Регион
Србија прва цел на исламистите од IS? – видео
Во видео снимката „Ние сме исламски калифат – касида“, како почетна цел на исламските терористи е означена Србија, а потоа и другите земји од Балканот. Како што се наведува во снимката, екстремистите подготвиле план за освојување на Србија, а потоа планираат терористички акции и во Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска.
Во видеото, по цитатот од Куранот се слуша пораката: „Радувајте се сите балканци, се наближуваат подобри денови, доаѓаат муслиманите, ние сме исламски калафат“.
Во строфата која се однесува на Србија се вели: „радувај се Србија, ќе бидеш дел од исламот иако тоа не ти се допаѓа, ние сме исламски калафат“.
„Босна и Херцеговина, еве ви муџахедини, ќе падне мртва глава“, е делот кој се однесува на БиХ.
Потоа следува и делот во кои се споменуваат останатите држави на Балканот: „Радувај се Кроација, ќе ти падне демократијата. Божји закон, правда за сите, ние сме исламски калифа. Радувај се и ти Црна Гора, доаѓаме наскоро. Ќе бидеш наше место ново, ние сме исламски калифат. Радувајте се Албанија, Косово, Македонија ќе ви го вратиме шеријатот, ние сме исламски калифат“.
На крајот од снимката се испраќа и заканувачка порака до американскиот претседател Барак Обама со вознемирувачки фотомонтажи.
„Радувај се и ти Обама, победата е наша, ние сме синови на исламот, ние сме исламски калифат“.
You Tube каналот „Патот на калифатот“ на кој е објавена снимката подолго време повикува на џихад и ја слави борбата и борците на Исламската држава, објавува пропагандни снимки на Исламската држава./крај/мф/нц
Извор: Б92
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Мајката на осомничениот за убиството на Данка: Не го видов телото на мојот син
Светлана Драгијевиќ, мајката на Далибор Драгијевиќ, кој почина од насилна смрт во полициската станица во Бор, на распитот за убиството на Данка Илиќ (2), за порталот „Нова.рс“ вели дека нејзиниот починат син бил жртва на полициска тортура.
Таа истакнува дека не го видела телото, и дека се уште го чека извештајот од обдукцијата на нејзиниот син.
Драгијевиќ е брат на Дејан, осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ. Тој беше приведен на 6 април под сомнение дека му помогнал на својот брат да го сокрие нејзиното тело, а почина ноќта меѓу саботата и неделата, односно на 7 април.
Мајката на Драгијевиќ за Нова.рс изјави дека никој не дошол кај неа да и каже дека нејзиниот син е претепан, туку дека само полицаецот дошол да ја извести за неговиот погреб.
„Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил, од Бор се. Извештајот од обдукцијата се уште не сум го добила, па се надевам дека ќе открие се“, вели Светлана, која исто така наведува дека не го видела телото на синот.
Неделникот „Радар“ неодамна објави дека обдукцијата покажала дека Драгијевиќ починал со насилна смрт, а доказ за тоа се бројните повреди што ги имал по телото. Но, полицијата во соопштението наведе дека Драгијевиќ починал од природна смрт, односно му се слошило во полициската станица.
Полицијата ги уапси работниците на ПУК „Водовод“ Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ под сомнение дека го убиле девојчето Данка Илиќ. Таткото Радослав и братот Далибор на осомничениот Драгијевиќ беа приведени под сомнение дека му помогнале да го сокрие телото на детето.
Телото на Данка се уште не е пронајдено.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.
Регион
Девојка што исчезна во март во Србија е пронајдена
Тијана Симиќ, која била пријавена за исчезната на 13 март оваа година, и последен пат била видена на Карабурма во Белград, е пронајдена повеќе од еден месец од нејзиното исчезнување.
Засега не се познати детали, а среќните вести ги објави нејзината сестра на „Твитер“.
„Тијана ја пронајдовме, ви благодарам на сите за помошта“, напиша таа.
Tijanu smo pronašli, hvala puno svima na pomoći ♥️
— fifo (@sofoklee) April 24, 2024
Семејството на Тијана молеше за помош или било каква информација за неа, и после повеќе од еден месец е пронајдена.