Контакт

Регион

Турција објави наводна снимка од предупредување на рускиот авион

Објавено пред

Турската армија во средата објави аудио снимка за која тврди дека е снимка од предупредувањето на рускиот бомбардер пред да го собори на сириско-турската граница.

dobivaj vesti na viber

„Овде е турското воено воздухопловство. Му се приближувате на рускиот воздушен простор. Веднаш свртете на југ“, може да се чуе на англиски јазик на една од снимките. Пораката е повторена повеќе пати. Но од тоа не може да се извлече заклучокот дека рускиот „Су-24“ навлегол во турскиот воздушен простор. Турската армија тврди дека за пет минути издала десет предупредувања.Москва, пак, во средата одговори со презентирање на радарските снимки, а сириската противвоздушна одбрана тврди дека во вторникот регистрирала нарушување на нејзиниот воздушен простор во областа на границата со Турција.Претходно руската телевизија емитуваше разговор со навигаторот на соборениот руски авион, капетанот Константин Мурахтин, кој го преживеа уривањето, и кој тврди дека не добиле никакво предупредување, ниту имал какво и да е контакт, дури ни визуелен, со турски авион. Ветувајќи дека „ќе им го врати долгот на убијците“ на пилотот – командантот, потполковникот Олег Пешков, Мурахтин тврдеше дека во ниеден момент во одлични временски услови не биле близу турската граница, бидејќи по бројни мисии во таа област, одлично го познавал теренот, како и дека ракетата дошла во опашката. Претходно агенцијата Reuters, повикувајќи се на неименуван извор од администрацијата на американскиот претседател пренесе дека во САД сметаат дека рускиот авион навистина бил соборен во сирискиот воздушен простор „врз база на регистрираните термички траги на авионот“. Друг американски извор, пак, претходно изјави дека „упадот“ на рускиот воен авион во турскиот воздушен простор „траел многу кусо“.Рускиот бомбардер „Су-24М“ во вторникот утрото беше соборен од турски лови „F-16“. Анкара тврди дека рускиот авион навлегол во турскиот воздушен простор, додека Москва го нарече овој чин „смислена провокација“ во позла на терористичката организација извршена над територијата на Сирија./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Пијан патник принудил авион да слета во Грција

Објавено пред

Авионот на компанијата „Тунис ер“ принудно слетал во Грција бидејќи во него имало пијан патник кој предизвикал нарушување, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Авионот што летал од Истанбул за Тунис морал кратко да слета во Солун.

Грчката полиција соопшти дека маж на возраст од четириесет години е уапсен поради предизвикување неред и загрозување на безбедноста на патниците на комерцијалниот лет.

Уапсениот и претходно ѝ бил познат на грчката полиција за шверц на дрога, а на споменатиот лет патувал со лажни документи.

„ Беше агресивен кон екипажот за време на летот, очигледно бил во пијана состојба“ – изјавил портпаролот на полицијата во Солун во изјава за АФП.

Тој додаде дека поради безбедноста на останатите патници, пилотот принудно слетал во Солун.

Се очекува осомничениот да се појави пред судија во Солун.

Прикажи повеќе...

Регион

Експлозии во фабрика за оружје во Бугарија, тројца загинати

Објавено пред

Две силни експлозии ја потресоа фабриката за оружје „Арсенал“ во Казанлак, јавија бугарските медиуми наведувајќи дека сè уште не е позната причината за несреќата. Во експлозиите загинаа најмалку три лица, а неколку други се повредени.

dobivaj vesti na viber

На местото на експлозијата веднаш биле испратени спасувачки екипи и брза помош.

Фабриката за оружје „Арсенал“ пред неколку месеци беше спомената во жестоката размена на обвинувања меѓу властите и опозицијата, која тврдеше дека автоматски пушки и муниција од Казанлак тајно се транспортираат во Украина.

Тогашната бугарска влада ги отфрли овие тврдења како неосновани.

Опозицијата го наведе Казанлак како една од точките каде што оружјето се товари на камиони, од каде што преку Полска се доставува до украинските вооружени сили.

Околу 5.000 луѓе се вработени во фабриката, која произведува бугарски верзии на „калашникови“, фрлачи на гранати, минофрлачи, противвоздушни пушки и разни видови муниција.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Вучиќ: Ни претстои најтешкиот период, можеби дури и потежок од деведесеттите години

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствувајќи на презентацијата на комплетот книги „Собраните дела на Милорад Екмечиќ“ во Домот на вооружените сили во Белград, истакна дека многу години пред смртта Екмечиќ ги предвидел сите актуелни настани и конфликтот во Украина и светската економска криза.

dobivaj vesti na viber

Посочи дека денес е тешко да се прифати аголот во кој ќе се заштити државата, а да не се навредат срцата на народот.

„Многу сум загрижен за исходот на некоја нова сталинградска битка, доколку се случи. Останува прашањето што ќе правиме со себе и дали ќе успееме да ги зачуваме и левиот и десниот брег на Дунав за нашиот народ. И со тој завет треба да гледаме во иднината. Екмечиќ знаеше што е потребно за српското срце и душа, но и секогаш се сеќаваше што треба за српската глава“.

