Контакт

Регион

Србија до март 2015 целосно ќе го заврши скринингот за преговорите со ЕУ

Објавено пред

Српското министерство за надворешни работи соопштило дека до март 2015 година целосно ќе го заврши скрининг процесот за сите 35 преговарачки поглавја во процесот на пристапувањето на Србија кон Европската унија (ЕУ).

 

Експланаторниот скрининг за поглавјето 31, кое се однесува на надворешната, безбедносната и одбранбената политика, бил одржан во средата во Брисел, и со ова бил отворен процесот на аналитички преглед на законодавството во оваа област, било наведено во соопштението на српското министерство, пренесува Танјуг.

 

„По успешното завршување на скринингот за поглавјето 31, Србија досега го започна и аналитичкиот преглед на законодавството за вкупно 21 поглавје“, соопштиле од српското МНР.

 

Се очекува дека до март 2015 година ќе биде завршена анализата за усогласеноста на српското законодавство со европското, во сите 35 поглавја.

 

„Претставниците на Европската комисија истакнаа дека се задоволни од досегашниот тек на процесот на анализата на хармонизацијата на српското и европското законодавство, оценувајќи дека српската администрација покажала високо ниво на подготвеност и посветеност во процесот на европската интеграција и реформите“, бил заклучокот во соопштението на српското министерство./крај/мф/бс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Објавено пред

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во леталото избило пожар, соопштија грчките власти.

Авионот на летот од Берлин кон Атина побарал дозвола за принудно слетување на најблискиот аеродром поради пожар во кабината во моментот додека леталото било над Халкидики, соопшти грчкото Министерство за цивилна заштита.

Авионот со 157 патници, едно дете и шест членови на екипажот успешно слетал на аеродромот во Солун, се додава во соопштението пренесено од Ројтерс.

Прикажи повеќе...

Регион

Најголем број на смртни случаи во Србија за еден ден: 11 починати, 309 лица позитивни

Објавено пред

Од последниот извештај во Србија тестирани се примероци од 8.102 лица, од кои 309 се позитивни на коронавирус.

Единаесет лица починаа, а 81 е на респиратор.

Според денешните податоци, од вкупниот број починати, петмина починале во Нови Пазар, тројца во Ниш и еден во Врање.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Секој втор починат од коронавирус во Хрватска живеел во старски дом

Објавено пред

Речиси половина од оние што починале од Ковид-19 во Хрватска досега живееле во домови за стари лица, пишува „Јутарњи лист“.

Според Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗJЗ), од 108 починати 50  биле сместени во старски домови.

„Овие бројки не се неочекувани затоа што знаеме дека старите лица се најранливото население во светот. Во голем број европски земји корисниците на домови за стари лица сочинуваат помеѓу 60 и 70 проценти од смртните случаи. Ние во Хрватска долго време се обидувавме да ги заштитиме корисниците на старските домови, но, за жал, тогаш се појавија неколку случаи на заразени со коронавирус, што доведе до овие смртни случаи“, рече епидемиологот Бранко Колариќ, редовен професор на Универзитетот во Риека и член на Научниот совет за борбата со  пандемијата на коронавирус на Владата на Република Хрватска.

Иако најголема смртност е забележана кај постари лица, податоците за ХЗJЗ покажуваат дека најголем број потврдени случаи на ковид има кај возрасната група од 50 до 59 години.Во однос на претходните анализи, има зголемување и на процентот на пациенти кај возрасните групи од 20 до 29 и 30-39 години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Заев: САД се нашиот најголем партнер во градењето на стабилна, демократска држава

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, испрати честитка по повод 4 јули, Денот на независноста на Соединетите Американски Држави. Во честитката...

Свет51 минута

Осумгодишно момче убиено во пукање во САД

Осумгодишно момче загина, а тројца други се повредени во пукање во трговски центар во Алабама, објави АП. Полицијата сè уште...

Свет1 час

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет2 часа

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет2 часа

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет2 часа

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Регион13 часа

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет14 часа

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет15 часа

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ18 часа

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија19 часа

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа20 часа

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија21 час

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ21 час

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет22 часа

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија23 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет24 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија24 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија24 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион1 ден

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Досие