Регион
Србија го одбележува Денот на сеќавањето на страдањата и прогонот на Србите во хрватската операција Бура
Во Србија во четвртокот и петокот со низа манифестации се одбележува Денот на страдањата и прогонот на Србите, по повод годишнината од операцијата на хрватските безбедносни сили „Бура“ во Краина, во текот на којашто според официјалните српски податоци загинале или исчезнале околу 2.000 Срби кои претходно живееле во споменатиот хрватски регион, а биле протерани најмалку 250.000 луѓе
Операцијата „Бура“ (Олуја), траела од 4-ти до 9-ти јули 1995 година и била добро испланирана операција, во којашто хрватската страна и денес тврди дека целта била ослободување на окупираните хрватски територии, додека српската дека била смислен план за протерување на тамошното српско население.
Централната државна манифестација ќе се одржи во населбата Бусије крај Зрењанин, населена главно со бегалско население од Хрватска и Босна и Херцеговина во текот на војните на поранешните југословенски простори до средината на 1990-те година, по акцијата „Бура“. На собирот ќе зборува српскиот премиер во технички мандат Александар Вучиќ и претседателот на ентитетот во БиХ Република Српска, Милорад Додеик, како и српскиот патријарх Павле, кој ќе го предводи и верскиот обред за настраданите Срби.
Ќе се одржи пригодна уметничка програма под насловот „Нашата така .. преголема“, а на централната државна манифестација ќе присуствуваат членови на српската влада и на владата на Република Српска, парламентарци од Србија и Република Српска, претставници на Војската на Србија, на Српската православна црква и членови на дипломатскиот кор во Србија.
Во петокот ќе биде служена литургија во Црквата на свети Марко во Белград, а точно напладне во знак на жртвите ќе се огласат сите црковни камбани и сирени во српската престолнина.
Според здружението Документи, кое ги документира човечките загуби во текот на војната од 1991 до 1995 година, Славен Рашковиќ, кој и самиот како дете на трактор побегнал од Книн а подоцна се вратил, досегашните резултати, потврдени од три независни извори, упатуваат на тоа дека бројот на жртвите е помал од 677 цивили, коишто ги наведува Хрватскиот хелсиншки комитет, а секако помал од 1.200 жртви со кои оперира Србија. Според Братрис Ле Бон Вујановиќ, која работи на враќање на бегалците, се вратиле само 25 отсто од избеганите Срби./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.