дека на претседателот Томислав Николиќ му помогнале Мило Ѓукановиќ и Борис Тадиќ да дојде на власт.
„Сега е претседател со фалсификувана диплома, ни еден испит нема положено. Некогаш беше чесен и скормен. Вучиќ за волја на вистината нема фалсификуана диплома“ вели Шешељ.
Собирот на плоштадот под име „Враќање на победникот“ го обезбедуваат припадници на полицијата, а дел од нив се наоѓаат и пред зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката.
Радикалите претходно изавија дека не очекуваат инциденти на собирот, но сепак обезбедиле присутво на две екипи на Итна помош, а собирот кој бил уредно најавен во полиција го обезбедуваат и припадници на партијата.
Се проценува дека на собирот присуствуваат околу 3.000 лица./крај/тј
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.