Регион
Турција формално од САД бара апсење на Ѓулен
Турција формално побарала од САД апсење на исламскиот клерик Фетулах Ѓулен под обвинение дела стои зад неуспешниот обид за воен преврат од ноќта на 15-ти јули, објави приватната телевизија NTV во вторникот.
Турција формално побарала од САД апсење на исламскиот клерик Фетулах Ѓулен под обвинение дела стои зад неуспешниот обид за воен преврат од ноќта на 15-ти јули, објави приватната телевизија NTV во вторникот.
Турција ги обвинува следбениците и симпатизерите на верското движење на Фетулах Ѓулен дека покрај поткопувањето на државните институции и на владата, го организирале и извеле неуспешниот обид за пуч пред два месеца.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган разговарал за прашањето за екстрадицијата на Ѓулен со американскиот претседател Барак Обама на затворениот состанок на маргините од самитот на Г20 во Кина на почетокот од септември,Висок функционер од американската администрација изјави тогаш дека Обама на Ердоган му појаснил дека секоја одлука којашто САД ќе ја донесат во врска со ова прашање ќе биде правна, а не политичка.
Уште на 24-ти август американскиот Стејт департмент потврди дека Турција формално побарала да ѝ биде израчен исламскиот клерик Фетулах Ѓулен, но не поради поврзаност со неуспешниот обид за воен преврат од ноќта од 15-ти кон 16-ти јули.
„Можам да потврдам дека добивме барање за екстрадиција на Ѓулен. Но тоа прашање не е поврзано со обидот за преврат“, изјави тогаш портпаролот на американскиот Стејт департмент, Мар Тонер, во одговор на новинарско прашање да коментира дали е добиено барањето од Турција за предавање на поранешниот имам Фетулах Ѓулен, кој од 1999 година живее во доброволен егзил во американската сојузна држава Пенсилванија. Тонер додаде дека формалното барање за екстрадиција на Ѓулен не е поврзано со обидот за државен удар, но притоа не појасни кои обвиненија му се ставаат на товар.
Тонер на брифингот истакна дека „одлуката ќе биде донесена врз база на оцена на документите коишто САД ги добија последните седмици“. Нагласи, исто таа, дека целиот процес ќе се води во согласност со договорот за екстрадиција меѓу двете земји
Претходно на 16-ти август, турското обвинителство побара две казни доживотен затвор и казна од 1.900 години затвор за Ѓулен, обвинет дека стои зад создавањето паралелни структури во државните институции и особено зад неуспешниот обид за воен преврат. Обвинението е напишано на 2.527 страници и државното обвинителство на покраината Усак бара израчување на исламскиот клерик од САД. Ѓулен се товари во ова обвинение дека „насилно се обидел да го урне уставниот поредок“, како и дека „формирал и раководел со вооружена терористичка организација“ којашто турските власти ја означуваат како FETО../крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија
За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.
Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.
Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.
Регион
Уапсена државјанка на Јужна Африка, осомничена дека ја убилa мајка си во Црна Гора
Јужноафриканска државјанка е уапсена под сомнение дека утрово ја убила својата мајка во Пераст.
Полициската управа соопшти дека медицинскиот персонал на Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст е пронајдено безживотно тело на жена, а таму била пронајдена и нејзината ќерка Н.Л.Т., пренесува Вијести.
„Полицијата излезе на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатата, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои настапила смртта“, се вели во соопштението на полицијата.
Оттаму додаваат дека увид на лице место е извршено во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.
„По преземени сеопфатни истражни дејствија, припадниците на полицијата дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т. и таа е лишена од слободата.
Регион
Османи: Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово
Косовската претседателка Вјоса Османи упати низа обвинувања за Србија на седницата на Советот за безбедност (СБ) на Обединетите Нации (ОН) посветена на Косово.
Османи обвини дека Белград ја спречува интеграцијата на Србите во институциите на Косово.
Таа изјави дека Србија ја заплашува српската заедница на северот на Косово, а како пример го наведе неодамнешното апсење на косовски полицајци во Србија, пренесува „Радио Слободна Европа“.
Османи обвини и оти Србија претходните денови на граница задржувала автобуси со патници од албанска националност.
Владата на Косово претходно овие постапки ги оцени како одмазда на Србија за поддршката дадена од Парламентарното собрание на Советот на Европа за членството на Косово во оваа организација.
„Србите во Косово се под притисок, но од страна на властите во Србија“, рече Османи.