Регион
Словенечко Delo: Пресудите на судот во Хаг не придонесоа за меѓусебна доверба
Пресудите во Хаг не придонеса за воспоставување на доверба меѓу државите и етничките групи, коментира словенечкиот весник Delo.
„Судскиот совет на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (ICTY) со изрекувањето на пресудата на Радован Караџиќ за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото покажаа дека високата политичка положба не овозможува повеќе заштита пред кривичното гонење. ICTY и останатите кривични судови го завршија долгиот период на неказнување на воени злосторства“, пишува словенечкиот весник.
Судот во Хаг им овозможи на жртвите да сведочат за стравовите кои ги видоа или доживеаа и на тој начин стана „совест на човештвото“.
„Меѓународната заедница наивно веруваше дека секоја одлука на овој суд веднаш ќе ги помири раскараните етнички групи на Балканот, но всушност уште повеќе ги раздели. Во регионот ICTY го сметаат како политички суд, а најнегативно значење тој има помеѓу повеќето Срби, кои се уверени дека судот е основан поради демонизацијата на српскиот народ. На западен Балкан се уште се признаваат само туѓите злосторства и сопствените жртви, а се молчи околу сопствените злосторства и злосторници“, коментира Delo./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.
Регион
Пленковиќ по победата на изборите во Хрватска: Набргу ќе дознаете со кого ќе имаме мнозинство
Актуелниот премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ, чија партија ХДЗ победи на парламентарните избори во Хрватска, објави дека набргу ќе се знае со кого ќе формираат влада.
„Одлично е чувството, трета победа во низа и убедлива, тоа никој не успеа да го направи пред нас. Презадоволни сме, урнат е митот дека високиот одѕив не ѝ одговара на ХДЗ“, изјави Пленковиќ.
„Многу набргу ќе дознаете со кого ќе формираме ново мнозинство во Собранието. Разговаравме со некои наши колеги уште синоќа, а денеска ги продолжуваме разговорите. Сè оди добро, победниците ќе ја водат владата и во третиот мандат“, порача Пленковиќ.
Неофицијалните резултати по обработката на речиси сите избирачки места, според пресметките, покажуваат дека ХДЗ убедливо победува на парламентарните избори и освојува 61 мандат, а Риека правде на СДП добива 42 мандата.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.