Регион
Словенците сакаат Грција да им го врати долгот
Грција мора да и ги врати на Словенија позајмените пари, покажала анкетата на словенечкиот дневник „Delo“, а поголем дел од анкетираните сметаат дека победата на СИРИЗА на изборите може да се преслика во другите земји каде што има слични партии.
Дека Грција целосно треба да го врати својот долг кон Словенија изјавил 55 проценти од анкетираните, а останатите, пак, допуштиле можност за отпишување на помал дел од долгот или пак негово репрограмирање, додека за целосно отпишување на долгот се заложиле само шест проценти.
На прашањето дали Словенија би требало да и попушти на Грција, на која во рамките за европскиот пакет за спас на еврото и даде 250 милиони евра кредит и околу милијарда евра кауција од европскиот фонд, 62 проценти навеле дека треба да се побара од Грција словенечкиот долг целоно да го пратат, додека 18 отсто изјавиле дека делимично треба да се отпише долгот за земјата што поскоро да излезе од криза.
На прашањето дали сметаат дека и во другите земји членки на Европската унија (ЕУ) би можеле да победи радикална левица налик СИРИЗА, позитивно одговориле 47 отсто од испитаниците, а дека тоа би можело да се случи и во Словенија сметаат 33 проценти од анкетираните.
Победата на СИРИЗА на изборите во Грција во словенечките медиуми беше дочекана со многу симпатии, а водечките медиумски коментатори навеле дека тоа би можело да им сигнализира на Германија и на останатите земји членки на ЕУ кои се заземаат за политика на строго штедење и фискална стабилизација, дека таквата политика би требало да се промени./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.
Регион
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ го откажал полномошното на адвокатот
Небојша Живановиќ, адвокатот на Радослав Д., таткото на Дејан Д., кој е осомничен за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, за Танјуг изјави дека неговиот клиент го откажал полномошното.
Радослав Д. е осомничен дека му помогнал на својот син да го премести телото на девојчето од депонијата на засега непозната локација.
Со оглед на тоа што го откажал полномошното на избраниот бранител, сега треба да му се определи бранител по службена должност на Радослав Д.
Биолошкиот брат на осомничениот Дејан Д., Далибор Д., почина на 7 април во Полициската станица во Бор, каде беше осомничен дека му помогнал на својот брат да го скрие телото на двегодишното девојче.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага и детални проверки и информации ги уапси Срѓан Ј. и Драган Д. од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.
Телото на девојчето се уште не е пронајдено.