Регион
Србија очекува до крајот на годинава 7.000 барања за азил
До почетокот на август годинава во Србија пристигнале повеќе азиланти отколку во текот на целата претходна 2013 година, а се очекува дека до крајот на 2014-та властите ќе примат повеќе од седум илјади барања за азил, пишуваат во понеделникот белградските дневни весници.
До почетокот на август годинава во Србија пристигнале повеќе азиланти отколку во текот на целата претходна 2013 година, а се очекува дека до крајот на 2014-та властите ќе примат повеќе од седум илјади барања за азил, пишуваат во понеделникот белградските дневни весници.
Со потресните исповеди на малолетни азиланти кои на патот кон западна Европа од Сирија, преку Турција и Бугарија, пристигнале во Србија, белградскиот дневен весник Вечерње новости наведува дека до август годинава во Србија азил побарала 5.427, од кои 598 се деца, што го надминува минатогодишниот број од вкупно 5.065 лица колку официјално влегле во процедури за поднесување барање за азил.
Половината од азилантите во Србија доаѓаат од Сирија, па потоа следат Авганистан, Еритреја, Сомалија, а се проценува дека во следните три месеца од годинава би можело за третина да се зголеми бројот на досега евидентираните.
„Очекуваме дека до крајот на годината повеќе од седум илјади луѓе ќе побараат азил, што ќе биде најголемиот од воспоставувањето на азилантскиот систем од 2008 година“, изјави за весникот Радош Ѓуровиќ од Центарот за заштита и помош на баратели на азил.
Во Србија повеќето азиланти доаѓаат како во транзитна земја и во просек не се задржуваат подолго од две седмици во центрите за прифаќање, а според сториите што ги пренесува Вечерње новости, очигледно дека попатно тие често стануваат жртви на трговците со луѓе и криумчарите кои ги уценуваат, присилуваат на работа, на питање и проституција, како современи рабови, ги подготвуваат за такви и слични „дејности“ во големите европски градови.
„Многумина од имигрантите попатно исчезнуваат или загинуваат, а најмногу се загрозени децата, кои без придружба годинава досега ги имаше 382, Тие доаѓаат од Авганистан, Пакистан Сирија, но набрзо откако ќе се јават во центрите за азил или во полицијата, исчезнуваат без траги“, појаснува за везникот претставникот на српскиот Центар за заштита и помош на барателите на азил.
Во Србија во моментов постојат пет центри за прифаќање и за азил, со вкупно малку повеќе од 600 места, а најавите за отворање на уште еден во белградската општина Младеновац поттикна протести и кампања на локалното население против основањето на идниот азилантски центар./крај/мф/сн
Извор: Вечерње новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двегодишното девојче кое исчезна во Србија се бара насекаде, полицијата врши распити на голем број лица
Потрагата по девојчето Данка Илиќ (2), кое во вторникот исчезна во Бањско поле во Бор, се уште трае и не се знае како е можно девојчето да се изгуби. Полицијата ја проверува секоја информација што ќе дојде до нив, сослушани се неколку лица, повторно се разговараше со родителите, но ниту една информација не укажува на тоа што се случило и каде е Данка, пишува „Нова.рс“
Екипата на порталот денеска беше во Бањско поле каде се уште има голем број полицајци. Властите со багер го чистеа теренот околу куќата во која последен пат била видена Данка. Исто така, на имотот е извршено ископување, а јамите повторно се пребаруваат.
Полицијата ја истражува секоја трага што може да укаже на тоа што се случило со девојчето.
„Полицијата разговараше со голем број луѓе, соседи, познаници, се со цел да ја пронајде Данка. Досега ниту една трага не довела до тоа каде е девојчето или што и се случило“, вели изворот на Нова.рс.
Истрагата се одвива во повеќе правци, а денеска полицијата повторно разговараше со родителите на девојчето.