„Ќе видите и самите, без оглед на одлуките што сме ги донеле, морам да кажам дека се плашам од она што ѝ претстои на Србија, сега повеќе од кога било“.

На крајот, претседателот рече дека „најважно е да се грижиме за нашето семејство и за нашата земја“.

„Ни претстои тежок период, потежок отколку што имавме во деведесеттите. Сето тоа, без разлика какви одлуки сме донеле, нема да го смени фактот дека се плашам повеќе од кога било од она што ја чека Србија. Да се ​​грижиме за нашето семејство и нашата земја Србија“.

„Се плашам дека битката за Сталинград ќе дојде многу побрзо отколку што очекуваме и каков ќе биде исходот“, рече Вучиќ и додаде дека веројатно претстои најтешкиот период, можеби и потежок од деведесеттите години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

(Видео) Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави контактите за набавка на поевтини енергенси и ќе се разгледаат предлозите

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги достави до Владата своите контакти за набавка на поевтини енергенси, за што конкретно е задолжен министерот за...

Македонија9 часа

Ахмети: Во ДУИ немало оган, ниту ќе има

Заврши средбата во седиштето на ДУИ во Мала Речица. По речиси шест часа, лидерот на партијата Али Ахмети рече дека...

Македонија10 часа

(Видео) Мицкоски: Пред состанокот бев загрижен, истата загриженост ја споделувам и сега

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Димитар Ковачевски изјави дека ја има истата загриженост како и пред...

Свет10 часа

(Видео) Бајден повторно се изгуби, предизвика загриженост за неговото здравје

Здравствената состојба на шефот на Белата куќа Џо Бајден за време на неговото официјално патување во Порторико уште еднаш го...

Свет12 часа

Путин заминал во бункер од каде ги носи клучните одлуки, го предупредил и семејството

Рускиот претседател Владимир Путин наводно подготвува клучни одлуки за можен нуклеарен напад во бункер далеку од Москва, јавуваат западните медиуми....

Економија13 часа

Од 15октомври скопјани ќе имаат парно – АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор

АД ЕСМ и АДОРА постигнаа договор за закуп на топланите во сопственост на АДОРА, кои ќе се користат од страна...

Европа13 часа

Лукашенко: Украинците постојано провоцираат на границата

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ја обвини соседна Украина дека испратила 15.000 војници во граничната област за да изгради одбрана...

Регион14 часа

Експлозии во фабрика за оружје во Бугарија, тројца загинати

Две силни експлозии ја потресоа фабриката за оружје „Арсенал“ во Казанлак, јавија бугарските медиуми наведувајќи дека сè уште не е...

Европа15 часа

Вучиќ: Ни претстои најтешкиот период, можеби дури и потежок од деведесеттите години

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствувајќи на презентацијата на комплетот книги „Собраните дела на Милорад Екмечиќ“ во Домот на вооружените...

Македонија16 часа

Обвинителството: Зеќири го оштетил буџетот за речиси 1,5 милион евра, парите завршиле во приватни фирми

Обвинителката Катерина Коларевиќ поднесе обвинение против ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Тој се гони за злоупотреба на службената положба...

Економија18 часа

Еврокомесар за управување со кризи: Реална закана од прекин на струја во Европа

Европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи, Јанез Ленарчиќ, ја смета за реална заканата од прекин на струја...

Свет18 часа

Бербок го обвини Путин за терор

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека не е подготвен за мировни...

Свет18 часа

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

Кина предупреди дека САД би можеле да се соочат со тешки последици, вклучително и нуклеарна војна, доколку на Украина ѝ...

Свет20 часа

Азербејџан ја гранатира Ерменија, нови судири на граничниот премин меѓу двете земји

Азербејџанските војници синоќа со минофрлачи и мало оружје ги гранатираа граничните позиции на Ерменија, соопшти Министерството за одбрана на Ерменија....

Свет20 часа

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на украинските територии

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на четири украински региони, изјави денеска севернокорејскиот министер за надворешни работи Ко Сон Хуи...

Свет20 часа

(Видео) Повеќе од 100 луѓе загинаа од ураганот Јан, кој ги погоди Флорида и Северна Каролина

Бројот на загинати од ураганот Јан на Флорида и во Северна Каролина се искачи на 103, а спасувачките тимови вторпат...

Свет21 час

Трамп го тужи Си-Ен-Ен за клевета, бара отштета од 475 милиони долари

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во понеделникот го тужеше Си-Ен-Ен за клевета, барајќи отштета од 475 милиони долари. Во својата...

Свет21 час

Јапонија подигна борбени авиони откако Северна Кореја лансира проектил

Откако Северна Кореја лансира ракета со среден дострел што прелета дел од северна Јапонија, а властите во Токио наредија евакуација...

Свет21 час

(Видео) Северна Кореја лансира проектил во Јапонија, во Токио издадена наредба за евакуација

Северна Кореја лансира балистичка ракета, која утринава прелета над Јапонија првпат по пет години, што предизвика предупредување до населението на...

Регион1 ден

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови...