Контакт

Регион

Србија подготвува остри казни за своите државјани на странските боишта

Објавено пред

Српскиот вицепремиер Расим Љајиќ во интервју за Радио-телевизија Србија најави дека владата во Белград наскоро ќе предложи построги казнени мерки за државјаните на Србија коишто како платеници војуваат низ светот.

dobivaj vesti na viber

Љајиќ интервјуто потсети дека Социјалдемократската партија (СДП) чиј претседател е, од порано предложи измени на Кривичниот закон со кој се заоструваат казнените мерки за да се овозможи казнување на лицата кои од Србија заминуваат да се борат во други земји. Според овој предлог, на организаторите на заминувањето на странските боишта им се заканува до 12 години затвор, а 5 години за лицата кои ќе се решат да војуваат како платеници или од верски убедување.

Вицепремиерот Расим Љајиќ изјави дека во таквите случаи државата не може да ја преземе образовната улога на семејството, па поострите казни би требало да имаат двојна намена, да дејствуваат превентивно, како и оние што заминуваат на странските боишта да знаат дека ќе бидат кривично санкционирани. „Државата не може да ја преземе улогата на семејството. Тие луѓе застраниле со верата“, оцени Лајиќ коментирајќи ги изјавите на припадниците вахабитското движење и додаде дека државата не ја интересира дали некој заминува од верски побуди или затоа што за тоа е платен.

Според Љајиќ, ниедна државна институција, освен процени, нема точни податоци колку во моментов државјани на Србија се борат некаде во светото, на боиштата од Сирија до Украина. Тврдејќи дека ниту другите земји немаат прецизни податоци за своите државјани, Љајиќ истакна дека само во Сирија на двете завојувани страни се борат лица од 74 земји во светот, а повеќе до 500 доброволци во Сирија се од земјите членки на Европската унија.

Љајиќ укажа и дека многу земји во светот, како Јордан, Кувајт, Германија или Австралија, имаат слична закони се казнува заминувањето на странските боишта. Според локалните медиуми, српски државјани војуваат во Украина и во Сирија, како и во земјите на централна Африка во француската Легија на честа. Припадници на радикалните исламистички движења од регионот Санџак и Албанци од јужна Србија заминуваат во Сирија, а Србите заминуваат и во Украина, и тоа и во редовите на проруските бунтовници и во паравоените единици коишто ги плаќаат прозападните власти во Киев.

Од повеќе извори медиумите во Србија изинатите дренови пишуваа дека Србите учествуваат на страната на проруските бунтовници во Украина. Поранешниот руски доброволец во војната во Босна, Алескандар Кравченко за српските медиуми тврди дека Србите се борат на страната на проруските бунтовници, додека Албанците и Унгарците од Србија се борат на страна на киевските власти.

Српските борци кои учествуваат во судирите во Украина, според пишувањето на белградски Блиц „не станува збор за никакви патриоти на руска или на украинска страна, туку за платеници кои месечно добиваат по околу 10.000 долари“, а според податоците на српската Безбедносно-разузнавачка агенција (БИА), во граѓанската војна во Украина учествуваат 30 државјани на Србија. Блиц наведува дека од нив дваесетина се борат на страната на проруските бунтовници и им е ветена плата од околу 2.000 долари неделно, додека десетина државјани на Србија се борат на страната на паравоените формации под контрола на Киев за неделна плата до 3.000 долари.

Српскиот премиер Александар Вучиќ оцени минатиот вторник дека ангажирањето борци од Србија во Украина ѝ нанесува штета на државата, како и дека Србија „не учествува во тие судири“. „Србија води одговорна политика. Не сме во можноста законски да реагираме, но сѐ повеќе водиме сметка за лицата кои се враќаат од сириската и од ирачката територија и за оние кои во Украина учествуваат во судирите. Го следиме нивното делување во земјата“, рече Вучиќ по повод извештаите дека на боиштата во Украина војуваат и доброволци од Србија.

Вучиќ истакна дека за Србија „војните се завршени“ и ги повика сите кои војуваат на територијата на Украина да се вратат во земјата и „да се грижат за своите семејства“, бидејќи „не е нивно да војуваат во туѓа земја, ниту за 6.000, ниту за 1.200 долари, зависно од тоа колку кој ги плаќа“. Српскиот премиер тврди дека станува збор за лица кои во 90 отсто се платеници, но дека „ѝ нанесуваат голема штета на Србија“.

„За Србија и за српскиот народ војните одамна се завршени. Ние гледаме во мирна иднина, во која размислуваме како во 2016 година да бидеме економски најнапредната земја во регионот“, порача премиерот Вучиќ./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Регион

Двегодишното девојче кое исчезна во Србија се бара насекаде, полицијата врши распити на голем број лица

Објавено пред

Потрагата по девојчето Данка Илиќ (2), кое во вторникот исчезна во Бањско поле во Бор, се уште трае и не се знае како е можно девојчето да се изгуби. Полицијата ја проверува секоја информација што ќе дојде до нив, сослушани се неколку лица, повторно се разговараше со родителите, но ниту една информација не укажува на тоа што се случило и каде е Данка, пишува „Нова.рс“

dobivaj vesti na viber

Екипата на порталот денеска беше во Бањско поле каде се уште има голем број полицајци. Властите со багер го чистеа теренот околу куќата во која последен пат била видена Данка. Исто така, на имотот е извршено ископување, а јамите повторно се пребаруваат.

