Регион
Србија ја одбележува годишнината од убиството на премиерот Ѓинѓиќ
Во Србија и во главниот град Белград во саботата со низа манифестации беше одбележана 13-годишнината од убиството на премиерот и претседател на Демократската партија (ДС), Зоран Ѓинѓиќ, врз кого на 12-ти март 2003 година беше извршен атентат пред зградата на српската влада.
Претпладнето венец на спомен плочата во дворот на владаа положија премиерот Александар Вучиќ и министрите во неговиот кабинет, а со полагање цвеќе и оддавање почести по повод годишнината од убиството на Зоран Ѓинѓиќ го одбележаа претставниците на Демократската партија на Бојан Пајтиќ, на Либерално-демократската партија (ЛДП), на Чедомир Јовановиќ, на Социјалдемократската партија (СДС) на Борис Тадиќ и на Нова партија (НС), Зоран Живкович, партии настанати со издвојување од изворната ДС на чие чело во почетокот на 2000-те беше убиениот Ѓинѓиќ.
Низ центарот на Белград беше одржана традиционалната поворка под наслов Прошетка за Зоран, а во Алејата на великаните на Новите гробишта цвеќе положија членовите на семејството и поранешните партиски колеги на Ѓинѓиќ и неговите пријатели и почитувачи.
Во организација на ДС одржано беше и финалното натпреварување во ораторство во чест на Ѓинѓиќ, а в Студентскиот културен центар ќе биде одиграна претставата „Да се убиен Зоран Ѓинѓиќ“, на Златко Павковиќ и Рајко Ѓуриќ.
По повод годишнината до смртта на Ѓинкиќ во текот е документарната изложба наречена едноставно Зоран, на којашто се изложени фоторгафии кои самиот ги направил и книгите коишто ги напишал и превел. Изложбата, како што е наведено во најавата, е приредена „со намера да не биде запаметен само како политичар и автор на метафори и цитатите, туку како научник, филозоф, преведувач и семеен човек“.
„Гледајте во иднината. Таму ќе се споиме ви и јас… Имаме огромна историска шанса да сториме нешто големо и во оваа земја, и во вој региони, но мораме силно да се трудиме таа шанса да не ја прокоцкаме“, некои се од пораките на Ѓинѓиќ со кои по повеќегодишното владеење на Слободан Милошевиќ (чија годишнина од смртта во притворот на Хашкиот суд беше одбележана во петокот) и долгогодишните меѓународни санкции, војните и воените последици, се обидуваше да ги мотивира Србите и политичките неистомисленици на промените и реформите, со намера земјата да ја поведе кон ЕУ.
Зоран Ѓинѓиќ, кој се смета за првиот демократски српски премиер, беше убиен со снајперски истрели во дворот на владата на 12-ти март 2003 година. Поради организирање на атентатот на 40 години затвор е осуден поранешниот командант на Единицата за специјални операции (ЈСО) на МВР на Србија,, ткн „црвени беретки“, Милорад Улемек Легија. На 40 години затвор е осуден како атентатор Звездан Јовановиќ, поранешен заменик на Улемек во ЈСО.
И покрај многуте контроверзии и повеќегодишните шпекулации за тоа кој сé би можел да има мотив и цел Ѓинѓиќ да биде отстранет од политичката сцена на Србија, политичката заднина на неговите убиство сé уште не е откриена./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.