Контакт

Регион

Три тони дрога откриени во Лазарат

Објавено пред

Во селото на дрогата – Лазарат во Албанија полицијата која восопстави контрола пред десетина дена, продолжува секојдневно да открива и запленува големи количини на дрога од типот марихуана.

 

 

Така во петокот навечер се откриени околу три тони марихуана  сокриени во депозит за вода во еден дел на селото. Притоа откриено е и поголемо количество на оружје и муниција.

 

По влегувањето во селото Лазарат, кое беше најголем производител на дрога во Албанија но и регионот, полицијата заплени повеќе илјади килограми дрога, но и муниција и оружје, а до сега се притворени над 40 произведители на дрога и нејзини шверцери.

 

Акцијата на албанската полиција за чистење на земјата од дрогата  се спроведува и во други локации во Албанија. Така во  последните седум дена, полицијата откри и уништи повеќе илјади сандици марихуана во разјни делови во земјата. /крај/мн/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Нова мерка во Црна Гора: Самоизолација од 21 ден по контакт со заболен

Објавено пред

Националното координативно тело за заразни болести на Црна Гора одлучи самоизолацијата при контакт со заболен од Ковид-19 да трае 21 ден, пишуваат медиумите од Подгорица.

На предлог на Институтот за јавно здравје, изменети се наредбите на Министерството за здравство кои се однесуваат на карантин и самоизолација на лицата кои биле или се сомнева дека биле во контакт со заболени од Ковид-19 или за контакт со лица за кои постои сомнеж дека се заболени од оваа болест, соопшти црногорската Влада.

Самоизолацијата до оздравување, а најмалку 21 ден, е одредена и за оние кои имаат позитивен ПЦР тест за новиот вирус и имаат благи симптоми или се без симптоми на болеста.

Прикажи повеќе...

Регион

Градоначалникот на Подгорица: Не е далеку денот кога ќе мора да прогласиме карантин

Објавено пред

Доколку продолжи овој тренд на новозаразени, не е далеку денот кога ќе треба да ја затвориме Подгорица и да се вратиме на режимот од пред неколку месеци, а мислам дека никој од нас тоа не го сака, предупреди градоначалникот на црногорската престолнина и член на Националното координативно тело (НКТ), Иван Вуковиќ.

Во Црна Гора лабораториите на Институтот за јавно здравје во последните 24 часа анализирале 375 примероци, а 78 биле позитивни nа Ковид-19, пренесува РТЦГ.

Новооткриените случаи се од Подгорица – 48, Никшиќ – 11, Херцег Нови – 7, Плевља – 3, Котор, Беране и Бар по 2, а во Бијело Поље, Цетиње и во Рожаје по еден нов пациент.

„Вкупниот број потврдени смртни случаи од почетокот на јуни е 16“, се вели во соопштението.

„Земајќи ги предвид починатите и оздравените, во моментот бројот на активно заразени со Ковид-19 во Црна Гора е 1.522. Повеќето од новите пациенти се контакти на претходно регистрирани случаи“, се додава во соопштението.

Во Подгорица активни се 595 случаи на коронавирус.

Прикажи повеќе...

Регион

Премиерот на Репубика Српска е позитивен на коронавирус

Објавено пред

Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, е позитивен на тестот на коронавирус, објави неговиот кабинет.

„Вишковиќ беше тестиран во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска. Понатамошната работа на кабинетот на премиерот и членовите на владата ќе биде организирана според препораките на Институтот за јавно здравје на Република Српска и епидемиолошките служби“, соопшти Владата.

Исто така, сите претходно планирани активности и состаноци на премиерот Вишковиќ ќе бидат откажани. Неговиот федерален колега Фадил Новалиќ оваа недела беше тестиран на коровавирус и резултатот беше позитивен, а тој денес беше хоспитализиран поради влошување на неговата состојба, односно појава на пневмонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Чулев: Изборите поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера

„Овие парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера и се уште еден доказ како за демократската свест на...

Македонија2 часа

Oдѕивот на парламентарните избори надмина 50 отсто

Десеттите парламентарни избори завршија со одѕив од 50,86 отсто. На гласање излегле 922.678 гласачи од обработени 3.466 избирачки места од...

Македонија3 часа

ДИК најави резултати во 23 часот

Гласањето во услови на Ковид-19 на овие парламентарни избори ќе заврши два часа подоцна од вообичаеното време, односно избирачките места...

Македонија4 часа

„Мост“: Полицијата интервенирала во Кичевско, каде што гласач го фотографирал ливчето

Набљудувачите на „Мост“ информираат дека на гласачкото место 0755, село Осој, општина Кичево, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го...

Македонија5 часа

Битолчанка се обидела да изнесе ливче од гласачко место

Државната изборна комисија (ДИК) добила неколку претставки за нарушено избирачко право и неколку приговори за повреда на избирачко право и...

Македонија6 часа

Нови 198 заболени и четворица починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на...

Македонија7 часа

ДИК: Гласањето во Бутел не е прекинато, се работело за недоразбирање

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани, вели...

Македонија7 часа

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата, имало кус прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, општина Липково, имало кус прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња,...

Македонија8 часа

МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ. Според податоците добиени од...

Македонија10 часа

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Македонија10 часа

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес-конференција портпаролот...

Регион10 часа

Нови мерки во Србија: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на...

Свет11 час

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Македонија12 часа

МОСТ: Гласањето се одвива непречено

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а...

Македонија14 часа

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок,...

Регион14 часа

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во...

Македонија16 часа

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Македонија16 часа

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Македонија16 часа

Во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори

Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право...

Македонија24 часа

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Досие