Регион
Сириза во минимална предност, излезни анкети
На неделните предвремени парламентарни избори во Грција партијата на радикалната левица Сириза на поранешниот премиер Алексис Ципрас е во минимална предност пред својот најголем конкурент конзервативната Нова демократија, покажуваат излезните анкети.
Комбинираните анкети на пет телевизии покажуваат дека Сириза може да освои меѓу 30 и 34 отсто од гласовите, додека Нова демократија би добила меѓу 28,8 и 32,5 отсто. На третото место, пак, е неонацистичката партија Златна зора, која во излезните анкети освојува од 6,5 до 8 отсто од гласовите.
Доколку ваквиот однос остане и натаму, за формирање на новата грчка влада ќе биде неопходно да се формира коалиција. Според прелиминарните податоци, одѕивот на гласачите бил понизок во вообичаено, и не надминал 60 отсто.
Грците во неделата излегоа на избирачките места за по вторпат оваа година, првиот пат исто така на вонредни парламентарни избори гласаа на 25-ти јануари, за да го изберат новиот парламент, а последните анкети пред изборите даваа минимална предност на Сириза и Алексис Ципрас пред Нова демократија и Вангелис Меимаракис.
На последниот предизборен митинг Ципрас порача дека победата на Сириза, ќе биде „решавачки резултат“ за Европа и „порака“ за другите земји кои се подложни на политиките на остри штедења и притоа ги истакна трите земји од еврозоната – Шпанија, Ирска и Португалија.
Имајќи предвид дека Грција треба да ги намири своите обврски според третата програма за меѓународна финансиска помош во износ од 86 милијарди евра, Европската унија и водечките европски земји посакуваат изборите да се завршат со создавање голема коалиција. Меѓу Ципрас кој го потпиша новиот договорот за новиот заем, и Меимаракис за кој приоритет е останувањето на земјата во еврозоната.
Меѓутоа, и Сириза и Нова демократија, иако и двете се обврзаа за почитување на условите за исплата на новиот заем, се разидуваат во клучните прашања за спроведување на реформите, како што се либерализацијата на пазарот на трудот,колективните договори и мигрантската криза која силно ја погаѓа Грција.
Сириза исклучува секаква можноста од голема коалиција со Нова демократија. „Клучно прашање на гласачкото ливче е дали ќе имаме напредна сила со Сириза или конзервативна со Нова демократија“, изјави Ципрас.
Меимаракис во кампањата истакнуваше дека не може да се има доверба во Сириза, која во јануари дојде на власт токму поради ветувањата дела ќе ги укине мерките за штедење наметнати од претходните договори со меѓународните кредитори, а потоа ја сврти приказната./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Повеќе од половина Србија обоена во жолто: Итно предупредување поради можно невреме
Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем, Белград, Западна Србија, Поморавље и Шумадија, со цел да се предупреди за можна појава на грмежи.
Се очекува слаб до умерен дожд во областа Бачка.
Во Бачка во следните два часа на места ќе има врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.
Инаку, жолтиот метео аларм се „вклучува“ кога времето може да биде потенцијално опасно, поточно кога се предвидуваат опасни временски појави.
„Тие се со таков интензитет што можат да предизвикаат материјална штета и да бидат опасни за луѓето и животните. Треба да бидете многу внимателни, свесни за ризиците и редовно информирани за деталите за очекуваните метеоролошки услови“ велат од надлежните државни служби.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.