Регион
Штрајкувачите од грчкиот енергетски сектор се вратија на работа
Штрајкувачите од грчкиот енергетски сектор почнаа да се враќаат на своите работни места, но синдикатот најави дека подготвува нови форми на протести против приватизацијата на Националната електро компанија (ДЕИ), пишуваат грчките медиуми.
Грчката новинска агенција АНА-МПА информира дека штрајкувачите од солунската област почнале да се враќаат на своите работни места, откако судот во Атина го прогласил овој штрајк за нелегален.
Грчките аналитичари сметаат дека приватизацијата на енергетската компанија е тест за владата и опозицијата, а во последните денови конфронтацијата меѓу нив ескалира. Грчкиот весник Real News тврди дека владејачката коалиција дури започнала и да ја разгледува можноста за предвремени избори наесен. Грчката опозиција пак, бара референдум за приватизацијата.
Вработените во енергтскиот сектор излегоа на протест поради проектот на грчката Влада, во 2015 година да приватизира 30 отсто од компанијата. За време на штрајкот во петокот, 14 електроцентрали прекинаа со работа.
Штрајкувачите се плашат дека продажбата ќе доведе до раст на цените на струјата и намалување на работните места./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.