„На вториот ден од нејзиното исчезнување, родителите на девојчето биле во полиција до доцна во ноќта. Тие утрово биле повторно повикани, а исто така цел ден поминале во полициска станица. Не се познати околностите врз основа на кои два дена биле на распит. Извесно е дека родителите вчера имале разговори и со Центарот за социјална работа, а повеќе од тоа не се знае“, додава изворот на „Нова.рс“.
Неофицијално беше објавено и дека полицијата нашла нова трага, односно дупка на местото на кое исчезна девојчето, и дека целото внимание го насочува кон тоа.
Она што е сигурно е дека се проверуваат сите околности и се сослушуваат и сите лица кои можеби имаат сознанија за случајот.
Меѓу нив е и кој бил зад воланот на автомобилот „пунто“ што го снимиле надзорните камери на куќата во Бањско Поље, во моментот на исчезнувањето на малата Данка. Куќата пред која е снимен автомобилот се наоѓа на стотина метри од местото каде исчезна Данка.
На снимката се гледа автомобил кој брза околу 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, околу 13 часот и 45 минути, како што вели нејзината мајка.
„Ја знам таа жена, ја видов како носи две деца во парк, страшно е што се случи“, велат соседите.
Девојчето Данка Илиќ исчезна во вторникот во Бањско Поље кај Бор. Во средата по 27 часот полицијата ја прекина потрагата и започна друг вид на акција за пронаоѓање на детето. Во ова мало место кај Бор се уште остана одреден број полицајци, а вчера беше блокиран и пристапот до куќата.
Во потрагата по исчезнатото дете се вклучени припадници на Жандармеријата, пожарникари, планинска спасувачка служба, како и голем број доброволци.
Регион
„Само се шалевме“ – уапсените поради тврдењата за исчезнатото девојче се донесени во полиција
Тројцата кои беа уапсени во Босна и Хервеговина, а тврдеа дека имаат информации за исчезнатото девојче од Србија, Данка Илиќ и бараа пари, во полиција рекле дека „само се шегувале“, пренесува Н1 Сараево.
Федералната полициска управа вечерва уапси три лица кои на социјалните мрежи тврдеа дека имаат информации за исчезнувањето на двегодишното девојче од Србија, Данка Илиќ, по коешто трага речиси целиот регион.
Како што јави известувачот на Н1, уапсените биле донесени во зградата на Федералната полициска управа.
Како што се дознава, за време на преносот во живо на „Тик-ток“, тие побарале десетици евра за да ја откријат локацијата на девојчето и тврделе дека ја чуваат во подрумот.
Веднаш по апсењето изјавиле дека „само се шегувале“. Сите уапсени се членови на исто семејство.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа преку ИП адресата ги лоцираше лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на детето.
Вчера на социјалните мрежи се појави видео од надзорната камера на куќа лоцирана во близина на местото каде исчезна Данка Илиќ во 13:45 часот.
На видеото се гледа автомобил кој брза во 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, односно во 13 часот и 45 минути, како што рекла нејзината мајка.
Регион
Барале 25.000 евра за да дадат информации за исчезнатото девојче: детали за апсењето на три лица во БиХ
Припадниците на полицијата привеле три лица, кои се осомничени дека преку ТикТок објавиле дека се поврзани со исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2) во Србија.
„Федералната полициска управа, постапувајќи според актот на НЦБ Интерпол Белград, презеде мерки и дејствија од нејзина надлежност, што резултираше со лишување од слобода на три лица на територијата на Хаџиќ, Сараево“, беше потврдено и кои се сомничат дека имале сознанија за исчезнување на малолетно девојче од Србија.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа, ги лоцирале по пат на ИП адреса лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малолетно девојче, односно барале 25.000 евра за откривање информации.
„Малолетното девојче не е пронајдено на територијата на Хаџиќ, а кривичната истрага за лицата лишени од слобода е во тек“, изјави сојузниот инспектор Ервин Мушиновиќ.
Девојчето Данка Илиќ (2) во вторникот исчезна во Бањско поле кај Бор.
Оттогаш, потрагата по неа трае, а во Србија за прв пат е активиран системот амбер алерт.