Регион
Србија: Дивеење во Нови Сад, нападнати три локали во сопственост на Албанци
Нападите на локали во сопственост на Албанци во Србија продолжиле и во четвртокот вечерта, откако непознати лица запалиле една пекара, а оштетиле и пекара и ќебапчилница во Нови Сад, пренесува Б92.
Засега останува непознати деталите дали се работи за истата група на хулигани, а од српската полиција соопштиле дека работат на случајот.
Пекарата „Ас пек“ била целосно изгорена, откако на неа биле фрлени Молотови коктели, а засега нема информации за повредени.
Во интервал од еден час во Нови Сад биле нападнати и локалот „Баш ќебап“ и пекарата „Европа“.
На ќебапчилницата, која се наоѓа во центарот на Нови Сад, и бил искршен излогот, а еден час подоцна во пекарата „Европа“ упаднала група хулигана која почнала да ги навредува работниците по национална основа, а потоа го искршила излогот на локалот.
Според информациите на Б92, работниците во пекарата биле од српска и унгарска националност.
Нападите на локалите беа осудени и од претставниците на градските власти и опозицијата, како и од претстаниците на невладиниот сектор, а најавено е дека и градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ во петок ќе ги посети локалите.
Бранот на насилство започна веднаш по инцидентот на фудбалскиот натпревар Србија – Албанија, а во средата вечерта непознати лица запалија две пекари, чии сопственици се Албанци, во Сомбор и Стара Пазова, додека една пекара во Нови Сад беше каменувана./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија
За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.
Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.
Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.
Регион
Уапсена државјанка на Јужна Африка, осомничена дека ја убилa мајка си во Црна Гора
Јужноафриканска државјанка е уапсена под сомнение дека утрово ја убила својата мајка во Пераст.
Полициската управа соопшти дека медицинскиот персонал на Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст е пронајдено безживотно тело на жена, а таму била пронајдена и нејзината ќерка Н.Л.Т., пренесува Вијести.
„Полицијата излезе на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатата, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои настапила смртта“, се вели во соопштението на полицијата.
Оттаму додаваат дека увид на лице место е извршено во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.
„По преземени сеопфатни истражни дејствија, припадниците на полицијата дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т. и таа е лишена од слободата.
Регион
Османи: Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово
Косовската претседателка Вјоса Османи упати низа обвинувања за Србија на седницата на Советот за безбедност (СБ) на Обединетите Нации (ОН) посветена на Косово.
Османи обвини дека Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово.
Таа изјави дека Србија ја заплашува српската заедница на северот на Косово, а како пример го наведе неодамнешното апсење на косовски полицајци во Србија, пренесува „Радио Слободна Европа“.
Османи обвини и оти Србија претходните денови на граница задржувала автобуси со патници од албанска националност.
Владата на Косово претходно овие постапки ги оцени како одмазда на Србија за поддршката дадена од Парламентарното собрание на Советот на Европа за членството на Косово во оваа организација.
„Србите во Косово се под притисок, но од страна на властите во Србија“, рече Османи.