Контакт

Регион

Силен земјотрес во Грција; „Лежалките се тресеа додека бевме на нив“

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција денес.

Земјотресот се случи околу 11 часот по локално време, на длабочина од околу 15 километри.

Земјотресот е регистриран на околу 25 километри од островот Карпатос и на околу 189 километри од Хераклион на островот Крит.

Досега нема извештаи за материјална штета или повредени.

„Лежалките се тресеа додека бевме на нив“, „Земјата се тресеше силно“, „Седев на работ од креветот кога одеднаш почувствував како некој нежно да го заниша креветот под мене. Погледнав низ вратата од балконот и видов дека се движам во однос на соседниот хотел. Ова траеше од пет до седум секунди“, се наведува во коментарите на веб-страницата на EMSC, додека се истакнува дека земјотресот е почувствуван и на Родос.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Грција со вклучен аларм: прогласена состојба на многу висок ризик од пожар во северниот дел од земјата

Објавено пред

Грција прогласи состојба на „многу висок“ ризик од пожари во Солун и Кукуш, додека Атика и други делови од земјата се ставени под „жолто ниво“ на тревога.

Државниот механизам е во зголемена тревога за денес, бидејќи мапата за прогноза на ризик од пожар на Генералниот секретаријат за цивилна заштита предвидува „многу висок“ и „висок“ ризик од пожар во голем дел од земјата, објавува „ЕРТ“.

Категоријата на ризик 4, односно „многу висок“ ризик ги вклучува областите на Солун и Кукуш.

Властите истакнуваат дека овие специфични области бараат зголемена будност, бидејќи временските услови го фаворизираат појавувањето и брзото ширење на пожарите.

Министерството за климатски кризи и цивилна заштита ги повикува граѓаните да бидат особено внимателни и да избегнуваат каква било активност на село што може да предизвика пожар.

Особено се препорачува да се избегнува употреба на машини што предизвикуваат искри, печење скара на отворено и фрлање запалени цигари.

Исто така, се потсетува дека во текот на сезоната на пожари е забрането палење на полиња и земјоделски остатоци.

Противпожарната служба, регионите и општините од областите со висок ризик се во состојба на зголемена оперативна подготвеност за итен одговор на какви било пожари, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Регион

(Фото) Тешка несреќа во Црна Гора: Загина 21-годишна девојка, дете тешко повредено

Објавено пред

Во тешка сообраќајна несреќа во Црна Гора загина 21-годишна девојка, а 16 други се повредени, објавува Vijesti.me.

Несреќата се случила во градот Липци, на главниот пат Липци – Грахово. Сите патници се српски државјани, изјави директорот на Специјалната болница „Васо Ќуковиќ“ во Рисан, Дино Пањако.

Во несреќата учествувал минибус кој сообраќал од правец на Никшиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 122_mne (@122_mne)

Дете пренесено во Клиничкиот центар
Повредените по несреќата биле пренесени во болницата во Рисан. Една 21-годишна девојка им подлегнала на повредите.

По реанимацијата, десетгодишно дете било пренесено во Клиничкиот центар на Црна Гора, во придружба на анестезиолог и анестетичар, поради тешки повреди на внатрешните органи.

Еден пациент бил пренесен во Клиничкиот болнички центар Котор поради изолирана хируршка повреда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by News Media Community (@moj_portal)

Болница: Девет пациенти имаат сериозни повреди
Специјалната болница „Васо Ќуковиќ“ објави дека екипата за итна медицинска помош примила повик за сериозна сообраќајна несреќа во близина на Липци околу 14 часот.

Помеѓу 14 и 15 часот, во болницата биле донесени 17 лица.

„Вкупно 17 лица биле донесени во нашата установа, од кои едно било реанимирано веднаш по приемот поради тешката општа состојба, но починало поради сериозноста на повредите“, објави болницата.

Останатите 14 пациенти биле подложени на дијагностички тестови и се лекуваат во Рисан. Пет пациенти биле примени на Одделот за интензивна нега, седум на Одделот за ортопедија и двајца на Одделот за неврохирургија.

Девет пациенти имаат сериозни телесни повреди, а пет имаат полесни повреди. Болницата наведува дека сите во моментов се во стабилна општа состојба и не се опасни по живот.

Полиција: Минибусот удрил во камена падина и се превртел
Црногорската полиција објави дека несреќата се случила во 13:10 часот и дека во неа учествувало едно возило.

