Регион
Тројца сноубордисти загинаа од лавина во Бугарија
Тројца сноубордисти загинаа во неделата во лавина во близина на бугарскиот град Разлог, на Пирин соопшти спасувачката служба на бугарскиот Црвен крст, од каде истакнаа дека сите жртви се од главниот град Софија.
Според очевидци и покрај неповолните временски услови и обилните снежни врнеж, група од седум лица во раните попладневни часови излегле на терен кој не бил соодветен за таква намена и покрај предупредувањата на локалното население, бидејќи снежните намести се повисоки од два метра.
Во снежната стапица паднала групата од седум сноубордити, од која успеале да се спасот четворица, а тројцата на возраст од 29, 34 и 38 години починале пред спасувачите да стигнат до нив. Претходно во неделата спасувачките екипи тргаа по исчезнат сноубордист на терените кај Банско.
Поради обилните снежни врнежи ситуацијата во Бугарија е особено тешка во некои јужни региони каде што е прогласена вонредна состојба. Најкритична е состојбата во областите на Смолјан, Карџали и Хасково, каде што покрај бројните прекини на електричните водови десетици илјади семејства останаа без струја. Поради урнатите стебла и високите наноси од снег многу патишта се затворени, и нема контакти со локалното населени, а училиштата ќе останат затворени до 11-ти март./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Откриено кој го возел „пунтото“ во моментот на исчезнувањето на Данка
Кој го управувал автомобилот „пунто“ е откриено од видеото во случајот со исчезнувањето на девојчето Данка.
Преземено е видео од надзорната камера лоцирана во дворот на куќата на сосетката Јасмин Стојадиновиќ од Бањско Поле, која била прегледана од полицијата во текот на истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ (2) од Бор.
На видеото се гледа зелен автомобил „пунто“, кој во моментот на исчезнувањето на девојчето се движел по улицата со голема брзина. Возилото наводно било управувано од маж. Сепак, оваа информација не го олесни пребарувањето многу. Познато е дека бил сослушан во полиција.
Утврдено е дека се работи за сосед што живее недалеку од местото на кое исчезна Данка Илиќ. Според информациите, мажот бил во алкохолизирана состојба и возел со голема брзина.
Девојчето исчезна на 26 март во 13.45 часот.
Регион
Багер пристигна пред куќата на исчезнатата Данка: полицијата го блокира пристапот
Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско Поле, а пред неа пристигнал багер, објави српски „Телеграф“.
Според медиумот, сè уште нема официјални информации зошто е донесен багер, а нивниот репортер јавува дека полицијата отвора шахти околу куќата на семејството Илиќ.
Како што пренесуваат, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.
Двегодишната Данка исчезна во моментот кога мајка ѝ му давала вода на другото дете. Носела виолетови панталони, маслинеста јакна, а косата ѝ била врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, првпат во Србија беше ставен во употреба системот „Најди ме“.
По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи, како и многубројни мештани. По 27 часа, српската полиција го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поле.
Регион
Што се случи на денот кога исчезна малата Данка, првата сосетка раскажува
Живанка Трајковиќ од Бањско Поле, првата сосетка на семејството на Данка Илиќ (2), која исчезна пред три дена, раскажа што се случило на денот кога исчезна девојчето.
„Беше емотивно за сите нас. За сите граѓани. Таткото плачеше, бабата, дедото. Тие беа многу потресени. Луѓето плачеа, плачев и јас. Беше тешко и жално за сите“, вели таа.
Сосетката вели дека семејството на исчезнатото девојче не живее во селото во кое исчезнало, туку дека дедото доаѓа повремено.
„Имаше малку сонце, ветровито“, го опишува денот кога исчезна Данка и продолжува:
„Полицијата дојде. Кога слушнав дека девојчето исчезнало, се зачудив. Зошто овде? Како? Мирно е, тивко е… Јас сум првата куќа до нив. Видовме дека има некој во шумата, во нивниот дел, но не обрнавме внимание. Си ја работевме нашата работа што ја имавме. И не обрнувавме внимание додека не нè праша полицијата. Да, теренот е непристапен. Има дупки, има секакви работи. Некои подземни води, има и поток. Сосема е нелогично каде отиде девојчето. Некој од соседството рече дека ја виделе токму таму пред нашата врата. Таму имаме песок, децата сакаат песок. Сигурно ќе останеше некоја трага. Сепак, не најдовме никаква трага. Ништо не видовме“, рече сосетката.