Регион
Тело на четиригодишник најдено во чамец на грчки Хиос
Телото на четиригодишно момченце е пронајдено во средата во чамец со кој имигранти пристигнале на грчкиот остров Хиос во Егејското Море, каде што миграцискиот прилив е „во лесно зголемување“, објави грчката крајбрежна стража.
Детето, за коешто грчка невладина организација наведува дека е од Авганистан, починало додека со семејството патувало од турскиот брег. Се води истрага за причината за смртта, се додава во соопштението на полицијата.
Околу 600 имигранти до средата утрото се истовариле на островот Хиос во последните 24 часа, наведуваат невладините организации. Крајбрежната стража не ги потврдува бројките, но извести за „лесен пораст“ на доаѓањата на грчките острови од средата, меѓу кои и за 1.076 бегалци на Лезбос, малку посеверно од Хиос.
Во вторникот заменикот министер за внатрешни работи Никос Тоскас изјави дека „последните денови е забележан силен пад на бројот на доаѓањата на островите, од околу 2.500 на ден на околу 200“, според временските услови кои не беа поволни.
„Тоа потврдува дека Турција го држи во рацете клучот на приливот“, оцени. Тоскас, сепак, истакна дека тој пад не треба да се смета за резултат на турско дејствување во врска со сузбивањето на криумчарите на имигрантите, по договорот меѓу Берлин, Атина и Анкара за испраќање на сили на НАТО во Егејското Море поради запирањето на криумчарите на луѓе.
„Треба да се види лади Турција ќе има улога во запирањето на заминувањето или отворањето и затворањето на премините кон Европа од преговарачки причини“, оцени заменикот министер за одбрана, Димитрис Вицас.
Турција во четвртокот треба заедно со единаесет земји членки на Европската унија, ткн доброволци меѓу кои се и Грција и Германија, да учествува на состанокот во Брисел на кој ќе се разговара за планот на германската канцеларка Ангела Меркел бегалците да се распоредат низ Европа директно од Турција, а Анкара за возврат посилно би се борела со илегалната миграција./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.