„Сообраќајната несреќа се случила бидејќи минибусот, кој се движел од правец на Никшиќ, допрел до камената падина што се наоѓа веднаш до патот, од десната страна на патот, поради што возилото се превртело“, соопшти Полициската управа.

Минибусот го управувал 68-годишен маж од Котор. Полицијата ќе земе исказ од него за околностите на несреќата.

Истрагата ја водеше државниот обвинител на Основното државно обвинителство во Котор.

„Се преземаат полициско-обвинителски активности за да се утврдат сите факти во овој настан. Се истражува причината за сообраќајната несреќа, а прелиминарните податоци укажуваат дека возачот бил уморен и поспан“, соопшти полицијата.

Прикажи повеќе...

Регион

Британка пливаше во пештера во Црна Гора: пропелер на глисер ѝ ги фати нозете

Објавено пред

Британска државјанка е тешко повредена во несреќа во близина на Сината пештера на полуостровот Луштица во Црна Гора, кога двете нозе ѝ се заглавиле во пропелер на глисер. Повредената жена е однесена во болница, а полицијата истражува, пишува Vijesti.me.

Несреќата се случила додека туристката пливала во една од помалите морски пештери во близина на попознатата Сина пештера. На патувањето ја донел глисер со регистрациски број 192KT, чија пропелер на крајот ја повредил.

Според достапните информации, капетанот Ж.М. го фатило паника бидејќи морските струи и брановите почнале да го носат кон карпата. Во моментот кога жената пливала во близина на крмата, тој го изгасил моторот, предизвикувајќи пропелерот да ѝ ги заглави нозете.

Повредената жена веднаш била повлечена во глисерот и пренесена во марината Портонови во Кумбор. Таму, таа била преземена од екипата на Итна медицинска помош од Херцег Нови и однесена на понатамошно лекување.

Полицијата во Херцег Нови спроведува истрага и собира информации врз основа на кои надлежното обвинителство ќе одлучи дали да покрене прекршочна или кривична постапка против капетанот Ж.М. Глисерот е привремено запленет.

Според неофицијални информации, бродот му припаѓа на претприемачот Симовиќ од Котор, кој нуди такси услуги и екскурзии со глисери во Которскиот Залив. Инспекциите на Министерството за поморски работи наводно веќе му изрекле неколку казни ова лето во вкупен износ од речиси 40.000 евра за разни прекршувања на Законот за безбедност на пловидбата.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава2 минути

Има 47 години и нема брчки: Шминкерката на Кејт Хадсон откри трик за младешки изглед

Покрај соодветната нега, постојат трикови кои ја прават кожата мазна и светла, за да не забележите колку коректор има. Малкумина...

Свет2 минути

Повеќе од 10.000 луѓе починаа за време на рекордниот топлотен бран што ја погоди Западна Европа кон крајот на јуни

Повеќе од 10.000 луѓе починаа за време на рекордниот топлотен бран што ја погоди Западна Европа кон крајот на јуни,...

Спорт3 минути

Ѓорческа скокна 14 позиции на ВТА листата

Лина Ѓорческа напредуваше 14 позиции на најновата ВТА листа. Пласманот на 208-то место на ВТА листата и го донесе импресивниот...

Македонија7 минути

1426 сообраќајни прекршоци викендов, лишени од слобода 64 лица за безобѕирно управување на возило

Во текот на изминатиот викенд како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за...

Македонија8 минути

Околу 30 казни за жители на Карпош поради неправилно постапување со отпад

Од Општина Карпош информираат дека инспекциските служби на општината имаат преземено акција за спроведување на двосменски дежурства, во насока на...

Забава9 минути

Овие три хороскопски знаци влегуваат во најубавиот период од својот живот

Бог конечно испраќа награда до одредени хороскопски знаци – пари, среќа и крај на сите долгови. Подгответе се за целосен...

Регион14 минути

Грција со вклучен аларм: прогласена состојба на многу висок ризик од пожар во северниот дел од земјата

Грција прогласи состојба на „многу висок“ ризик од пожари во Солун и Кукуш, додека Атика и други делови од земјата...

Свет18 минути

Сикорски: Путин нема сила да ја нападне Полска

Русија во моментов нема воен капацитет за голем напад врз Полска, но би можела да прибегне кон провокации и хибридни...

Топ25 минути

Уапсен 31-годишен скопјанец, со нож го убил својот татко

Вчера околу 23:00 часот во Скопје, на територија на ПС Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од...