Контакт

Регион

Tатко и синови фатени во плантажа со марихуана во БиХ

Објавено пред

Окружниот јавен обвинител на Бања Лука побара притвор на татко и синови осомничени за нелегално производство на марихуана, уапсени во кампањата „Хед“.

Притвор беше побаран за Недељко (55), Младен (30) и Владан (33) Паиќ. Осомничените се префрлени во Окружниот суд во Бања Лука, а конечната одлука за притвор ќе ја донесе судија за претходната постапка.

Во кампањата „Хед“ полицијата пронајде голема плантажа со марихуана во шумата во Стричиќи во близина на Бања Лука.

Уапсените браќа Младен и Владан Паиќ од порано ѝ се познати на полицијата по кривични дела, но исто така и по многубројни пресуди за насилно однесување.

Регион

Се распушти косовското собрание

Објавено пред

Со 89 гласа „за“ и еден „против“, собранието на Косово донесе одлука за распуштање на шестото свикување на косовскиот парламент.

Претходно, со 103 гласа „за“ на собранието беше донесен закон за ратификација на договорот ИПА 2018 со Европската Унија во висина од повеќе од 90 милиони евра.

Немаше расправа за распуштање на косовското собрание, туку за иницијативата на шефот на пратеничката група Демократска партија на Косово, Мемљи Красниќи, се изјаснија шефовите на парламентарните групи.

По денешната одлука на Собранието, претседателот на Косово има уставен рок од десет дена да закаже вонредни и предвремени парламентарни избори.

Весникот „Коха нет“ денес објави дека изборите се закажани за 6 октомври.

Прикажи повеќе...

Регион

Пацоли: Помпео ја охрабри Србија да го продолжи дијалогот со Приштина

Објавено пред

Косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли, по средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и американскиот државен секретар, Мајк Помпео, оцени дека американскиот дипломат го охрабрил Белград за продолжување на преговорите со Приштина, со цел да се дојде до сеопфатен договор на нормализирање на односите, кој, според него, би резултирал со меѓусебно признавање.

Пацоли вели дека Помпео нагласил оти Србија треба да избегнува провокации што го попречуваат процесот на нормализација и да се ангажира во духот на компромис и флексибилност, неопходни за постигнување договор.

Пацоли му заблагодари на Помпео за неговиот принципиелен став за поддршка на Косово.

Прикажи повеќе...

Регион

Албански брод спаси 36 Авганистанци од Егејското Море

Објавено пред

Албанското Министерство за одбрана соопшти дека нивни брод, кој пловел во Егејското Море, спасил 36 Авганистанци кои се обиделе да дојдат до Грција.

Албанската министерка за одбрана, Олта Џака, напиша на „Твитер“ дека 19 деца од Авганистан, осум жени и девет мажи се спасени во соработка со албанскиот брод и Фронтекс.

Таа исто така напиша дека пронајдените лица се предадени на локалните власти, но не е јасно каде биле најдени авганистанските мигранти.

Албанија, НАТО-членка од 2009 година, е дел од поморската алијанса на западните земји во Егејското Море.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ21 минута

2019 е најцрна година на патиштата во земјава – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства кои живеат во трагедии...

Топ1 час

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија2 часа

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија3 часа

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија3 часа

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет4 часа

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија4 часа

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа5 часа

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија16 часа

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија16 часа

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион17 часа

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија19 часа

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија19 часа

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија20 часа

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија20 часа

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија23 часа

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија23 часа

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Топ1 ден

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион1 ден

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Свет1 ден

Преродба на големата осумка, Трамп и Макрон ја поканија Русија на Г7

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлогот на Емануел Макрон да ја покани Русија на самитот Г7 во САД в...

Досие