Регион
Србија очекува отворање на првото поглавје од преговорите со ЕУ до крајот на 2014
Реално е Србија до крајот на годинава да го отвори првото поглавје од преговорите со Европската унија (ЕУ), порачала српската министерка задолжена за европски интеграции, Јадранка Јоксимовиќ, пренесува Танјуг.
Реално е Србија до крајот на годинава да го отвори првото поглавје од преговорите со Европската унија (ЕУ), порачала српската министерка задолжена за европски интеграции, Јадранка Јоксимовиќ, пренесува Танјуг.
Според Јоксимовиќ, се работи за поглавјето 32, кое се однесува на финансиската контрола, а Белград е подготвен да започне со преговорите по ова поглавје веќе идниот месец.
„Ако тоа не се случи во октомври, се надеваме и очекуваме дека Европската унија ќе ги препознае нашите напори, и тоа би можело да се случи најдоцна во декември“, изјавила Јоксимовиќ.
Белград на Брисел му понудил добра аргументација за поглавјето 32 и преговарачките позиции се веќе подготвени, навела Јоксимовиќ, додавајќи дека ова би било добра причина за одржување на втората меѓувладина конференција до крајот на годината, за време на италијанското претседателство со ЕУ.
Сомневањето за отворањето на ова поглавје, според српската министерка, се наоѓа во добро познатиот германски став дека официјалниот почеток на преговорите би требало да биде следен со напредокот во спроведувањето на Бриселскиот договор, што го подразбира и поглавјето 35.
Од друга страна, пак, Јоксимовиќ ги споменала и земјите членки на ЕУ кои поддржуваат отворање на поглавјето 32 независно од „бриселскиот дијалот и поглавјето 35“.
„Секако дека имаме уште многу обврски на тој пат, но веруваме дека до крајот на годината, дали ќе биде тоа октомври или декември – ќе отвориме едно од поглавјата“, изјавила таа.
Од италијанското министерство за надворешни работи за Танјуг изјавиле дека во овој момент е неизвесно дали следната меѓувладина конференција на Србија и ЕУ ќе биде одржана за време на италијанското претседателство со Унијата, односно до крајот на 2014 година.
„Италија се надева дека одлуката за отворањето на преговарачкото поглавје со Србија ќе биде донесена до крајот на годината. Во тој случај, за време на нашето претседавање со ЕУ ќе биде одржана и меѓувладина конференција“, порачале од италијанското министерство./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.
Регион
Пленковиќ по победата на изборите во Хрватска: Набргу ќе дознаете со кого ќе имаме мнозинство
Актуелниот премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ, чија партија ХДЗ победи на парламентарните избори во Хрватска, објави дека набргу ќе се знае со кого ќе формираат влада.
„Одлично е чувството, трета победа во низа и убедлива, тоа никој не успеа да го направи пред нас. Презадоволни сме, урнат е митот дека високиот одѕив не ѝ одговара на ХДЗ“, изјави Пленковиќ.
„Многу набргу ќе дознаете со кого ќе формираме ново мнозинство во Собранието. Разговаравме со некои наши колеги уште синоќа, а денеска ги продолжуваме разговорите. Сè оди добро, победниците ќе ја водат владата и во третиот мандат“, порача Пленковиќ.
Неофицијалните резултати по обработката на речиси сите избирачки места, според пресметките, покажуваат дека ХДЗ убедливо победува на парламентарните избори и освојува 61 мандат, а Риека правде на СДП добива 42 мандата.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.