Регион
Србија со протестна нота до Хрватска поради рехабилитацијата на Степинац
Србија ќе испрати протестна нота до Хрватска поради рехабилитацијата на оние кои учествувале во инцидентите против Србите, изјавил српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, оценувајќи дека во Хрватска „се случува рехабилитација на фашистичката творба на Независната држава на Хрватска (НДХ), пренесуваат српските медиуми.
Србија ќе испрати протестна нота до Хрватска поради рехабилитацијата на оние кои учествувале во инцидентите против Србите, изјавил српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, оценувајќи дека во Хрватска „се случува рехабилитација на фашистичката творба на Независната држава на Хрватска (НДХ), пренесуваат српските медиуми.
Степинац е воен злосторник, изјавил Дачиќ, одговорајќи на прашањето како Србија ќе реагира на протестната нота од Хрватска поради коментарите на српските власти во врска со рехабилитацијата на хрватскиот кардинал Алојзије Степинац. По средбата со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Игор Црнадак, Дачиќ додал дека Степинац бил духовен поглавар на усташката држава и дека никакви протести од Хрватска, поради реакциите од Србија, нема да го промени тоа.
Според српскиот министер, никаде во светот не се говорат толку „убави работи“ за некоја фашистичка творба од Втората светска војна, како што тоа денес се случува во Хрватска. „На стадионите и во јавноста се слуша „За дом спремни“, а некаде можеби се слуша и „Хајл Хитлер“?“, запрашал Дачиќ.
Дачиќ упатил критики и кон Европската унија, потенцирајќи дека „Србија чека да слушне барем еден збор од ЕУ, каде портпаролката Маја Коцијанчич е задолжена само да ја напаѓа Србија“, и додал дека „немата реакцијата на ЕУ на случувањата во Хратска не го заслужува вниманието на Србија“.
Загрепскиот Жупаниски суд минатата недела во целост ја поништи пресудата против надбискупот Алојзије Степинац, кој во 1946 година бил осуден на 16 години затвор и присилна работа, како и на петгодишно губење на сите политички и граѓански права. Според судот Степинац тогаш немал фер судење, а според многу хрватски католици на Степинац гледаат како на херој кој им се спротивставил на комунистите, и сакаат тој да биде прогласен за светец./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Родителите на 2-годишната Данка во полиција во Бор: мајката одбила полиграф
Родителите на исчезнатата 2-годишна Данка Илиќ се донесени во полициската станица во Бор, објави „Телеграф.рс“.
Тие не се осомничени, но со нив се врши информативен разговор.
Ивана и Милош вчера дадоа исказ во присуство на Центарот за социјална работа.
Како што објави српски „Телеграф“, мајката го одбила полиграфскиот тест бидејќи е бремена.
„Девојчето Данка Илиќ се уште не е пронајдено. Апелираме до сите луѓе да не објавуваат информации кои не се проверени. Со тоа се нарушува и се загрозува истрагата во која е инволвиран и Одделот за криминалистичка полиција, изјавиле за „Телеграф.рс“ од српската полиција.
Регион
Дачиќ: Србија не е експериментално тело па на неа постојано да се крши меѓународното право
Министерот за надворешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека е срамно што Комитетот за политички прашања на Советот на Европа (СЕ) ја прифати препораката дека Косово ќе биде примено во Советот на Европа, и дека е спротивно на сите принципи на кои почива таа организација и посочи дека Србија не е „експериментално тело“ па на неа постојано да се крши меѓународното право.
„Првпат се препорачува членство на територија која не е меѓународно признаена, која не е членка на ОН. За да се постигне тоа се обидуваат да најдат оправдување и да кажат дека тоа не го прејудицира статусот, а потоа во втората реченица велат дека тогаш ставот на СЕ престанува да биде статусно неутрален“, рече Дачиќ.
Регион
Откриено кој го возел „пунтото“ во моментот на исчезнувањето на Данка
Кој го управувал автомобилот „пунто“ е откриено од видеото во случајот со исчезнувањето на девојчето Данка.
Преземено е видео од надзорната камера лоцирана во дворот на куќата на сосетката Јасмин Стојадиновиќ од Бањско Поле, која била прегледана од полицијата во текот на истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ (2) од Бор.
На видеото се гледа зелен автомобил „пунто“, кој во моментот на исчезнувањето на девојчето се движел по улицата со голема брзина. Возилото наводно било управувано од маж. Сепак, оваа информација не го олесни пребарувањето многу. Познато е дека бил сослушан во полиција.
Утврдено е дека се работи за сосед што живее недалеку од местото на кое исчезна Данка Илиќ. Според информациите, мажот бил во алкохолизирана состојба и возел со голема брзина.
Девојчето исчезна на 26 март во 13.45 часот.