Контакт

Регион

Србија се приклучува на вселенската програма на НАСА

Објавено пред

Србија ги потпиша договорите „Артемис“ во четврток, со што стана 69-та држава што ја потпиша оваа меѓународна иницијатива за истражување на вселената. Договорот го потпиша во седиштето на НАСА министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, а на церемонијата присуствуваа заменик-администраторот на НАСА, Мет Андерсон, помошникот државен секретар на САД за океани, животна средина и наука Весли Брукс, српскиот амбасадор Драган Шутановац и Марија Гњатовиќ од Министерството за наука, технолошки развој и иновации, пренесува Танјуг.

Значење за Србија
Министерот Ѓуриќ претходно изјави дека приклучувањето кон договорите ќе им овозможи на научниците, компаниите и институциите во Србија да учествуваат во една од најнапредните вселенски програми во светот.

„Србија е посветена на истражување на вселената за мирни цели и почитување на меѓународното право, па затоа овој договор ќе придонесе и за создавање поволна рамка за нашиот понатамошен развој. Секако, ова има симболична вредност и политичко значење и се одвива како дел од стратешки дијалог што претставува историски чекор напред во односите меѓу Србија и Америка“, рече Ѓуриќ.

Тој додаде дека за Србија ова значи приклучување кон кругот на земји со кои САД имаат воспоставено партнерство и пријателска соработка.

Што се договорите „Артемис“
Договорите „Артемис“ беа лансирани во 2020 година од НАСА и американскиот Стејт департмент, со поддршка на седум земји основачи. Иницијативата беше лансирана за време на првиот мандат на тогашниот американски претседател Доналд Трамп.

Најново

Свет19 минути

Трамп ќе го засили економскиот притисок врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега е подготвен да го засили економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова...

Свет43 минути

Ескалира дипломатскиот судир меѓу Шпанија и Италија поради граничните контроли и мигрантите

Односите меѓу Шпанија и Италија сериозно ескалираа откако двете членки на Европската Унија меѓусебно си воведоа гранични контроли, а последиците...

Регион1 час

Хрватска е поскапа од Грција, Италија, Турција и Шпанија

Холандски портал проанализира огромен број пакет-аранжмани за летување на Медитеранот. Бројките јасно ја покажаа исплатливоста на поместувањето на годишниот одмор...

Македонија2 часа

Мерџаноски: Стабилна е состојбата на момчето повредено во Турција, започната е физикална терапија

Стабилен е младиот пациент кој се здоби со сериозна повреда на рбетот во Кушадаси, изјави за медиумите директорот на Клиниката...

Црна хроника2 часа

Трагедија во Ресенско: мотоциклист излета од патот и загина

Четириесет и четиригодишен жител на селото Љубојно загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано утринава во Ресенско, соопшти...

Забава2 часа

Истражување: Некои бои на облеката привлекуваат комарци повеќе од другите

Летните вечери често носат борба со комарците, а новото научно истражување од Универзитетот во Вашингтон, објавено во списанието „Нејчр Комјуникејшнс“,...

Црна хроника2 часа

Приведен 17-годишник во Скопје: нападнал полицаец кој му укажувал помош

Седумнаесетгодишник од скопско бил приведен откако физички нападнал полициски службеник кој се обидел да му помогне, соопшти Министерството за внатрешни...

Забава3 часа

Не поднесуваат лажна љубезност: хороскопски знаци кои не можат да скриат кога некој им оди на нерви

Некои луѓе лесно ги кријат емоциите, но кај други уште во првите неколку секунди се гледа што мислат за соговорникот....

Спорт3 часа

Влаховиќ е блиску до трансфер во Бешикташ

Српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ се наоѓа пред конечна одлука околу тоа каде да ја продолжи кариерата. Бешикташ во моментоцв...