Контакт

Регион

Србија поради пресудата на Ивановиќ ќе го преиспита дијалогот со Косово

Објавено пред

Српските функционери реагираа остро во четвртокот на пресудата во воени злосторства Оливер Ивановиќ, еден од политичките челници на косовски Србија, а шефот на агенцијата на владата за поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, оцени дека изрекувањето на пресудата не мотивирано од правото, туку од политиката, порачувајќи дека е време Белград да го преиспита своето учество во преговорите со Приштина.

dobivaj vesti na viber

Откако претходно во четвртокот Оливер Ивановиќ пред Основниот суд во северниот дел на Косовска Митровица неправосилно беше осуден на девет години затвор по обвинение а воено злосторство над албански цивили во 1999 година, Марко Ѓуриќ изјави дека таа пресуда е „скандалозна“, како и дека тоа е „политичка порака за Србија“ и начин да се понижи целата држава.

Членот на српската влада за Косово и Метохија во изјават за вечерниот дневник на Радио-телевизија Србија (РТС) рече дека со пресудата претставниците на Приштина се обидуваат да изнудат продолжување на дијалогот со Белград, како и дека се создава „вештачка политичка рамнотежа“ пред најавеното формирање на судот за воени злосторства на паравојската на косовските Албанци Ослободителната војска на Косово (ОВК-УЧК) сторени над Србите, не-Албанците и Албанците во судирот од 1999/2000 година.

Ѓуриќ смета дека Приштина истовремено не спроведува ниеден сегмент од досегашните договори со Белград од Бриселскиот договор како и дека затоа сега е време српската влада и премиерот да се изјаснат за новонастанатата ситуација. „Ова е црвената линија којашто ни укажува да се запрашаме дали треба да се продолжи и како“, рече Ѓуриќ.

Вицепремиерот и министер за трговија и туризам Расим Љајиќ, пак, рече дека е „шокиран од осудителната пресуда“, и оцени дека таа може да влијае „на севкупната атмосфера којашто се создава на Косово“. Според неговата оцена, атмосферата на актуелните српско-албански односи на Косово сигурно ќе биде влошена. „Ова е пресуда која попрво е политички отколку правно мотивирана. Имаме право да веруваме во тоа“, изјави Љајиќ оценувајќи ја како „неспоива“ пресудата за воени злосторства со она што Оливер Ивановиќ го работел како политички функционер во досегашното решавање на српско-албанските односи и севкупниот косовски проблем.

Министерот за труд и социјална грижа, Александар Вулин, оцени дека пресудата за Ивановиќ претставува „силување на правдата“, оценувајќи дека таа не може да стане правосилна, како и дека претставува продолжување на практиката според којашто „правото секогаш се повлекува пред политиката“. Вулин смета дека е невозможно Ивановиќ да е осуден како убиец, а притоа ниеден сведок директно да не го довел во врска со убиството, ниту потврдил дека се „наоѓал таму“ кога злосторствата се сторени.

Адвокатот Божо Прелевиќ, потсекретар на полицијата во преодната владата по демократските промени во Србија во 20000 година, укажа на фактот дека Ивановиќ, како политички актер на српската заедница на Косово и Метохија, е осуден токму пред најавата за основање на Специјалниот суд за воени злосторства на Косово. Тој очекува дека пресудата на Ивановиќ дополнително ќе поттикне тензии и оти ќе ги „загрее страстите“ на Косово, истовремено оценувајќи дек таа укажува на поранешните сомневања дека во случајот на Ивановиќ нема доволно докази за тежината на делата со кои беше обвинет. „доколку судот во Косовска Митровица, кој има меѓународен состав на судии, заклучил дека Ивановиќ е виновен баз никакви докази, а се случува и такво нешто, тогаш тоа претставува срам за меѓународното правосудство на Косово и Метохија“, рече Прелевиќ.

Меѓународниот совет на правосудната и полициска мисија на Европската унија на Косово – Еулекс, при Основниот суд во северниот дел на Косовска Митровица со кој претседава романската судијка Роксана Комша, го осуди во четвртокот Оливер Ивановиќ, кој беше уапсен во јануари 2014 година, на девет години затвор под обвинение за сторени воени злосторства над цивили, а го ослободи другите четири лица обвинети во истиот случај./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица

Објавено пред

Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.

На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.

Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.

Прикажи повеќе...

Регион

Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми

Објавено пред

Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.

dobivaj vesti na viber

Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.

Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.

Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.

Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.

Прикажи повеќе...

Регион

Земјотрес во Србија

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.

dobivaj vesti na viber

Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.

Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици...

Македонија1 час

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија1 час

Силјановска-Давкова со 8 прашања, како граѓаните да се решат дали и за кого ќе гласаат на изборите 

Во својот говор на синоќешниот митинг во Крива Паланка професорката Горданa Силјановска -Давкова порача дека оваа власт не креира рационални политики,...

Македонија12 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија13 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија13 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија13 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија18 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија18 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија19 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија22 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија23 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет1 ден

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет1 ден

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија1 ден

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија1 ден

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет1 ден

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет1 ден

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет1 ден

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија1 ден

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...