Регион
Спасени деветте турски рудари
Спасени се сите девет рудари коишто беа затрупани во окното во вторникот претпладне во турската црноморска покраина Зонглудак, пренесуваат турските медиуми.
Сите деветмина се чувствуваат добро по неколкучасовниот престој под земјата, а откако биле превезени во болница, пуштени се во своите домови.
Локалните медиуми наведуваат дека инцидентот се случила ноќта кон вторникот и оти рударите повеќе часови биле затрупани пред да им биде јавено на властите. Весникот Hurriyet наведува дека дури девет часови минале под земја пред дежурниот инженер не ги известил локалните власти
„Несреќата се случила пред 3 часот, но инженерот не им пријавил на властите. Таткото на еден од рударите заробени во внатрешноста на рудникот се обратил во полицијата околу 11,40 часот кога и се дозна за несреќата. Сите мерки потоа беа преземени“, изјавил гувернерот на покраината Зонгулдак, Али Кабан за агенцијата Anadolu, додавајќи дека е отворена целосна истрага за случајот.
Станува збор за приватен рудник во близина на Дилавер, а според претставници на компанијата и на синдикатот, несреќата се случила кога се урнал таванот на една од галериите во копот.
Зонгулдак е центарот на рударската индустрија за вадење јаглен во Турција и во покраината се регистрирани многу несреќи во тамошните јагленокопи.
Несреќата се случува три месеца по најтешката рударска несреќа во Турција, кога во пожарот што изби во рудникот во градот Сома загинаа 301 човек, потсетуваат турските медиуми во вторникот.
Оваа трагедија во Сома поттикна многу бурни реакции на јавноста и сотри критики за власта обвинувајќи дека им ги дава рудниците под наем на приватни компании кои се блиски на владејачката партија. Беа истакнати и обвинувања дека постојано се игнорираат предупредувањата за слабата безбедност за работниците во турските рудници.
Владата на сега веќе новиот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган ги отфрли ваквите обвинувања и посочи дека редовните инспекции не забележале никаква неправилност во делот на безбедноста во Сома.
Токму поради тоа, во вторникот министерството за труд и социјална грижа веднаш реагираа дека управувањето со рудникот било нелегално, и покрај одлуката да се запре производството поради лошите услови за работа и компанијата била минатата година парично казнета, а годинава во март уште еднаш платила глоба за истиот прекршок.
Екипи на државниот Турски институт за јаглен (TTK) службата за менаџирање катастрофи AFAD остануваат на теренот, бидејќи инспекторите ја продолжуваат својата работа во рудникот по завршувањето на операцијата за спасување на работниците./крај/мф/сн
Извор: Hurriyet
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.