Контакт

Регион

Софија сака со Москва да разговара за Јужен тек

Објавено пред

Делегација на владата на Бугарија во петок, 19-ти декември, ќе ја посети Москва за преговори со рускиот министер за енергија Александар Новак за можноста за продолжување на изградбата на гасоводот Јужен тек, од кој на почетокот од декември Русија објави дека се откажува, обвинувајќи ја Европската унија за опструкции на проектот. Москва, пак, објави дека на споменатиот датум нема да се одржи средбата, но не го отфрли нејзиното одржување.
 

dobivaj vesti na viber

Делегација на владата на Бугарија во петок, 19-ти декември, ќе ја посети Москва за преговори со рускиот министер за енергија Александар Новак за можноста за продолжување на изградбата на гасоводот Јужен тек, од кој на почетокот од декември Русија објави дека се откажува, обвинувајќи ја Европската унија за опструкции на проектот. Москва, пак, објави дека на споменатиот датум нема да се одржи средбата, но не го отфрли нејзиното одржување.

 

„Бугарија никогаш немала намера да се откаже од проектот Јужен тек, и веќе во петок во Москва ќе се одржи состанокот меѓу бугарскиот и рускиот министер за енергетика во врска со тој проект“, изјави во вторникот навечер во Белград бугарскиот министер за економија Божидар Лукарски, во рамките на Самитот на премиерите на Кина и на 16-те земји од централна и источна Европа.

Од своја страна средата портпаролот на министерството за енергетика на Руската Федерација, изјави дека Москва ја разгледува можноста за одржување на состанокот со бугарската делегација, но по 19-ти декември, бидејќи станува збор за однапред подготвен распоред на министерот Александар Новак.

„Ја планираме средбата, но не на 19-ти декември, бидејќи министерот има многу набиена агенда, а покрај тоа и предлогот од бугарската страна дојде предоцна“, изјавиле од руското министерство за РИА Новости. Додале дека датумот ќе биде одреден подоцна.

Лукарски претходно во Белград тврдеше дека средбата во Москва ја иницирало бугарското министерство за енергија кое добило брз одговор од рускиот министер Александар Новак, кој наводно уште за текот на седмицата ги закажал разговорите за Јужен тек.

„Сакавме да го слушнеме ставот на министерот за енергетика на Русија“, изјави Лукарски и додаде дека повеќе детали за судбината на гасоводот Јужен тек ќе се знае по таа средба.

Повтори дека Бугарија нема намера да го прекинува проектот Јужен тек истакнувајќи дека од бугарска страна „секогаш постоеше желба дека тој проект да се оствари, но во рамките на европските енергетски правила“.

Лукарски истакна и дека ќе се оди натаму со тој проект кој е важен за Бугарија и повтори дека тој проект за Софија не е завршен.Германската канцеларка Ангела Меркeл ја повика во понеделникот Бугарија да започне нови преговори со Русија за гасоводот Јужен тек, откако Москва објави дека се откажува од вој проект во полза на новиот правец за снабдување преку Турција.. Мораме да ги разгледаме сите правни прашања на проектот Јужен тек, и тоа да го искористиме за разговори со Русија“, изјави Меркел по средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов во Берлин. Додаде дека многуте договори веќе биле склучени и важно е двете страни да останат доверливи партнери.

Борисов од своја страна по средбата изразил уверување дека тешкотиите можат да бидат надминати, и надеж дека Брисел ќе го изнесе својот став за ова прашање.

„Мислиме дека руските и бугарските партнери мора да продолжат на правна основа, инаку би го кршеле договорот, кој беше потпишан со Бугарија пред да биде со Европската унија како партнер во 2006-та“, појаснила Меркел. За сите отворени прашања во врска со проектот, според германската канцеларка, треба да се разговара „многу разборито“. Меркел притоа истакнала дека од европска страна не бил откажан проектот Јужен тек. „Претставниците на германското стопанство имаат искуство во соработката со Русија како партнер од доверба“, истакна Меркел додавајќи дека го има предвид покрај другото и снабдувањето со руски енергенси на Германија. Европската унија, којашто ги залади односите со Русија, под влијанието на САД, поради нејзиното наводно вмешување во кризата во Украина, изнесуваше низа забелешки за гасоводот Јужен тек кој заобиколувајќи ја Украина требаше да минува под Црното Море и на територијата на ЕУ да влегува преку Бугарија. Брисел тврдеше дека овој проект проценет на 40 милијарди евра, во формата којашто беше понуден, ги кршел европските закони.

За време на посетата на Турција на 1-ви декември, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека проектот нема да продолжи и дека наместо тоа Русија ќе гради гасовод до Турција, наместо до Бугарија, која според него го попречила проектот. Европската комисија претходно ја предупредуваше Бугарија да не продолжи со изградбата на Јужен тек, бидејќи проектот не бил усогласен со европските правила, вклучувајќи ја и легислативата позната како „Трет енергетски пакет“.

Поборниците на проектот истакнуваа дека гасоводот кој со заобиколувањето на Украина, всушност нудеше непречено испорачување на рускиот природен гас имајќи претходните две ткн „гасни војни“ во 2006 и 2009 година меѓу Киев и Москва поради украинското одбивање да ги прифати цените и руското обвинување за поткраднување на гасот наменет за европските корисници вклучително и најновата украинска криза од 2014-та.

Рускиот претседател ја изненади Европската унија пред две седмици во Анкара кога објави дека се откажува од Јужен тек, префрлајќи ја вината врз Брисел, кој според него го опструирал проектот.

Путин ја обвини ЕУ дека и’ ја негира сувереноста на Бугарија, којашто инаку во моментов е силно зависна од рускито гас и предупреди дека блокирањето на проектот е „штетно и против европските економски интереси“. Русија задоволува околу 30 отсто од европските потреби од гас, а половина од тоа количество одеше преку Украина.

И Србија и Унгарија, кои исто така сакаат да си обезбедат гас преку Јужен тек, се поборници на продолжување на проектот.

Изградбата на новиот гасовод во Турција по дното на Црното Море беше најавена на 1-ви декември, за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Анкара. Новиот гасовод ќе биде изграден како замена за веќе напуштениот проект Јужен тек, за што Путин објави по разговорите со турската страна, како што рече, поради опструкциите и „неконструктивната позиција“ за негово градење од страна на Европската унија. Овој гасовод требаше, исто така, по дното на Црното Море да ја заобиколи Украина, и да излезе на копното во Бугарија, да минува низ Србија, Унгарија и Словенија до Австрија и Италија.

Веќе истиот ден „Газпром“ и турската компанија „Ботас“ потпишаа меморандум за разбирање за изградба на гасовод преку Црното Море со капацитет од 63 милијарди кубни гас годишно, исто како и Јужен тек. Од ова количество, 14 милијарди кубни метри гас ќе бидат наменети за Турција, којашто најверојатно добива и повластена цена, а другите 49 милијарди кубни метри руски гас ќе бидат пренасочени кон гасниот центар на границата меѓу Турција и Грција./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Регион

Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова

Објавено пред

Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.

Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.

Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари

Објавено пред

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.

dobivaj vesti na viber

„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.

Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.

„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.

„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“

Објавено пред

Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.

dobivaj vesti na viber

„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.

Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.

Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.

Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија8 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија9 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија9 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија10 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија11 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија12 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија12 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија12 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија12 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија13 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија13 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија13 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија13 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија14 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија14 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија15 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија17 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија19 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....