Контакт

Регион

Црногорската опозиција ја смета новата влада за нелегална и нелегитимна

Објавено пред

Црногорската опозиција ги одби повиците да се врати во парламентот, сметајќи дека на тој начин ќе и даде легитимитет на владата, која според опозицијата е избрана во нелегитимно Собрание.

„Додека не се распишат повторени парламентарни избори, бидејќи оние на 16 октомври беа украдени, и додека не се реши ‘државниот удар’, враќање во институциите нема да има. Знаеме дека таквата ситуација ја нервира Владата на Црна Гора, но не сме оптоварени со тоа и се надевам дека опозиционото единство нема да биде нарушено со ништо“, рече Дритан Абазовиќ, потпретседател на црногорското Граѓанско движење УРА.

Тој го запраша министерот за надворешни работи Срѓан Дармановиќ, дали познава некоја земја членка на НАТО во која паралелно се одржуваат слободни избори и се спроведува државен удар и дали знае некоја земја членка на НАТО во која непречено се купуваат гласови и се злоупотребуваат јавните ресурси, а потоа власта се прогласува за легитимна. /крај/он/ст

Регион

Потврден притворот за Хашим Тачи

Објавено пред

Советот на Апелациониот суд во Хаг го потврди притворот за поранешниот главен командант на ОВК, како и за другите началници на таа паравоена единица.

На 30 април советот донесе четири решенија со кои се одбиени жалбите на одбраната на Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи против одлуките на судијата на претходна постапка, со кои се одбиени четирите барања за привремено ослободување.

Во февруари Тачи и останатите тројца побараа од судијата на претходна постапка да им го укине притворот и да ги ослободи привремено, што судијата го одби и тие поднесоа жалби.

Сите четворица беа уапсени на 5 ноември минатата година. Тачи претходно поднесе оставка од претседателската функција и се предаде на Хашкиот трибунал.

Сите четворица поранешни началници на ОВК се обвинети за голем број воени злосторства и злосторства против човештвото и се товарат за злосторства на 40 места каде што луѓето биле неосновано лишени од слобода, мачени и убиени. Сите се соочуваат со доживотен затвор.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска се дадени над еден милион дози вакцина против коронавирус

Објавено пред

Во Хрватска се потрошени над еден милион дози вакцина против коронавирус, а повеќето граѓани се вакцинирани со вакцината на „Фајзер“, објави хрватскиот Институт за јавно здравје.

Според сегашните податоци од централниот регистар на е-вакцини, од почетокот на вакцинацијата се потрошени 1.025.701 доза вакцина.

Досега се вакцинирани 19,6 проценти од вкупното население, односно 23,7 проценти од возрасната популација на Хрватска.

Во текот на вчерашниот ден се потрошени 46.520 дози вакцина, што е најблиску до рекордот постигнат на 29 април, кога беа потрошени 46.887 дози.

Највисок опфат со вакцинацијата е постигнат кај возрасната група од 70 години и постари, меѓу кои 54 проценти примиле барем една доза на вакцина.

Прикажи повеќе...

Регион

Од 1 јуни во Хрватска ќе се издаваат ковид-пасоши

Објавено пред

Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ денеска на прес-конференција на Главниот штаб зборуваше за дигиталните зелени сертификати, т.н. ковид-пасоши.

„Тоа не се пасоши, туку дигитални зелени сертификати кои се однесуваат на олеснување на патувањето“, рече Божиновиќ.

Тие ќе бидат интероперабилни и ќе овозможат гранична проверка и признавање на сертификати за вакцинација, прележаност и тестирање.

„Од 1 јуни ќе можеме да ги издаваме овие сертификати, што е важно за нашата туристичка сезона, но и целокупната борба против епидемијата“, рече Божиновиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Филипче: Ефикасноста на вакцината на „Синовак“ е поголема од 50 проценти

Ефикасноста на кинеската вакцина „Синовак“ е многу поголема од педесет отсто, уверува министерот за здравство Венко Филипче. Во текот на...

Македонија39 минути

Во периодот што следи приоритет за вакцинирање ќе имаат хронично болните

Во периодот што следи приоритет ќе се даде на вакцинирање на возрасните гупи и хронично болните, а сосема мал дел...

Македонија2 часа

Филипче се вакцинираше: Вакцините се безбедни и сигурни

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 од кинеската „Синофарм“. Иако пред да стигнат...

Македонија5 часа

Вчера се вакцинирале 12.606 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Исто така се наведува дека интересот...

Свет6 часа

Пентагон: САД не планираат да ја соборат кинеската ракета која неконтролирано кружи околу Земјата

САД се надеваат дека кинеската ракета, која неконтролирано кружи околу Земјата, ќе падне на безбедно место и засега не планираат...

Регион6 часа

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеници се туркаа, опозицијата побара оставка од министерката

Во Собранието на Косово имаше тензии меѓу пратениците на Демократската партија на Косово и Самоопределување, при што дојде до турканици...

Македонија6 часа

Вархеји: Албанија би можела да ги почне разговорите за членство во ЕУ без Северна Македонија

Доколку продолжи бугарската блокада на Македонија, Брисел би можел да ги раздвои разговорите со Скопје и Тирана за членство во...

Регион6 часа

Хрватска ќе им донира вакцини од „Астразенека“ на земјите од регионот

Хрватска ќе донира 50.000 дози вакцини за земјите во регионот, и тоа 30.000 за Босна и Херцеговина и по десет...

Свет6 часа

Повторно пукање во училиште во САД: Ученичка пукаше во наставничката и соучениците

Повторно пукање во училиште во САД. Ученичка од шесто одделение извадила пиштол од ранецот и пукала во соучениците и наставничката....

Македонија23 часа

Во Македонија 324 нови случаи на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 324 нови случаи на коронавирус, а пријавени се 1.178 оздравени и 26...

Македонија1 ден

Антикорупциска утврдила дека парите платени на приватна фирма за кинески вакцини се вратени

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија1 ден

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа1 ден

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија1 ден

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија1 ден

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Регион1 ден

(Видео) Редици во трговски центар во Србија, покрај вакцинирање даваат пари и ваучери

Денеска во 9 часот наутро е отворен пункт за вакцинација во Трговскиот центар Ушче во Белград. Секој што сака да...

Свет1 ден

Болсонаро: Коронавирусот е направен за да се води биолошка војна

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека новиот коронавирус е можеби направен во лабораторија со цел да се води биолошка војна....

Свет1 ден

Најново истражување: „Фајзер“ штити повеќе од 95 проценти од коронавирус

Најголемата студија за ефикасноста на „Фајзер/Бионтек“ против коронавирусот кај општата популација покажа дека вакцината обезбедува повеќе од 95 проценти заштита...

Свет1 ден

Трета доза од вакцината на „Модерна“ штити од бразилскиот и јужноафриканскиот вид

Податоците од студија на 40 лица покажуваат дека дополнителната доза го зајакнува имунитетот против бразилскиoт и јужноафриканскиот вид на коронавирус....

Свет1 ден

ОН: Во светот недостигаат 900.000 акушерки

Светот во моментов се соочува со недостиг од 900.000 бабици и тоа е третина од потребните акушерки, се наведува во...

Досие