Регион
Турција го одбележа османлиското освојување на Цариград
Неколку стотици илјади луѓе во неделата присуствуваа на раскошното одбележување на 563-годишнината од османлиското освојување на Цариград, денешен Истанбул.
Прославата на влегувањето на султанот Мехмед Втори Освојувачот во Цариград на 29-ти мај 1453 годна беа организирани ширум Турција, но секако најспектакуларното беше во самиот Истанбул.
Одбележувањето, како што најавија организаторите, претставуваше комбинација меѓу модерното и средновековното, па така парадата на учесниците во јаничарските униформи беше проследена со демонстрација на сегашната турска воена моќ, како прелетите на турските борбени авиони.
Градските власти на Истанбул соопштија дека голем тим од 520 луѓе „експерти во своите области“, работеа на подготовките на крајбрежјето кај Јеникапи каде со помош на современа технологија беше направен 3Д приказ кој го реконструираше освојувањето на Цариград или по византиски тогашен Константинопол. Стотици илјади луѓе го проследија овој приказ, а концерт одржа воениот оркестар со токму 563 музичари.
Сите прослави низ Турција беа проследени со големи безбедносни мерки, имајќи предвид дека последните години е потресувана од неколку големи атентати кои се припишуваат на екстремната сунитска организација Исламска држава и на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK).
За безбедноста беа ангажирани една подморница, фрегата, пет хеликоптери, 9.000 полицајци, меѓу кои 40 елитни снајперисти, повеќе десетици кучиња трагачи, извести провладината новинска агенција Anadolu. На просторот предвиден за прославата беа поставени повеќе од 150 контролни влезови.
„Ги поздравувам сите братски градови од Сараево до Баку“, изјави во говорот турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, чиишто политички чекори понекогаш во самата Турција, но и во соседството, се опишуваат како „неоосманизам“.
„До 2023 година Турција, наследникот на ‘болниот од Босфорот’, ќе биде една од најголемите економски сили“, вети Ердоган алудирајќи на изразот кој во европските престолнини се користел за Османлиското Царство кои пропаѓало кон крајот на XIX век.
Владејачката Партија на правото и развојот (AKP), чиј еден од основачите е Ердоган, од доаѓањето на власт во 2002 година настојува да ги заживее спомените на големото османлиско минато на Турците, што според некои, ја оддалечува земјата од западното влијание во правецот на „неосманлискиот империјализам“, пишува AFP.
Ердоган, исто така, најави дека во август ќе биде отворен и третиот мост преку Босфор, кој ќе биде именуван по султанот Селим Први, кој е контроверзен во турската историја поради тоа што во XVI век масакрирал 40.000 алевите (шиити), припадници на либерално муслиманско конфесионално малцинство кои биле значајна заедница во Истанбул.
На минатогодишното одбележување, кое се одвиваше во пресрет на парламентарните избори, Ердоган својот говор го претвори во предизборно обраќање и жестоко се пресмета со оние кои го критикуваат.
Своевремено најголемиот и најбогат град во Европа, повеќе од илјада години престолната на Византија или на Источното Римско Царство, паднал на 29-ти мај 1453 година, по жестока 53-дневна опсада од османлиските војски. Освојувањето на Цариград, кој во последните години пред падот бил само сенка на својата некогашна величина, бил симболични доказ дека тогашното Османлиско царство станало светска сила.
Претходно со векови Цариград бил бедем на источните и исламските војски кои продирале од исток кон Европа. Дури со неговиот пад во западна Европа станале свесни дека со освојувањето на „Новиот Рим“ столицата на православната црква, во опасност е и стариот – столицата римокатоличката црква. Само два века подоцна, османлиите стигнале длабоко во Европа, заканувајќи ѝ се на хабсбуршката престолнина Виена.
Ердоган, кој не пропушта можноста да ја нагласи големината на Османлиското царство и да ја поистовети со него денешна Турција, се претпоставува дека денешниот говор ќе го искористи за промоција на планираните измени на уставот со кои во земјата ќе биде воведен цврст претседателски систем и значително ќе ги зголеми неговите овластувања./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.