Полицијата ја истражува секоја трага што може да укаже на тоа што се случило со девојчето.

„Полицијата разговараше со голем број луѓе, соседи, познаници, се со цел да ја пронајде Данка. Досега ниту една трага не довела до тоа каде е девојчето или што и се случило“, вели изворот на Нова.рс.

Истрагата се одвива во повеќе правци, а денеска полицијата повторно разговараше со родителите на девојчето.

„На вториот ден од нејзиното исчезнување, родителите на девојчето биле во полиција до доцна во ноќта. Тие утрово биле повторно повикани, а исто така цел ден поминале во полициска станица. Не се познати околностите врз основа на кои два дена биле на распит. Извесно е дека родителите вчера имале разговори и со Центарот за социјална работа, а повеќе од тоа не се знае“, додава изворот на „Нова.рс“.

Неофицијално беше објавено и дека полицијата нашла нова трага, односно дупка на местото на кое исчезна девојчето, и дека целото внимание го насочува кон тоа.

Она што е сигурно е дека се проверуваат сите околности и се сослушуваат и сите лица кои можеби имаат сознанија за случајот.

Меѓу нив е и кој бил зад воланот на автомобилот „пунто“ што го снимиле надзорните камери на куќата во Бањско Поље, во моментот на исчезнувањето на малата Данка. Куќата пред која е снимен автомобилот се наоѓа на стотина метри од местото каде исчезна Данка.

На снимката се гледа автомобил кој брза околу 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, околу 13 часот и 45 минути, како што вели нејзината мајка.

„Ја знам таа жена, ја видов како носи две деца во парк, страшно е што се случи“, велат соседите.

Девојчето Данка Илиќ исчезна во вторникот во Бањско Поље кај Бор. Во средата по 27 часот полицијата ја прекина потрагата и започна друг вид на акција за пронаоѓање на детето. Во ова мало место кај Бор се уште остана одреден број полицајци, а вчера беше блокиран и пристапот до куќата.

Во потрагата по исчезнатото дете се вклучени припадници на Жандармеријата, пожарникари, планинска спасувачка служба, како и голем број доброволци.

Прикажи повеќе...

Регион

„Само се шалевме“ – уапсените поради тврдењата за исчезнатото девојче се донесени во полиција

Објавено пред

Тројцата кои беа уапсени во Босна и Хервеговина, а тврдеа дека имаат информации за исчезнатото девојче од Србија, Данка Илиќ и бараа пари, во полиција рекле дека „само се шегувале“, пренесува Н1 Сараево.

dobivaj vesti na viber

Федералната полициска управа вечерва уапси три лица кои на социјалните мрежи тврдеа дека имаат информации за исчезнувањето на двегодишното девојче од Србија, Данка Илиќ, по коешто трага речиси целиот регион.

Како што јави известувачот на Н1, уапсените биле донесени во зградата на Федералната полициска управа.

Како што се дознава, за време на преносот во живо на „Тик-ток“, тие побарале десетици евра за да ја откријат локацијата на девојчето и тврделе дека ја чуваат во подрумот.

Веднаш по апсењето изјавиле дека „само се шегувале“. Сите уапсени се членови на исто семејство.

Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа преку ИП адресата ги лоцираше лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на детето.

Вчера на социјалните мрежи се појави видео од надзорната камера на куќа лоцирана во близина на местото каде исчезна Данка Илиќ во 13:45 часот.

На видеото се гледа автомобил кој брза во 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, односно во 13 часот и 45 минути, како што рекла нејзината мајка.

Прикажи повеќе...

Регион

Барале 25.000 евра за да дадат информации за исчезнатото девојче: детали за апсењето на три лица во БиХ

Објавено пред

Припадниците на полицијата привеле три лица, кои се осомничени дека преку ТикТок објавиле дека се поврзани со исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2) во Србија.

dobivaj vesti na viber

„Федералната полициска управа, постапувајќи според актот на НЦБ Интерпол Белград, презеде мерки и дејствија од нејзина надлежност, што резултираше со лишување од слобода на три лица на територијата на Хаџиќ, Сараево“, беше потврдено и кои се сомничат дека имале сознанија за исчезнување на малолетно девојче од Србија.

Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа, ги лоцирале по пат на ИП адреса лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малолетно девојче, односно барале 25.000 евра за откривање информации.

„Малолетното девојче не е пронајдено на територијата на Хаџиќ, а кривичната истрага за лицата лишени од слобода е во тек“, изјави сојузниот инспектор Ервин Мушиновиќ.

Девојчето Данка Илиќ (2) во вторникот исчезна во Бањско поле кај Бор.

Оттогаш, потрагата по неа трае, а во Србија за прв пат е активиран системот амбер алерт.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија4 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија6 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија7 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија8 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија9 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ10 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија10 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија11 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија13 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет14 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет14 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија14 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион14 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет15 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет15 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија1 ден

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија1 ден

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...