Регион
Србија: Оставка на директорот на лотаријата, вработените на полиграф
Директорот на Државната лотарија на Србија (ДСЛ), Александар Вуловиќ поднесе оставка од „морални причини“ , додека вработените во лотаријата биле подвргнати на полиграфско испитување, јави локалните медиуми.
Информацијата за оставката на Вулиќ, која ја пренесе телевизијата Н1, уследи два дена по последното извлекување во играта „Лото“, кое предизвика сомневање во јавноста во регуларноста на играта.
Од Државната лотарија на Србија наведоа дека се било апсолутно регуларно и дека проблемот со извлекувањето на броевите и нивниот приказ за време на ТВ преносот бил од графичка природа, а немало проблем за време на извлекувањето.
Обвинителството најави дека ќе го истражи целиот случај.
Како што дознава Б92 неколку лица од лотаријата кои биле задолжени за организација и извлекување на 59-тото коло од играта на среќа Лото биле на полиграфско испитувања и сите го „минале“полиграфот.
Министерот за полиција Небојша Стефановиќ потврди дека шест лица биле сослушани во врска со сомневањата во регуларноста на извлекувањето и најави дека ќе бидат сослушани уште шест лица.
Стефановиќ информираше запленетата компјутерска опрема и топчињата ќе бидат дадени на вештачење.
Сомневањата во регуларноста на извлекувањето предизвика моментот кога во директниот ТВ пренос, по извлекувањето на три броеви (4,33,12), наместо извлечениот четврти број по ред, бројот 27, на екранот беше испишан бројот 21.Набргу на екранот се појави и петиот број 27, а компјутерот веднаш го пресмета бројот на добитници со пет броеви, а дури потоа од барабанот беше извлечен бројот 21.
Вуловиќ вчера на прес конференција се правдаше дека сѐ се случило поради човечки фактор.
„Наместо да го внесе бројот 27, лицето го внело бројот 21. Во тој миг, веројатнос огледувајќи што има направено, го внесол бројот 27. Значи го внесува бројот на топчето кое излесе. Потоа, по игра на случајот, велам, според некои закони на веројатноста, постоеше можноста да излезе топчето 21 и тоа се случи. Ако мене ме прашувате, тука нема ништи чудно“, рече Вујовиќ. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Повеќе од половина Србија обоена во жолто: Итно предупредување поради можно невреме
Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем, Белград, Западна Србија, Поморавље и Шумадија, со цел да се предупреди за можна појава на грмежи.
Се очекува слаб до умерен дожд во областа Бачка.
Во Бачка во следните два часа на места ќе има врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.
Инаку, жолтиот метео аларм се „вклучува“ кога времето може да биде потенцијално опасно, поточно кога се предвидуваат опасни временски појави.
„Тие се со таков интензитет што можат да предизвикаат материјална штета и да бидат опасни за луѓето и животните. Треба да бидете многу внимателни, свесни за ризиците и редовно информирани за деталите за очекуваните метеоролошки услови“ велат од надлежните државни служби.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.