Контакт

Регион

Српска министерка изјави дека етнички ќе го исчисти Косово, забранет ѝ е влез во земјата

Објавено пред

Српската министерка за државна администрација и локална самоуправа, Снежана Пауновиќ, е прогласена за непожелна личност во Косово откако изјави дека доколку била на власт за време на војната, ќе спровела „етничко чистење“ на Косово. Одлуката ја објави вчера косовскиот министер за внатрешни работи, Џелал Свечла, кој потврди дека ја потпишал и ја проследил до надлежните органи.

Свечла изјави дека со својата реторика, српската министерка го покажала „континуитетот на државната политика што со децении произведува насилство, злосторства и обиди за искоренување на Албанците од нивните домови“.

„Како министер за внатрешни работи на Косово, денес донесов одлука со која ја прогласив Снежана Пауновиќ за непожелна личност, со трајна забрана за влез или премин низ Република Косово. Времето кога Албанците беа угнетувани, масакрирани и етнички чистени помина засекогаш“, напиша Свечла на социјалните мрежи.

Тој додаде дека Република Косово е суверена и демократска држава со силни институции кои го штитат уставниот поредок, територијалниот интегритет и безбедноста на сите граѓани. „Секој обид за оживување на идеологиите за етничко чистење или закани за Република Косово ќе наиде на цврст, правен и институционален одговор“, рече тој.

„Да бев на позицијата на Милошевиќ во 1998 година, етнички ќе го исчистев Косово. И тоа е најсуровата квалификација што некогаш сум ја изговорила. Не на начин на кој сакаат да нè ликвидираат, туку на таков начин што нема да се чувствуваат како дел од Србија и да одат во својата матична земја“, рече Пауновиќ во телевизиско интервју за белградска станица.

Изјавата предизвика реакции и од високи претставници на ЕУ. Портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер, на прес-конференција во Брисел изјави дека ЕУ нема директно да коментира поединечни изјави, но го повтори ставот на блокот. „Во Европа нема место за реторика што го оправдува и заговара етничкото чистење“, рече Хипер.

По бројни реакции, Пауновиќ издаде соопштение во кое тврди дека против неа се води пропаганда. Таа рече дека само направила „анализа“, но стои зад ставот што го изразила во контроверзната изјава.

Слободан Милошевиќ, кој ја водеше Србија за време на косовскиот конфликт, почина во притвор во Хаг во 2006 година. Тој почина додека беше на судење пред Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија по обвиненија што вклучуваа геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства.

 

фото/facebook

Најново

Спорт6 часа

Ван Гал сака да биде селектор на Холандија

Славниот холандски тренер Луј ван Гал повторно би можел да стане кандидат за функцијата селектор на холандската репрезентација. Искусниот стручњак...

Спорт6 часа

Монако го раскина договорот со Погба

Монако го раскина договорот со Пол Погба, објавува „Ле Паризиен“. Светскиот шампион со Франција во 2018 година минува низ бројни...

Спорт6 часа

(Видео) „Делиите“ ги избркаа играчите на Црвена звезда во соблекувалната

Црвена звезда доживеа дебакл против Хапоел Бер Шева и остана без Лигата на шампионите. Навивачите тешко ја поднесоа елиминацијата. По...

Забава8 часа

Кристијано Роналдо се ожени со долгогодишната партнерка Георгина Родригез

Кристијано Роналдо (41) се ожени со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез (32). Португалската фудбалска ѕвезда и манекенката се венчаа на...

Свет8 часа

Прашањето на германскиoт новинар до Зеленски предизвика бура од реакции

„Што можеме ние Европејците конкретно да направиме за да ви помогнеме да убиете повеќе Руси? Секако, повеќе руски војници?“ Ова...

Свет9 часа

ОН: Авганистан е единствената земја во светот каде девојчињата не смеат во средно училиште

Пет години по доаѓањето на талибанците на власт во Авганистан, околу 2,4 милиони девојчиња и натаму немаат пристап до средно...

Македонија9 часа

Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е...

Регион10 часа

Грчкиот премиер Мицотакис примен во болница по пад од велосипед

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис бил примен во болница по несреќа што ја доживеал додека возел велосипед. Според локалните медиуми, Мицотакис...

Свет10 часа

Либан ја укинува смртната казна

Либанскиот парламент денеска изгласа укинување на смртната казна, со што земјата би станала првата на Блискиот Исток што официјално го...