Регион
Сириски бегалци и на албанската граница

Поголема група сириски бегалци се приближува од Грција кон границата со Албанија.
Албанските власти јавија дека албанските погранични патроли се засилени на границата кон Грција, бидејќи имаат информации дека сириски бегалци се приближуваат кон границата со Албанија.
Албанските медиуми нагласуваат во своите извештаи дека албанските министерства за одбрана и за внатрешни работи веќе ја засилуваат границата со цел да извршат контроли, ако евентуално Сиријците сакаат да влезат во Албанија. Најмногу претставници на албанската полиција има на граничниот премин Капиштица кон Грција.
Албанската влада на неколку пати последните две недели имаше средби со претставници на ЕУ и САД за нејзина подготвеност ако бегалците од Сирија побараат да влезат во Албанија. /крај/мф/мн/
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Мас: Добар момент за поддршка на дијалогот меѓу Србија и Косово

Сакам да видам на самото место како можеме да го поддржиме нормативниот дијалог меѓу двете земји, рече германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, пред неговата посета на Приштина и Белград.
Борбата против пандемијата на Ковид-19 и продолжување на дијалогот – ова ќе бидат централните теми во разговорите на германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, во Приштина и Белград денеска и утре.
„Пандемијата на коронавирусот уште еднаш ни покажа колку се тесно поврзани судбините на Германија, Европската Унија и Западен Балкан. Никој во Европа не останува недопрен од успехот и неуспехот на нивните соседи. Фактот дека сега можеме да го делиме растечкиот напредок во вакцинацијата во ЕУ со земјите од Западен Балкан е клучен момент во заедничката борба против вирусот“, велат од кабинетот на германскиот министер додавајќи дека ќе разговараат и за тоа како до справување со економските и социјалните последици од пандемијата.
Кога станува збор за дијалогот, Мас нагласува: „Сè уште нерешените односи меѓу Србија и Косово го забавуваат развојот на двете земји и на целиот регион, а со тоа и натамошното приближување кон Европската Унија“. Затоа сакам да видам на самото место како можеме да го поддржиме дијалогот меѓу двете земји, кој е модериран од Европската Унија. Доаѓањето на новата влада во Приштина е добро време за тоа. Во исто време, со отворање нова амбасада во Белград, ние јасно инвестираме во нашите односи со Србија“, истакнал Мас.
Регион
Просечната плата за февруари во Хрватска изнесува 930 евра

Просечната нето-плата по вработен исплатена во Хрватска во февруари изнесува 930 евра (7.038 куни), што е реално 3,4 проценти повеќе на годишно ниво, покажуваат податоците на Централното биро за статистика (ЦБС) објавени во вторникот.
Во споредба со јануари годинава, просечната исплатена нето-плата е реално поголема за 0,5 проценти.
Најголемата просечна месечна нето-заработка по лице во февруари е исплатена во производството на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, и тоа во износ од 2.500 евра (18.989 куни), додека најниска заработка, во износ од 565 евра (4.277 куни) е исплатена во сегментот за заштита и истрага.
Регион
Во Хрватска 2.885 нови случаи на коронавирус, 46 лица починаа

Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 2.885 нови случаи на коронавирус, а 46 лица починале, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Има 2.229 пациенти на болничко лекување, од кои 226 се на апарати за дишење.
Во последните 24 часа починале 46 лица, така што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 6.738.
Денес во Хрватска има вкупно 16.116 активни случаи на коронавирус, а 33.940 лица се во самоизолација.
Во последните 24 часа биле тестирани 10.537 лица.
Од почетокот на епидемијата во Хрватска, вкупно 316.308 лица се заразиле со новиот коронавирус.
До вчера во Хрватска се искористени 726.315 дози вакцина против коронавирус, а вакцинирани се 578.273 лица.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион7 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?