Регион
Шешељ: Не се враќам во Хаг, не умирам сé додека не ја ослободам Србија
Лидерот на Српската радилкална партија (СРС), Воислав Шешељ обвинет во воени злосторства во Хрватски БиХ, во саботата изјави дека доброволно нема да се врати во Хаг, поради тоа што сака „на маки да го стави режимот во земјата“, пренесуваат српските медиуми.
„Доброволно не одам. Доволно беше тоа што го растурив Хашкиот трибунал. Режимот тврди дека барањето на Хашкиот трибунал е удар врз Александар Вучиќ. Па веројатно е и удар врз мене. Да беше ова удар врз него, веројатно ќе бараа тој да се врати во Хаг“, рекол Шешељ на конгресот на СРС, додавајќи дека преку ова Хашкиот триунал го ставил режимот пред нов испит.
„Нема да одам доброволно поради тоа што сакам нив да ги ставам на маки. Нема да бегам ниту кријам, нека ме носат на аеродром“, истакнал Шешељ, чие враќање од привремената слобода на која е од ноември минатата година беше побарано од Хашкиот трибунал.
„Очекуваа дека ќе умрам. Нема да умрам сé додека не ја ослободам Србија“, изјавил лидерот на српските радикали, наведувајќи дека „на режимот“ на Српската напредна партија „му дошол крајот“.
Според него, режимот на Српската напредна партија продолжува да спроведува разорна и предавничка политика, исполнувајќи ги сите барања од Западот, како што се предавството на Косово и политиката кон Русија.
„Уверени сме дека ќе успееме да го собориме режимот, пред тој да ја уништи Србија. Тие ветија дека српскиот народ ќе живее подобро, а првото нешто што го направија по изборите беше намалувањето на пплатите и пензиите“, додал Шешељ. Тој, исто така, рекол дека неговата партија нуди откажување од евроинтеграциите за сметка на интеграција со Русија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.